Јулијан Отпадникот: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот Менува: fi:Julianus
Ред 119: Ред 119:
[[Категорија:Римски императори убиени во битка]]
[[Категорија:Римски императори убиени во битка]]


[[an:Chulián l'Apostata]]
[[ar:يوليان المرتد]]
[[ar:يوليان المرتد]]
[[an:Chulián l'Apostata]]
[[az:Mürtəd Yulian]]
[[az:Mürtəd Yulian]]
[[bg:Юлиан Апостат]]
[[bg:Юлиан Апостат]]
Ред 128: Ред 128:
[[da:Julian den Frafaldne]]
[[da:Julian den Frafaldne]]
[[de:Julian (Kaiser)]]
[[de:Julian (Kaiser)]]
[[et:Julianus Apostata]]
[[el:Ιουλιανός]]
[[el:Ιουλιανός]]
[[en:Julian the Apostate]]
[[en:Julian the Apostate]]
[[es:Juliano el Apóstata]]
[[eo:Juliano la Apostato]]
[[eo:Juliano la Apostato]]
[[es:Juliano el Apóstata]]
[[et:Julianus Apostata]]
[[eu:Juliano Apostata]]
[[eu:Juliano Apostata]]
[[fa:ژولیان]]
[[fa:ژولیان]]
[[fi:Julianus Apostata]]
[[fr:Julien (empereur romain)]]
[[fr:Julien (empereur romain)]]
[[fy:Julianus Apostata]]
[[fy:Julianus Apostata]]
[[gl:Xuliano]]
[[gl:Xuliano]]
[[ko:율리아누스]]
[[he:יוליאנוס הכופר]]
[[hr:Julijan Apostata]]
[[hr:Julijan Apostata]]
[[hu:Flavius Iulianus római császár]]
[[it:Flavio Claudio Giuliano]]
[[it:Flavio Claudio Giuliano]]
[[he:יוליאנוס הכופר]]
[[ja:フラウィウス・クラウディウス・ユリアヌス]]
[[jbo:fla,ui,us.klaudius.iulianus]]
[[ka:იულიან განდგომილი]]
[[ka:იულიან განდგომილი]]
[[ko:율리아누스]]
[[la:Flavius Claudius Iulianus]]
[[la:Flavius Claudius Iulianus]]
[[jbo:fla,ui,us.klaudius.iulianus]]
[[hu:Flavius Iulianus római császár]]
[[mr:ज्युलियन, रोमन सम्राट]]
[[mr:ज्युलियन, रोमन सम्राट]]
[[nds:Julian Apostata]]
[[nl:Julianus Apostata]]
[[nl:Julianus Apostata]]
[[ja:フラウィウス・クラウディウス・ユリアヌス]]
[[no:Julian den frafalne]]
[[no:Julian den frafalne]]
[[nds:Julian Apostata]]
[[pl:Julian Apostata]]
[[pl:Julian Apostata]]
[[pt:Juliano, o Apóstata]]
[[pt:Juliano, o Apóstata]]
Ред 157: Ред 156:
[[ru:Юлиан II Отступник]]
[[ru:Юлиан II Отступник]]
[[scn:Giulianu (mpiraturi rumanu)]]
[[scn:Giulianu (mpiraturi rumanu)]]
[[sh:Julijan Apostata]]
[[sk:Iulianus Apostata]]
[[sk:Iulianus Apostata]]
[[sr:Флавије Клаудије Јулијан]]
[[sr:Флавије Клаудије Јулијан]]
[[sh:Julijan Apostata]]
[[fi:Julianus]]
[[sv:Julianus Apostata]]
[[sv:Julianus Apostata]]
[[tr:Julianus]]
[[tr:Julianus]]

Преработка од 22:17, 25 септември 2010

Јулијан Отпадник
Роден 331 / 332 година
Константинопол
Починал 26 јуни 363 година
Маранга, Месопотамија

Флавиј Клаудиј Јулијан (лат.Flavius Claudius Iulianus),(331 или 332 - 363 год.) е византиски император од Константиновата династија. Последниот пагански римски император, философ и ретор. Познат во историјата со прекарот Отпадник, а понекогаш и како Јулијан II.

Рани години

Се родил во Константинопол во семејството на Јулиј Константиј (консул во 335 година), брат на Константин Велики, и неговата втора сопруга Василина, двајцата христијани. Мајка му умрела скоро по неговото раѓане, а во 337 година како дете Јулијан го видел убиството на својот татко, извршено по наредба на чичко му Константиј II. Тој и неговиот полубрат Гал прво растеле во Витинија, а потоа во императорската вила Мацелум, Кападокија, Мала Азија. За нивното воспитание се грижел арианскиот епископ на Никомедија Еусебиј. За разлика од Гал, којшто бил свиреп и распуштен, Јулијан многу читал, имал одлична памет, освен грчки знаел и латински. Со голема желба учествувал во воените вежби, бил мошне мобилен и силен иако не бил висок. На 18 годишна возраст се преселил во Константинопол. Бидејќи му се допаѓало да се шета низ градот како обичен човек и да зборува со луѓето, почнале да зборуват за него дека би можел да управува добро со Римската империја. Тоа го загрижило императорот и наскоро по тоа го испратил во Никомедија. Тука се сретнал со Максим Ефески, прочуен со својата омраза кон христијанството. Во тие години почнал да учи неоплатонизам прво при философот Едесиј, а потоа и при неговиот ученик Максим, упорно читал и за пророкувањa. 354 година бил повикан во дворот во Милано и држан таму. На следната година добил дозвола да се школува во Атина, каде што се сретнал со свети Григориј Назијански и свети Василиј Кесаријски.

Неговата лична религиозност била книжевна философска. Гледал на традиционите митови како на алегории, во кои античките богови се во аспект на философска божественост. Главни зачувани извори се негови слова за Хелиос и божицата-мајка се пофалби, а не теолошки трактати. Учил магија од Максим, чија система имала голема прилика со неоплатонизмот на Плотин. Исто така му се допаѓал и митраизмот.

Доаѓање на власт

Цезар

Солид на Јулијан, околу 361 година. Прослава на римската воена моќ.

351 година неговиот полубрат Гал бил прогласен за кајсар на истокот. Но тој се покажал неспособен раководител и бил осомничен во предавство кон императорот. Константиј II го повикал кај себе во 354 година, а по патот бил убиен. Јулијан исто така бил осомничен и затворен за седум месеци во Медиоланум, сè додека траела истрагата. По настојување на жената на Константиј II, Еусебија, Јулијан бил ослободен и му било дозволено да се врати во Атина да го заврши образованието. Константиј II немал деца, а Јулијан останал единствениот жив маж од неговото семејство. На следната година Константиј II го повикал кај себе, му доделил титулата „цезар“ и го прогласил за управител на галските и германските провинциј, коишто тогаш биле ограбувани од германските племиња. Го венчал за својата сестра Елена и го испратил начело на војската во Галија. На тој начин императорот покажал голема доверба во него. Но имало и сомежи дека тоа го направил со надеж дека младиот и неискусен војсководец ќе загине во жестоката војна. Дури зборувале дека не би го издржал ѕвекот на оружјето (Марцелин).

Војни во Германија

Податотека:153 Julianus II.jpg
Јулијан во воjничка облека

Иако без воено образование Јулијан се покажал како одличен војсководец. Тој веднаш тргнал кон Галија, ја поминал зимата во Виена вежбајки се упорно. Живеел доволно просто, јадел храната на обичниот војник, спиел завиткан во овчо крзно, а ноќе работел административна работа и пишувал философски дела. Летото на 356 година навлегол во Германија. Дел од Алеманите ги уплашил со самото свое појавување, а други победил во битката кај Бротомаг. Вратил под римска власт Колонија Агрипина. Барбарите биле победени но не и покорени. Тие наново се собирале за судир со римјаните. Јулијан се вратил назад, за да ја помине зимата во Сенона, каде дури бил опсаден од нив неколку месеци. Есента на 357 настапил против Германците, дошол кај бреговите на реката Рајна и подигнал старата римска тврдина Три Таберни, наскоро заземена и уништена од Алеманите. Главниот судир со нив се одржал кај градот Аргенторатум, каде со 13000 војска ги поразил Алеманите (Битка кај Стразбур). Јулијан решил дека тоа не е доволно и ги бркал на другиот брег на Рајна, палејќи и уништувајќи ги нивните села. Гледајќи го страшното пустошење алеманските цареви понудиле мир. Тој се согласил на десетмесечно примирје и се вратил во Галија. Во 358 година ги нападнал и победил и Франките, форсирал реката Рајна, опустошил германските земи и востановил тврдините од времето на Трајан. Франките биле натерани да питаат мир. Им доделил римско поданство и ги населил во Токсандрија. Следни на удир биле Хамавите. Многу од нив биле убиени а останатите избркани надвор од границите на империјата, назад во Хамаланд. На сето ова Константиј II гледал со сомнеж и завист. Тогаш по втор пат се обатил против Алеманите, ја минал Рајна и навлегол длабоко во Германија. Разбеснетите војници убивале луѓе и стока, палеле без поштеда. Уплашени алеманските цареви еден врз друг молеле за мир. Јулијан ги задолжил да дадат заробеници и да обезбедат градежен материјал за тврдини. Во 359 биле изградени наново сите римски гранични градови. Истата година за трет пат ја преминал Рајна и победил останатите цареви, коишто не се биле предале и биле присилени да се согласат на мир. Така за четири години војни ја зацврстил западната граница на империјата и добил толку успехи, колку што никој не очекувал од него.

Прогласување

Монета на Јулијан (360–363)

360 година Шапур II навлегол во римската империја и по 73 дневна опсада зазел градот Амида. Императорот почнал да се подготвува за нов поход против Сасанидската Империја, каде војната се одвивала на римска територија, во Месопотамија и Ерменија . Азијатските војски требало да бида поткрепени од европските и императорот, загрижен од порастот на неговата популарност, наредил да дојдат најдобрите легиони на Јулијан. Јулијан тоа го примил како знак за недоверба, а и без војска не би можел да ја штити Галија. Самата војска исто така била незадоволна од таква одлука и се кренала на бунт прогласувајќи го Јулијан за император во Лутеција. Самиот Јулијан упорно одбивал секакви понуди, пружел раце, се молел, маѓепсувал да не вршат недолични дела, но накрај се согласил. Константиј II бил известен за тоа во Кесарија, Кападокија. Во своите писма Јулијан се обидел да се оправда за тој чин. Константиј II барал да се одвој на секој начин од тие дела, но војската го охрабрувала и Јулијан се решил на војна. Бидејќи му било невозможно на Константиј II да возврати на предизвикот поради војната со персите, дури во 361 година успеал да тргне против узурпаторот. Меѓувреме Јулијан набргу ги победил Франките и ги натерал да се согласат на мир. По тоа извршил мошне бргу дислокација, заземајќи ги алпските премини и ставил под своја власт Панонија, Илирик и Италија. Само неочекуваната смрт на Константиј II на 3 ноември 361 година ја спречила меѓусебната војна. На 11 декември 361 година Јулијан влегол во Константинопол како римски император. Набргу потоа формирал трибунал и следбениците на Константиј II биле жестоко прогонувани.

Управување

Писмо-указ на Јулијан до Секунд, префект на Истокот за ситни судски дела. Копија на латински, најдена во Аморгос.(Епиграфски музеј на Атина)

Прв пат Јулијан администрирал во Галија. Негов главен приоритет бил да ги избрка барбарите надвор од римската територија. За да успее му била потребна помошта на локалното население. Сметал дека е неопходно да обезбеди сигурен мир во опустошените подрачја. Поради таа причина се појавиле недоразбирања меѓу него и префектот Флорентиј, чиј намери за покачување на даноците ги сметал за штетни, како и корупцијата и бирократијата, што владееле секаде. Дури го презел лично управувањето на провинција Belgica Secunda (Втора Белгија), за да има контрола над корумпираните даночници.

Кога седнал на императорскиот престол се зафатил со низа административни реформи. Неговиот личен аскетизам нашол одраз и во живот во дворецот. Најпрвин формирал трибунал за истрага и казнување на корумпираните службеници на Константиј II. Некои од нив биле осудени на смрт, други фрлени во затвор,а најповеќе биле избркани од дворецот, така што според современиците личел на пустиаа. Биле исфрлени илјадници слуги, евнуси, готвачи итн., т.е. сите непотребни луѓе. Тоа бил неговиот напад врз стариот систем, неефективен, корумпиран, скап и расипнички. Биле разрешени стотици тајни агенти и административни службеници. Неговата трпеза често била само од обично овошје и бил неуморен во работата. За време на денот решавал управнички прашања, давал аудиенции, диктирал писма, а вечер во библиотеката работел на други дела. Како што самиот пишувал често бил со несечени нокти и црни прсти, не носел диадема. Во обраќането бил прост и сакал да имитира добродетелта на првите принцепси. Кога биле бирани нови консули ги пресретнувал стоејќи, а по тоа ги придружувал одејќи пеш. Често посетувал константинополскиот сенат и одржувал говори, со што таа пројава на стара републичка традиција ги воодушевувала современиците.

Јулијан го востановил системот на тетрархија, воведен од Диоклецијан. За разлика од својот чичко не се стремел кон авторитарно управување, туку го идеализирал царувањето на Адријан и Марко Аурелиј. Во својата прва пофалба, посветена на Константиј II, го опишувал идеалниот владетел, којшто се подчинува на законот како секој обичен индивид. Функционално тоа значело проширување правата на локалните заедници, за сметка на централната власт. Така например сите земји што ги поседувал императорот биле вратени на градските управи. Самите тие биле натерани да доделат повеќе права на граѓаните, често против нивната волја. Данокот што се плаќал во злато, aurum coronarium, веќе бил доброволен, а сите забавени даноци за земја биле простени. Освен либерализацијата на бирократијата, Јулијан презел и некои лични одговорности, како тоа да ги одобрува новите даноци, што дотогаш било пракса на бирократијата. Третирањето на градовите како автономни заедници, освен од економски причини, се вршело и со идејата дека императорската администрација треба да работи најповеќе да согледува за изведбата на законот и за обезбедувањето на предолгите граници на империјата.

Во однос на административниот кадар, Јулијан барал луѓе од интелектуалните и професионални класи, а исто така и ги задржувал на работа квалитетните службеници и по истекување на роковите, како например ораторот Темистиј. Изборот на консули во 362 година предизвикал повеќе спорни прашања. Префектот на Илирик, Клаудиј Мамертиниј, бил добро примен од сите, сè додека тој на неговиот генерал Франкот Невита, покажувал дека наспроти своите философски идеали, се уште бил зависен од војската, која го прогласила за император.

Враќане на паганизмот

Поход во Персија и смрт

Поход на Јулијан во Персија

Главна задача на Јулијан во надворешната политика била борбата со Сасанидската Империја, тогаш под водството на Шапур II Долгоракиот (309379). Офанзивата започнала во март 363 година со намера да биде заземен главниот град Ктесифон и да биде востановена римската власт над земите, отстапени од Константиј II. Мотивите за војната се нејасни, бидејќи сасанидите проводите пратеници за мирно решавање на споровите, но биле одбиени од Јулијан. Според Амијан тој сакал да им се одмазди на Персијците , а желбите му за битки и слава биле дополнителен мотив за да се реши на војна. Исто така гледал можност да го замени кралот Шапур II со неговиот брат Ормизда. Добил поддршка во одговорот на оракулот во старите Сибилски книги, кои „очигледно го поддржуваат преминување на границата годинава“ (Амијан Марцелин, Историја на Рим, XIII, 7), Јулијан тргнал од Антиохија со 65 000 војска. Решил дека е најпогодно да ја подели војската, за да ја опколи сасанидката престолнина од две страни. Така една војска од 30 000 римјани под водството на Прокопиј била испратена во Ерменија со задача да добие поддршка од ерменскиот крал и да нападне од север на Ктесифон. Во истото време Јулијан настапил следејќи го текот на реката Еуфрат и совладувајќи ги тврдините една по една. Некои од нив се предале сами, други биле заземени со опсада. Победувајќи ги персиските трупи, римската војска дошла до ѕидините на сасанидката престолнина. Пред самите ѕидини на градот поразиле поголемата сасанидска војска (Битка кај Ктесифон). Наскоро потоа била победена друга уште поголема сасанидска војска. Бидејќи војската на Прокопиј и ерменските трупи не доаѓале, а ѕидовите на Ктесифон се покажале мошне црвсти, во таква состојба Јулијан се откажал да го опсадува и одлучил да се повлече кај римските граници.

Коптска икона, на која свети Меркуриј го убива Јулијан

Ги запалил вишокот од резервите и сопствената флота, којашто била на реката Тигар, и пустошејќи по патот тргнале на север со надеж да наидат на другата римска војска. Кај Маранга победиле уште една сасанидска војска, која се обидувала да им го пресече патот за повлекување. Во тоа време почнал да се чувствува глад, така што Јулијан наредил да бидат поделени со војниците сите резерви од императорската кујна. На секој начин се обидувал да ги дели со нив тешкотиите и често се изложувал на опасност без некоја потреба. Така кога дознал дека Персијците нападнале еден римски одред, без оклоп, само со штит дотрчал на помош. Во разгорелата се борба бил ранет во раката, но фатален бил убодот од копје, фрлено од кај Персијците, кое го погодило во градите, ги пробило ребрата и се забило во долниот дел на дробот. Трета рана добил во цревата. Така ранет бил пренесен во неговиот шатор каде лекарот Орибазиј од Пергам се обидел да го лекува со поливање на раната со темно вино, но за кратко време умрел. Според историчарот Марцелин се до поледниот здив зачувал исклучлива цврстина и беседувал со философите Максим и Приск за високите достоинства на човековиот дух.

Во 364 философот Либаниј изјавил дека убиството било дело на некој војник христијанин, но тоа не е потврдено од други историчари како Амијан Марцелин. Јоан Малала подоцна напишал дека тоа било заговор на свети Василиј Кесаријски. Четиринаесет години подоцна Либаниј пак изјавил дека Јулијан е убиен од некој Сарацин и дека тоа се потврдувало од Орибазиј, според кого раната е карактеристична за копије, користено од сарацинските трупи во персиската војска. Подоцнешните христијански историчари како Созомен, пак ја создале легендата дека бил убиен од светец. Постојат и повеќе легенди за неговите последни зборови - според едни ја собрал сопствената крв во една паница и ја фрлил кон сонцето, неговиот бог, изрекувајќи „Биди задоволен“, а пак според Теодорет Кирски Јулијан воскликнал „Ти победи, галилејанину“.

По својата смрт, Јулијан бил пренесен во пагански храм во Тарс, Киликија. Нешто по тоа телото му е пренесено кај гробовите на неговите роднини во Константинопол и ставено во црквата „Свети Апостоли“, заедно со тоа на неговата сопруга, во пурпурен саркофаг, но без да биде опеано, како што заслужувал еден отпадник.

Творештво

Оставнината на Јулијан, или она што не било уништено од христијаните, не е на никој начин мала. Сега се зачувани во целост или детали од следните творби:

Илустрација од „Паѓането на кнезовите“ од Џон Лидгејт, превод на „De Casibus Virorum Illustribus “ од Џовани Бокачо, на која Јулијан е прикажан со одерена кожа.
  • Слово I. Величење во чест на Константиј
  • Слово II. Херојските дела на Константиј
  • Слово III. Величење во чест на Еусебија
  • Слово IV. Химна на кралот сонце
  • Слово V. Химна на мајката на боговите
  • Слово VI. Кон необразованите циници
  • Слово VII. Кон циниците хераклејци
  • Слово VIII. Утеха по заминувањете на Салуст
  • Писмо до философот Темистиј
  • Писмо до Сенатот и луѓето на Атина
  • Дел од писмо до свештеник
  • Цезарите
  • Непријатели на брадите
  • Писма
  • Епиграми
  • Против галилејаните

Повеќето од неговите дела се создадени за време на административната му работа, односно последните години од неговиот живот. Словата за Константиј се стереотипни и детално разработени, а делата што побиваат мислењето и начинот на живот на циниците се вистинска публицистика. Творбата „Непријатели на брадите“ е неговиот одговор кон антиохијците, кој му се насмејале на неговата брада, што ја носел на примерот на Адријан. „Цезарите“ е хумористична приказна за натпревар меѓу најпрочуените римски императори Цезар,Август,Трајан,Марко Аурелиј,Константин I Велики и на посебно интересен начин Александар Македонски. Всушност творбата го критикува Константиј, кој бил истовремено христијанин и император.

Религиозните творби, химните за боговите, се зеплеткуваат со философски размислувања. Тие го покажуваат неговото религиозно чувство. Центар на неговата религија е култот кон сонцето, создаден под влијание на персијскиот култ на богот Митра. Уште од младич ја сакал природата и најповеќе сонцето. Според неговата теорија постоеле три света во три сонца. Првото, Високото Сонце, сочинувало идејата за општото постоење, духовно и мислено. Свет на абсолутната вистина и егзистенцијалност. Вториот свет е на видливото сонце, светот што се гледа. Тоа се јавува одраз на првиот свет. Меѓу нив се наоѓа третиот свет, кој мисли со сопствено сонце. Така се создава едно тројство на сонца, духовно, ментално и материјално. Менталниот свет се јавува одраз на духовниот и сам на свој ред е огледало на чувствениот или материјалноот свет. Т.е. материјалниот свет се јавува одраз на одраз, двојна репродукција на абсолутниот образец. Високото Сонце е недостапно за човекот, сонцето на чувствениот свет е премногу материално, за да се почитува. Затоа Јулијан го концентрира своето внимание на менталното сонце, го нарекува Крал-Сонце и го почитува.

Најважната од неговите творби, за жал зачувана само во делови, е „Против галилејаните“, за неговата намера за отфрлањње на христијанството. Единствениот дел што е зачуван, е еден извадок од свети Кирил Александријски, којшто дава цитати од првите три книги во својето побивање на Јулијан, Contra Julianum.

Неговите творби се издавани неколку пати за време на Ренесансата, но често делумно. Целосно тие се преведени и објавени во Класичната библиотека „Лоеб “ во 1913 година.

Името на Јулијан во наредните векови

Детал од крунисувањето на сасанидскиот цар Ардашир II на кој е покажано телото на Јулијан под неговите нозе (се познава по брадата и императорскиот венец).

Веднаш по својата смрт Јулијан се претворил во мит. Пагани како Амијан Марцелин и Либаниј го прикажуваат како херој, толерантен, силен и голем човек за своето време. Христијанските автори пак го опишувале како глупак, чудовиште што врши осрамотувања и човечки жртви, отпадник (дури указот за толерантност се сметал за насочен против христијаните). Тој лик останал и за време на средниот век и Ренесансата. Во осумнаесетиот век некои философи (како Волтер) гледале на него како на борец против абсолутизмот на империјата и сакале да го рехабилитираат. Други романтичари се восхитувале на неговиот очаен и бистар ум. Во 1873 Хенрик Ибсен напишал трагедија за него наречена „Император или галилеец“, а рускиот поет Дмитриј Мережковскиј напишал романот „Смрт на боговите (Јулијан Отпадник)“ (1895). Во дваесетиот век трите лика на Јулијан - отпадникот, философот и херојот на загубена кауза се прошируваат во литературата и киното. 1924 година музичарот Феликс Вејнгартнер напишал операта „Отпадникот“. Тој е и главен херој на романот „Јулијан“ на Гор Видал, што се карактеризира со уништувачка критика на христијанството. Неговите писма имаат посебно место во книгата „Модификација“ на Мајкол Батор (1957 година). Векови по својата смрт, последниот пагански император на Римската империја продолжува да го разбранува човековото мислење.

Творби на Јулијан

Извори

Надворешни врски