Ранцау (амт)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ранцау (германски: Rantzau) — општинска заедница во округот Пинеберг, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу градот Бармштет, кој претставува седиште на општинската заедница, но не е член на заедницата. Општинската заедница била именувана по Грофството Ранцау, кое постоело помеѓу 1649 година и 1864 година.

Општинската заедница Ранцау се состои од следниве општини:

  1. Беверн
  2. Билзен
  3. Бокхолт-Ханредер
  4. Буленкулен
  5. Елерхоп
  6. Грос Офензет-Асперн
  7. Хеде
  8. Хемдинген
  9. Лангелн
  10. Луцхорн