Игдир (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Игдир
Iğdır ili
Покраина во Турција
Местоположба на покраината Игдир во Турција
Местоположба на покраината Игдир во Турција
ЗемјаТурција
РегионИсточна Анадолија
Површина
 • Total3,587 км2 (1,385 ми2)
Население (31 декември 2010)[1]
 • Total184,418
 • Густина51/км2 (130/ми2)
Повик. бр.0476
Рег. таб.76
Мреж. местоigdir.gov.tr

Игдир (турски: Iğdır ili) — покраина во Источна Турција што се граничи со Ерменија, Азербејџан и Иран. Соседни покраини во Турција се Карс на северозапад и Агри на запад и југ. Покраината зафаќа површина од 3.587 км2, а населението брои 184.418 жители[2]

Во Игдир се наоѓа највисоката планина во Турција - Арарат со 5.137 м, иако покраината е претежно рамничарска. Покраината се одликува со најтопла клима во Турција, и затоа во неа успева памукот. Според библиските преданија, Игдир е местото кајшто стасал пророкот Ное кога го пребродувал големиот светски потоп. Границата со Ерменија ја следи реката Аракс.

Административен центар на покраината е градот Игдир.

Окрузи[уреди | уреди извор]

Покраината се дели на 4 окрузи (главниот е задебелен):

Историја[уреди | уреди извор]

Натпис со клинесто писмо од Урарту

Археолошките наоди укажуваат на хуритски населби на територијата на Игдир што датираат од 4000 п.н.е. Околу 800 п.н.е. подрачјето било во состав на кралството Урарту, за што сведочат најдените статуи. Урартската власт се задржала сè до преодот во Медиското и Ахеменидското Царство. Од IV век п.н.е. областа станува дел од Македонската империја, а потоа Ерменското кралство (династија Оронтиди). По нив следеле Селевкидите, Партите, Римјаните, Сасанидите и Византијците, за на крај, во 646 г. да потпадне под исламските Арапи. туркиските племиња, Грузијците и Монголите војувале на територијата на Игдир цели 400 години (почнувајќи од 1064), сè до раниот XV век, кога на територијата конечно се населиле Туркоманите од племето Кара Којунлу, проследени од племето Ак Којунлу.

Периодот помеѓу 1534 и 1746 г. го карактеризираат воени судири помеѓу Отоманското и Ахеменидското Царство. Во 1746, територијата на денешната покраина Игдир ѝ била отстапена на Персија, и така влегла во состав на Ериванскиот ханат. По Руско-персиската војна од 1826-28 г., според одребите на Туркменчајскиот мировен договор, покраината влегла во состав на Руската Империја, но северниот дел останал под персиска власт. Под руска власт, подрачјето било наречено Сурмалински уезд, дел од Ерменската област, а подоцна Ериванската губернија. Јужната половина од покраината останала во рацете на Османлиите сè додека и тој не ѝ припаднал на Русија по исходот од Руско-турската војна од 1877-78 г.

Кон крајот на Првата светска војна, целото подрачје веќе било под руска управа, а Игдир влегол во состав на ДР Ерменија како дел од покраината Арарат, но со доаѓањето на новоформираната турска војска, СССР ѝ го отстапил на Турција (Каршки мировен договор). Во областа останале голем број Ерменци, кои сочинувале мнозинсство во градот Игдир сè до 1919–1920 г. Од овој момент натаму, највеќето Ерменци се иселиле или умреле од глад во новонастанатата Турско-ерменската војна.[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Улица во градот Игдир

Денес Игдир има мешано население од Азери и Курди, кои заедно сочинуваат половина од населението. Азерите се населени на северот и истиокот од покраината, а Курдите на југот и западот. Двете народности ја празнуваат староиранската Нова Година (Новруз). Курдите се сунити, а Азерите се шиити.

Наводи[уреди | уреди извор]

Координати: 39°53′37″N 43°59′52″E / 39.89361° СГШ; 43.99778° ИГД / 39.89361; 43.99778