Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 144.792 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Одржлива енергијаенергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на незагадувачка енергија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.

Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Кинески свиток со текстот на сурата „Аџилак“ од Куранот. Прикажан се патот на аџилакот и погледи на Мека и Медина.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Белскиот даб
Белскиот даб
На денешен ден…

Денес е 16 јуни 2024 г.

Настани:

1671  Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки.
1779  Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар.
1943  Масакрот во Ваташа; Бугарските окупаторски војници стрелале 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“.
1960  Претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер ја одложи посетата на Јапонија поради антиамериканските немири во таа држава.
1963  Првата жена космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Восток-6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут.
1997  Република Македонија и Кувајт воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1999  Рабо Мбеки од Нелсон Мандела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка.

Родени:

1313  Џовани Бокачо — италијански писател.
1612  Мурат IV — отомански султан.
1859  Паја Јовановиќ — српски сликар.
1866  Германос Каравангелис — грчко духовно лице.
1890  Стен Лорел — англиски глумец.
1924  Лаки Томпсон — американски џез-музичар.
1937  Симеон Сакскобурготски — бугарски премиер.
1952  Јоргос Папандреу (помладиот) — грчки премиер.
1958  Зоран Предин — словенечки рок-музичар, член на групата „Лачни Франц“.
1960  Ена Беговиќ — хрватска и југословенска глумица.
1961  Витомир Долински — македонски новинар.
1966  Јан Железни — чешки атлетичар.
1967  Јирген Клоп — германски фудбалски тренер.
1970  Коби Џоунс — американски фудбалер.
1970  Гоце Димовски — македонски поет.
1971  Тупак — американски рапер (п. 1996).
1986  Фернандо Муслера — уругвајски фудбалски голман.
1988  Пим Лигтхарт — холандски велосипедист.
1989  Берт-Јан Линдеман — холандски велосипедист.
2000  Бјанка Андрееску — канадска тенисерка.

Починале:

1834  Осип Бове — руски архитект.
1912  Добри Даскалов — македонски револуционер.
1977  Вернер фон Браун — германски физичар.
1993  Борко Лазески — македонски академски сликар.
2010  Бил Диксон — американски џез-музичар.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич