16 јуни (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1671  Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки.
1779  Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар.
1943  Масакрот во Ваташа; Бугарските окупаторски војници стрелаа 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“.
1960  Претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер ја одложи посетата на Јапонија поради антиамериканските немири во таа држава.
1963  Првата жена космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Восток - 6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут.
1997  Република Македонија и Кувајт воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1999  Рабо Мбеки од Нелсон Мандела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка.