Витомир Долински
Изглед
Витомир Долински (Јабланица, 16 јуни 1961 ) — македонски новинар, поет и публицист.
Животопис
[уреди | уреди извор]Долински е роден е во струшкото село Јабланица на 16 јуни 1961 година. Дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 1988 година, тој почнал да работи како постојан дописник на МРТВ од Струга, а поетски, стручни и публицистички трудови објавувал во повеќе весници и списанија.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Небо за нови богови, 2002
- Албанските историски фалсификати: сведоштва на албанологот проф. д-р Каплан Буровиќ, 2009[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Книга од Долински за албанските историски фалсификати“. Дневник. 10 април 2009. Архивирано од изворникот на 2021-04-05. Посетено на 2011-03-20.