Рутата на Тур Даун Андер 2016 била објавена на почетокот на јули 2015 година и се движела околу градот Аделаида во Јужна Австралија. Постоеле шест друмски етапи, без ниеден хронометар.[2] Ден пред почетокот на трката имало рамен критериум, Даун Андер Класик, кој се одржал во паркот Римил и бил погоден за спринтерите.[3] Првите пет етапи на трката вклучувале најмалку едно искачување, така што ниедна од нив не била особено погодна за спринтерите. Првите две етапи на трката вклучувале искачувања рано во етапата и со ридест терен при крајот. Третата и четвртата етапа имале искачувања кон крајот на етапите, со можност за напади. Петтата етапа завршувала со две искачувања на Вилунга, кој бил одлучувачки во претходните изданија на трката. Последната етапа бил уште еден критериум околу центарот на Аделаида.[4]
Бидејќи Тур Даун Андер е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] На уште две други екипи, Драпак Профешанл Сајклинг и екипата на Универзитетот на Јужна Австралија, добиле специјална покани за учество на трката и со тоа била заокружена главната група од 20 екипи.[6]
Тур Даун Андер е на самиот почеток на велосипедската сезона. Многу возачи ги започнуваат своите сезони на самата трка; затоа и не во својата најдобра форма.[7] Некои возачи исто така одлучиле да започнат подоцна во сезоната. Во 2016 година, таква одлука донеле Крис Фрум (Тим Скај), Том Бонен (Етикс-Квик Степ и Алберто Контадор (Тинкоф), меѓу другите. Други одбрале да ги започнат своите сезони на Тур де Сан Луис, која се одржува во исто време како Тур Даун Андер во Австралија. Таму настапувале Винченцо Нибали (Астана), Наиро Кинтана (Мовистар Тим) и Петер Саган (Тинкоф).[8] И покрај многу значајни возачи кои не се појавиле на трката, организаторот на трката се опишал како „почестен“ со групата на возачи кои започнале.[9]
Клучна етапа се очекувало да биде претпоследната етапа, завршувајќи во Вилунга. Третата и четвртата етапа, кои имале искачувања кон крајот на трката, се очекувале исто така да имаат влијание на крајниот резултат.[7][10] Тројца од главните фаворити на трката биле Австралијци. Тоа биле Роан Денис и Ричи Порт (обајцата од Ванти-Груп Гобер) и Сајмон Геранс (Орика-БајкЕксчејнџ).[7][10] Денис бил бранител на титулата, поразувајќи го Порт за две секунди на трката во 2015 година; Геранс ја освоил трката на три наврати, во 2006, 2012 и 2014 година.[11] Додека Порт и Денис имале предност на завршниците на нагорнина, силниот спринт на Геранс му носела предност за освојување на бонус секунди.[10] Други возачи со можност за солиден резултат биле Герајнт Томас (Тим Скај) и Луис Мејнчес (Лампре-Мерида).[12]