Универзитет на Јужна Австралија
![]() | |
латински: Universitas Australia Australis | |
Гесло | Образуваме професионалци. Создаваме и применуваме знаење. Ја ангажираме заедницата. |
---|---|
Вид | јавен |
Основан | 1991 од SAIT и SACAE |
Канцелар | Ијан Гулд [1][2] |
Вицеканделар | Дејвид Лојд |
Додипломци | 27.289 |
Постдипломци | 7.757 |
Место | Аделаида, Јужна Австралија, Австралија |
Кампус | урбана област |
Организации | Член на Универзитетската технолошка мрежа |
www.unisa.edu.au |
Универзитет на Јужна Австралија (англиски: University of South Australia; кратенка UniSA) — јавен универзитет во сојузната држава Јужна Австралија, Австралија. Била создадена во 1991 година со спојување на Јужноавстралискиот институт за технологија и Колеџот за напредно образование. Законодавството за основање и именување на новиот универзитет била донесена во 1990 година.[3] Со повеќе од 33.000 студенти, универзитетот е најголем во Јужна Австралија; повеќе од 10.000 студенти се од странство, од кои една половина студираат во Аделаида, а останатите во издвоената подружница во Сингапур.[4]
Со универзитетскиот акт,[5] негова првична мисија била „да го зачува, проширува и шири знаењето преку предавање, истражување, стипендии и обезбедување образовни програми кои ќе го разубават различниот културен живот на пошироката заедница“. Во 2013 година била поставена нова мисија како дел од новата стратегија.[6]
Универзитетот е најмлада австралиска институција која влегла во првите 50 во списокот на најдобри 100 глобални универзитет помлади од 50 години.[7]
Универзитетот е основоположник на Австралиската технолошка мрежа на универзитети.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Геолог назначен за ректор на УниСА“, „The Advertiser“, 22 февруари 2008 (посет. 17 јули 2008 г).
- ↑ „Ректорат“. Официјална страница. конс. 17 јули 2008.
- ↑ News Release, University of South Australia, 17 August 2006
- ↑ „Универзитети на Австралија - Универзитет на Јужна Австралија“.
- ↑ „Законодавство на универзитетот“. Универзитет ба Јужна Австралија. 7 септември 2009. конс. 27 октомври 2013.
- ↑ „Стратешки акциски план 2013-2018“. Универзитет на Јужна Австралија. конс. 27 октомври 2013.
- ↑ „University of South Australia - 100 under 50 - 2013“. Times Higher Education. конс. 27 октомври 2013.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Универзитет на Јужна Австралија на Ризницата ?
- Матична страница
Координати: 34°55′14″ ЈГШ; 138°36′24″ ИГД / 34.92049° ЈГШ; 138.60678° ИГД