Мартен Тјалинги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мартен Тјалинги
Тјалинги на Е3 Харелбеке 2009
Лични податоци
Цело име Мартен Питер Тјалинги
Роден 5 ноември 1977 (1977-11-05) (воз. 39 г.)
Леуварден,  Холандија
Висина 1,88 м
Маса 81 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Пензиониран
Дисциплина Друмски и планински велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за бегства[1]
Професионални клубови
2003–2005
2006–2007
2008
2009–2016
Марко Поло
Скил-Шимано
Сајленс-Лото
Рабобанк
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Белгија (2006)
Трка околу Езерото Ќингхај (2007)
Последна промена
19 јануари 2017

Мартен Питер Тјалинги (холандски: Maarten Pieter Tjallingii; р. 5 ноември 1977 во Леуварден) — поранешен холандски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал од 2003 до 2016 година.

Последно возел за UCI World Tour екипата ЛотоНЛ-Џамбо.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Негова најголема победа била освојувањето на Трката околу Белгија во 2006 година.[3] Како чест учесник во бегствата на поголемите трки, негови најпознати резултати се третото место на Париз-Рубе 2011 и четири дена ја носел маичката за планинскиот пласман на Џиро д’Италија 2014.[1]

Тјалинги бил избран да настапи на Тур де Франс 2012, но паднал на третата етапа, иако продолжил уште 40 километри и завршил над десет минути зад победникот Петер Саган. Меѓутоа не успеал да ја започне четвртата етапа, поради фрактура на левиот колк.[4]

Тјалинги настапил на Џиро д’Италија 2016, која започнала во Холандија и имал успеси на првите етапи. Ја добил наградата за најборбен возач на втората етапа пред да го земе водството во планинскиот пласман на третата етапа, која завршила 250 метри од неговиот дом во Арнхем. Претходно објавил дека ќе се повлече од возење во јуни, но потпишал шест месеци продолжување на договорот со ЛотоНЛ-Џамбо за 2016.[5][6]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Тјалинги е еден од малкумината познати вегетаријански велосипедисти.[7] Изгубил еден од своите бубрези како дете.[8]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2001
3. Краен пласман Тур ду Фасо
1. Етапа 2
2003
1. Краен пласман Тур ду Фасо
1. Етапа 1
1. Трка околу Реде
2004
2. Национално планинско првенство
2006
1. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 1
1. Краен пласман Трка околу Езерото Ќингхај
1. Етапа 7
2007
2. Краен пласман Трка околу Белгија
2011
3. Париз-Рубе
2013
1. Етапа 2 Светски пристаништен класик
2015
1. ГП Бекман-Де Калуве
2016
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 6 Тур Даун Андер

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро 98 131 92 119 124
Jersey yellow.svg Тур 131 98 СО
Jersey red.svg Вуелта 58 137 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Меккилан, Том (7 мај 2016). „Giro d’Italia squad of the day: Team LottoNL-Jumbo“. http://www.theroar.com.au/2016/05/07/giro-ditalia-squad-of-the-day-team-lottonl-jumbo/. конс. 7 мај 2016 г. 
  2. „Поранешен Рабобанк (RAB) – ХОЛ“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MTg&RefDate=01.01.2013&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. конс. 3 јануари 2013 г. 
  3. „Ronde van België“ (на холандски). Ronde van België. http://www.sport.be/rondevanbelgie/2006/nl/. 
  4. Tjallingii, Rojas out after crash-filled Tour de France stage“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 3 јули 2012 (конс. 4 јули 2012 г).
  5. „Marcel Kittel Dominates First Sprint of Giro d'Italia“. 7 мај 2016. http://www.giroditalia.it/eng/news/kittel-volata-imperiale/. конс. 11 мај 2016 г. 
  6. Фотерингем, Аласдер (8 мај 2016). „Glorious homecoming for Tjallingii as Dutchman takes Giro d'Italia mountains jersey“. http://www.cyclingnews.com/news/glorious-homecoming-for-tjallingii-as-dutchman-takes-giro-ditalia-mountains-jersey/. конс. 11 мај 2016 г. 
  7. „Tour de France sportzomer“ (на холандски). NOS. 11 јули 2008. http://tour2008.nos.nl/video/bekijken/ID/tcm:5-394902/tdf-sportzomer-11-juli. 
  8. „Пулс оптимист за враќањето на патеките во 2013“ (на англиски). Cycling News Published. 29 ноември 2012. http://www.cyclingnews.com/news/poels-optimistic-about-return-to-racing-in-2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]