Општина Богданци

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Богданско)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Богданци
Bogdanci.jpg

Центарот на Богданци.
Map of Bogdanci Municipality.svg

Знаме на Општина Богданци Грб на Општина Богданци
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Богданци
Регион Logo of Southeastern Region, North Macedonia.svg Југоисточен
Површина 114,54 km² км²
Основана 1996
2004 (сегашни граници)
Службен јазик македонски
Демографија
Население 8.707 жит.
- проценка од 31.12.2016 8.178 жит.
Густина 76,02 жители/km² жит/км²
Населени места
Народности Македонци
Локална управа
Градоначалник Блаже Шапов
Совет 11 члена
Контактни податоци
Седиште Општина Богданци, Маршал Тито 62, Богданци 1484
Телефон 034/222-333, 034/221-077
Факс 034 222-333
Мреж. место Службен портал
Е-пошта
opstina_bogdanci@yahoo.com е-пошта
Карта на општината со селските атари.
Демографска карта на општината со селските атари.

Општина Богданциопштина во југоисточна Македонија. Центар на општината е градот Богданци. Според пописот од 2002 година, општината имала население од 8.707 жители.

Географиja[уреди | уреди извор]

Територијата на општина Богданци зафаќа простор на крајниот јужен дел на Република Македонија, и тоа од левата страна на реката Вардар. Морфолошки општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на рано градинарство. Таа се граничи со општините Стар Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Грција.

Територијата на општината зафаќа простор од 114 км2 и според површината се вбројува во помалите општини во Македонија, но со оглед на тоа дека е добро населена – просечната густина на населеноста изнесува 78 жители на еден км2 – таа има најголема просечна густина на населеност од сите општини во јужниот дел од земјата.

Во составот на општината се вбројуваат само четири населени места, од кои Богданци е централно место и седиште на општината. Другите населби се: Стојаково, Селемли и Ѓавато. Во однос на орографските услови сите населби се рамничарски, и тоа на мала надморска височина, помала од 100 метри.

Вкупната аграрна површина во општината зафаќа 10.652 ха. Од неа на обработливо земјиште се паѓаат 4.110 ха или 38,6%. Во општината има поволни услови за полјоделство, а особено за раноградинарство.

Историja[уреди | уреди извор]

Општина Богданци во сегашните граници е формирана со новата територијалната поделба од 1996 година. Пред оваа поделба општина Богданци од 1965 година и припаѓала на општина Гевгелија. Инаку општина Богданци пред присоединувањето кон општина Гевгелија постоела како општина од 1955 година. Во тогашната општина освен Богданци, како седиште на општината влегувале и населените места: Стојаково, Богородица, Ѓавато, Селемли, Нов и Стар Дојран, Фурка, Црничани, Николиќ, Ѓопчели, Куртамзали, Органџали, Дуритли и Џумбоз.[1]

Денес општина Богданци се состои од четири населени места: Богданци, Стојаково, Селемли и Ѓавато. На нејзината територија се наоѓале и некогашните села Болован, Паљурци и Побрегово.

Демографија[уреди | уреди извор]

Население

Според пописот од 2002 година, општината имала население од 8.707 жители, од кои:[2]

етникум број процент
Македонци 8.093 92,94%
Срби 525 6,02%
Турци 54 0,62%
Власи 5 0,05%
Албанци 2 0,02%
Роми 1 0,01%
други 27 0,31%
Мајчин јазик
јазик број процент
македонски 8.149 93,59%
српски 468 5,37%
турски 54 0,62%
влашки 3 0,03%
албански 1 0,01%
ромски 1 0,01%
други 31 0,35%
Религија
религија број процент
православие 8.428 96,79%
католицизам 169 1,94%
ислам 60 0,68%
протестантство 2 0,02%
други 48 0,55%

Население по населено место[уреди | уреди извор]

Македонци Турци Срби Роми Бошњаци Албанци Власи останати и непознато
апсолутно мнозинство
  
  
  
  
  
  
  
  
релативно мнозинство
  
  
  
  
  
  
  
  
Општина Богданци вкупно Македонци Срби Турци Власи Роми Албанци Бошњаци останати
Богданци 6.011 5.761 176 48 4 1

|2

19
Ѓавато 438 407 21 6 4
Селемли 327 35 292
Стојаково 1.931 1.890 36 1 4
вкупно 8.707
100,00%
8.093
92,94%
525
6,02%
54
0,62%
5
0,05%
1
0,01%
2
0,02
0
0,00%
27
0,31%

Економија[уреди | уреди извор]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Училишта
Верски објекти

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Богданци е Блаже Шапов од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Богданци е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 7 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места

Во рамките на општината, односно нејзината администрација, делуваат следниве одделенија[4]:

  • Одделение за управување со човекови ресурси,
  • Одделение за финанскиски прашања,
  • Одделение за локален економски развој,
  • Одделение за општи и правни прашања,
  • Одделение за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и јавни дејности,
  • Одделение за внатрешна ревизија, и
  • Одделение за инспекциски работи.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Истакнати личности по потекло од Општина Богданци се:

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Спорт
  • ФК Вардарски (Богданци), во сезона 1992/93 настапува во 1 МФЛ (Прва Македонска Фудбалска Лига), но завршува како последнопласиран тим и испаѓа од лигата. Во Вардарски својата кариера ја има почнато, младинскиот репрезентативец на Македонија, Цветан Чурлинов.
  • РК Младост (Богданци),до 2007 член на најјаката ракометна лига на Македонија (супер лига) и тим кој секогаш беше при врвот на мак ракомет и трета екипа во Македонија, тим кој беше препознатлив по ангажманот на играчи од Русија, Белорусија и др. Повеќе пати има настапувано во Европските ракометни купови каде има забележано и доста значителни успеси 1/4 финале во ЕХФ КУП.

РК Младост Богданци сега е член на Првата машка лига (втора по ранг) Во РК Младост својта кариера ја има почнато Мите Стоилов кој долги години градеше интернационална карира надвор од Македонија а исто така 15 годони беше е сениорски репрезентативец на Македонија.

  • ЖРК Млаз (Богданци), порано има настапувано во женската ракометна супер лига каде исто така беше при самиот врв, моментално клубот е во мирување. Има настапувано и во Европските ракометни купови.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]