Чинарли Дере
Изглед
Чинарли Дере | |
Координати 41°12′56″N 22°38′5″E / 41.21556° СГШ; 22.63472° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Богданци |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Чинарли Дере — историско село на територијата на Општина Богданци, Гевгелиско.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во областа Трнова, на неколку километри североисточно од Богданци, крај самиот пат регионален пат 1109. Лежи во клисурата на Луда Мара над езерото Паљурци.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Чинарли Дере било турско село во Гевгелиската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чинарли Дере има 300 жители Турци.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 151. ISBN 954430424X.
|