Општина Кратово: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Демографија: Дотерување на табели, replaced: | '''религија''' → | '''Вероисповед''', | '''вкупно''' → | '''Вкупно''' (2), Православни → [[ using AWB
с →‎Стопанство: Јазична исправка, replaced: == Економија == → == Стопанство ==
Ред 31: Ред 31:
Кратово историски е значајно рударско место, низ кое поминале голем број на освојувачки војски.
Кратово историски е значајно рударско место, низ кое поминале голем број на освојувачки војски.


== Економија ==
== Стопанство ==


== Демографија ==
== Демографија ==

Преработка од 09:41, 19 јуни 2020

Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија

Карта на Општина Кратово со селските атари.
Демографска карта на Општина Кратово со селските атари.

Кратово — општина во северниот дел на североисточна Македонија со административен центар во градот Кратово. Лежи на изгаснати вулкански купи (кратери) од каде е и добиено името. Во општината се наоѓаат и неколку антички рудници за злато од Римскиот период. Градоначалник на општината е Љупчо Бојаџиев.

Географиja

Историja

Кратово историски е значајно рударско место, низ кое поминале голем број на освојувачки војски.

Стопанство

Демографија

Седиште на општината е градот Кратово.

Во општината живеат 10 441 жители од кои:[1]

10 231 (97,99%) се Македонци

151 (1,45%) се Роми

33 (0,32%) се Срби

8 (0,08%) се Турци

1 (0,01%) се Власи

17 (0,16%) се други националности.

Во општината не живеат Албанци и Бошњаци.

Вероисповед Вкупно
православни 10.203
муслимани 173
католици 2
протестанти 1
останати 62
Јазик Вкупно
македонски 10.219
албански 0
турски 9
ромски 172
влашки 1
српски 28
бошњачки 1
останати 11

Општина Кратово зазема подрачје од 375,44 км2 и има густина на населеност од 27,81 жит./км2.

Во состав на општината влегуваат и 30 села: Близанци, Вакуф, Горно Кратово, Димонце, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кетеново, Кнежево, Којково, Коњух, Крилатица, Куклица, Куново, Луково, Мушково, Нежилово, Пендак, Приковци, Секулица, Страцин, Талашманце, Татомир, Тополовиќ, Трновац, Туралево, Филиповци, Шлегово и Шопско Рударе.

Општествени установи

Администрација и политика

Градоначалник на општина Кратово е Љупчо Бојаџиев од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[2] Бојаџиев станал првиот градоначалник на Кратово од 1991 година кој не бил кандидат на СПМ. Советот на општина Кратово е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 9 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 6 места

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.
  2. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Надворешни врски