Општина Чашка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
rv
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 11: Ред 11:
| густина = 9,36
| густина = 9,36
| број места = 42
| број места = 42
| градоначалник = [[Горан Стојановски]]<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.sec.mk/zakluchok-za-konechnost-na-rezultatite-od-glasanje-vo-vtoriot-izboren-krug-29-10-2017-po-odlukite-na-upravniot-sud/|title=Заклучок за конечност на резултатите од гласање во вториот изборен круг 29.10.2017 по одлуките на Управниот суд|last=|first=|date=|work=[[Државна изборна комисија на Македонија]]|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=3 декември 2017}}</ref>
| градоначалник = Горан Стојановски
| членови = 11
| членови = 11
| адреса = Илинденска б.б. 1413 Чашка
| адреса = Илинденска б.б. 1413 Чашка

Преработка од 23:42, 3 декември 2017

Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија

Карта на Општина Чашка со селските атари.
Демографска карта на Општина Чашка со селските атари.

Општина Чашкаопштина во средишниот дел на Македонија. Административен центар на општината е истоименото село.

Општината била изменета со новата територијална поделба на Македонија по донесениот закон во 2004 година. Денешната општина ги вклучува двете поранешни општини Богомила и Извор, како и одредени делови од Општина Велес.

Географија

Општина Чашка се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Зафаќа површина од 825 км² и се вбројува во трите најголеми општини по територија во Македонија. Истата е рурална општина со добра географска положба. Општината располага со вкупна обработлива земјоделска површина од 476 км² и 48,97 км² под пасишта.

Соседни општина со кои се граничи општината се: од исток со Велес и Градско, од север со Зелениково и Студеничани, од запад со Македонски Брод и Долнени и од југ со Прилеп и Кавадарци. Според последните податоци од Заводот за статистика на територијата на општината живеат вкупно 7.673 жители во 42 населени места. Густината на населеност е 6 жители на км².

Општина Чашка има добра географска положба. Ги поседува најубавите и атрактивни предели на планините Јакупица, Даутица и Бабуна од запад, Клепа од исток, Караџица и Голешница од севоро-запад. На територијата на општината е и највисокиот врв на Јакупица, Солунска Глава (2.540 м). Целата таа атрактивност на пределот го дополнуваат и реките Бабуна и Тополка. По течението на овие реки се простира алувијална рамнина настаната како резултат на наносите на реките која е многу плодна. Покрај реките Бабуна и Тополка како природен ресурс е и новоизградената брана на хидросистемот „Лисиче“.

Климатските карактеристики на општината се доста различни. Високите планини преку целата година се покриени со снег додека во рамничарскиот дел во летниот период владее несносна висока температура. Климата е континентална со мало влијание на суб-медитеранска, која продира по долината на реката Тополка. Врнежите се мали претежно во есенските и зимски денови, а летата се топли и суви. Ветрови се јавуваат од сите правци, меѓутоа преовладуваат од северен и северозападен правец.

Историја

Економија

Демографија

Општествени институции

Општинската администрација во Општина Чашка е поделена на пет одделенија:

  1. Одделение за правни,општи работи, човешки ресурси и месна самоуправа;
  2. Одделение за финансии, буџет, општински имот и администрирање со даноци;
  3. Одделение за образование, култура, здравство, социјална заштитa, спорт и соработка со здружение на граѓани и фондации;
  4. Одделение за урбанизам, комунални дејности сообраќај и заштита на животната средина;
  5. Одделение за инспекциски надзор - инспекторат.

Администрација и политика

Совет на Општина Чашка во периодот од 2013-2017:
  ДУИ (3)
  ДПА (1)
  СДСМ (1)
  независни (2)

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски