Прејди на содржината

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 14:37, 10 март 2013; направена од Addbot (разговор | придонеси) (Bot: Migrating 4 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q2616861 (translate me))
Стефан
Архиепископ од 1999
Архиепископ до во служба
Претходник Михаил
Роден 1 мај 1955 во Битолско Добрушево, Македонија Македонија
Други архиепископи со име Стефан

Господин Господин Стефан (р. 1 мај 1955) е Поглавар на Македонската Православна Црква. Неговата полна титула е Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски.

Роден како Стојан Вељановски во с. Добрушево (Битолско). Во 1969 се запишал на Македонска православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје и завршил во 1974 година. Истата година се запишал на Теолошкиот факултет во Белград каде дипломирал во 1979 година. По неговото враќање Светиот Архиерејски Синод на Македонската Првославна Црква го назначил за учител во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Во 1980 се запишал на постдипломски студии во Институтот „Св. Никола“ во Бари, Италија кој се специјализира во патријаршиски и Византиски студии. Во 1982 тој дипломира на Институтот.

Кога тој се вратил во Македонија станал професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Тој се замонашил во манастирот „Св. Наум“ во Охрид на 3 јули 1986, а на 12 јули бил именуван Митрополит Струмички, а кратко по тоа именуван за поглавар на Брегалничката епархија.

Во наредните години тој работел како декан на Богословскиот факултет во Скопје, портпарол на Светиот Архиерејски Синод, како главен уредник на црковниот весник „Црковен Живот“ и главен секретар на Архиепископот Охридски и Македонски.

Во Охрид од 9-10 октомври, 1999 Црковното нацинолано собрание (состаевно од духовни и световни членови) бил избран за поглавар на Македонската Православна Црква.

Поврзано

Надворешни врски

Страница за Архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан - Скопска епархија

Претходник
Михаил
Архиепископ Охридски и Македонски
1999 -
Наследник
актуелен