Стрелци (село)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Стрелци — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Содржина
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Стрелци се наоѓа во областа Горно Кичево, на западните падини на Челоица.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 29 семејства и 3 неженети, сите христијани.[1]
Во селото постои црква „Свети Врача“ којашто била подигната пред почетокот на XIV век.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стрелци имало 95 жители, сите Албанци.[2]
Според пописот од 2002 година, Стрелци има население од 1.421 жител, од кои 1.409 биле Албанци и 12 други.[3]
На табелата е прикажан преглед на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 95[2] | 582 | 665 | 752 | 1.173 | 1.563 | 1.274 | 1.421 |
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[5]
- Раковце — средновековна црква и некропола;
- Рид — средновековна црква и некропола;
- Црква — средновековна црква и некропола;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.225
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.255
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Стрелци на Google Maps.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |