ОУ „Милто Гура“ - Стрелци
Милто Гура | |
|---|---|
Поглед на основното училиште | |
| Место | |
| Општина: | Општина Кичево |
| Наречено по: | Милто Гура |
| Нас. место: | Стрелци |
| Адреса: | с. Стрелци |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Директор: | Кујтим Касами |
| Број на ученици: | 175 (2019/20) |
| Настава на: | албански |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | shfqmiltogurra.edu.mk |
| Е-пошта | milto.gurra@yahoo.com |
| Телефон | 045/256-616 |
| Факс | 045/256-616 |
Основно училиште „Милто Гура“ (во минатото: Основно училиште „Маршал Тито“; официјално: Основно општинско училиште „Милто Гура“ - Стрелци; скратено: ООУ „Милто Гура“) — централно основно училиште во селото Стрелци, Општина Кичево.[1] Училиштето се наоѓа во горниот дел на селото Стрелци.
Денес, училиштето е именувано по албанскиот писател Милто Гура додека во минатото училиштето го носело името Маршал Тито.[2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]
Објектот на централниот објект на училиштето се наоѓа во горниот дел на селото Стрелци.
Историја
[уреди | уреди извор]Централното училиште во Стрелци поседува објект од 1936 година, кој бил обновен во 2002 година со средства од швајцарската амбасада во Македонија, како и од самите жители на Стрелци и Гарани.[3]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.[4]
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[3]
- ПУ „Милто Гура“ - Црвивци, деветтгодишно подрачно училиште; и
- ПУ „Милто Гура“ - Шутово, деветгодишно подрачно училиште.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-09.
- ↑ „СЛУЖБЕН ВЕСНИК“ (PDF). Службен весник. Посетено на 2021-01-13.
- 1 2 „ГОДИШНА ПРОГРАМА За Учебната 2016/2017 година“ (PDF). Општина Кичево. Посетено на 2021-01-13.[мртва врска]
- ↑ „Во Кичево нема пари за нафта и струја за училиштата, ама има за плати за превработеноста со наставници и хаусмајстори“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2022-09-20. Посетено на 2021-01-13.

