Пауло Соуса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пауло Соуса
Лични податоци
Роден на 30 август 1970(1970-08-30)(53 г.)
Роден во Визеу, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Салернитана Салернитана (тренер)
Повлекување како играч - 2002 (31 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989-1993 Бенфика Бенфика 87 (1)
1993-1994 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 31 (2)
1994-1996 Јувентус Јувентус 54 (1)
1996-1997 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 27 (1)
1998-2000 Интер Интер 31 (0)
2000Парма Парма 8 (0)
2000-2001 Панатинаикос Панатинаикос 10 (0)
2002 Еспањол Еспањол 9 (0)
Репрезентација
1989 Португалија Португалија 20 2 (0)
1989-1991 Португалија Португалија 21 9 (1)
1991-2002 Португалија Португалија 52 (0)
Раководител на екипите
2005-2008 Португалија Португалија (помошник)
2008-2009 КПР КПР
2009-2010 Свонзи Сити Свонзи Сити
2010 Лестер Сити Лестер Сити
2011-2013 Видеотон Видеотон
2013-2014 Макаби Тел Авив Макаби Тел Авив
2014-2015 Базел Базел
2015-2017 Фјорентина Фјорентина
2017-2018 Тјанџин Кванџијан Тјанџин Кванџијан
2019–2020 Бордо Бордо
2021 Полска Полска
2021–2022 Фламенго Фламенго
2023– Салернитана Салернитана
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23 јануари 2021.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 23 јануари 2021

Пауло Мануел Карвалјо де Соуса (роден на 30 август 1970 година, во Визеу) — португалски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на Салернитана.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Соуса (лево) заедно со соиграчот од Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, го слават освојувањето на Лигата на шампионите во 1996.

Роден во Визеу, Соуса ја започнал својата фудбалска кариера во својата татковина во екипата на Бенфика (1989-1993), пред да се пресели во градскиот соперник Спортинг Лисабон (1993-1994) во 1993 година. Следната сезона ја напуштил Португалија и потпишал за италијанскиот Јувентус (кој го купил за 10 милијарди лири) [1] 1994-1996; во прва година во Италија имал клучна улога за освојувањето на скудетото кое му недостасувало на клубот од Торино во претходните девет години[2], додека во втората понудил перформанси под очекувањата, најмногу заради повредите кои произлегуваат од младоста кој биле третирани неточно во Португалија и станале хронични,[3], но и поради фактот што противничките екипи почнале да го обележуваат како човекот кој е најслабата алка во тимот [4], но сепак тој пронашол начин да биде водач во освојувањето на Лигата на шампионите.

Подоцна тој го носел дресот на германскиот клуб Борусија Дортмунд (1996-1998) со кој во 1997 година го освоил својот втор трофеј во Лигата на шампионите, поразувајќи го својот поранешен тим Јувентус - со што станал еден од само тројцата играчи (заедно со Марсел Десаи и Самуел Ето) кој станал европски шампион во две години по ред, со два различни клуба.[5] - и Интерконтиненталниот куп. Во јануари 1998 година се вратил во Италија откако потпишал договор со Интер за 13,2 милијарди лири[6] (1998-2000), но од тој момент тој никогаш не успеал да ги достигне своите перформанси од минатото. До крајот на својата играчка кариера без некој голем успех го носел дресот на Парма (2000), Панатинаикос (2000-2001) и Еспањол (2002). Кариерата ја завршил во 2002 поради проблеми со повреди, на возраст од 31 година.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Соуса бил член на талентираната португалска репрезентација кој победила на Светското првенство за играчи под 20 години во 1989.

За сениорската репрезентација одиграл 51 натпревари без погодок, а своето деби го имал на 16 јануари 1991 во пријателски натпревар против Шпанија (1-1). Последниот настап го имал во пријателски натпревар против Кина (2-0), во 2002. Својата земја ја претставувал на Европското првенство 1996 и Европското првенство 2000, како и на Светското првенство во 2002, но на тој турнир не одиграл ниту една минута.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
16-1-1991 Кастељон де ла Плана Шпанија Шпанија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
23-1-1991 Маруси Грција Грција 3 – 2 Португалија Португалија Квал. за Евро 1992 - заменет 72'
9-2-1991 Та Кали Малта Малта 0 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 1992 - влегол во игра 63'
20-2-1991 Порто Португалија Португалија 5 – 0 Малта Малта Квал. за Евро 1992 -
4-9-1991 Визеу Португалија Португалија 1 – 1 Австрија Австрија Пријателска - заменет 46'
10-2-1993 Фаро Португалија Португалија 1 – 1 Норвешка Норвешка Пријателска - влегол во игра 62'
31-3-1993 Цирих Швајцарија Швајцарија 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за СП 1994 - добил жолт картон во 31-вата минута 31'
28-4-1993 Лисабон Португалија Португалија 5 – 0 Шкотска Шкотска Квал. за СП 1994 -
19-6-1993 Порто Португалија Португалија 4 – 0 Малта Малта Квал. за СП 1994 -
5-9-1993 Талин Естонија Естонија 0 – 2 Португалија Португалија Квал. за СП 1994 -
13-10-1993 Порто Португалија Португалија 1 – 0 Швајцарија Швајцарија Квал. за СП 1994 -
10-11-1993 Порто Португалија Португалија 3 – 0 Естонија Естонија Квал. за СП 1994 -
17-11-1993 Милано Италија Италија 1 – 0 Португалија Португалија Квал. за СП 1994 - добил жолт картон во 20-тата минута 20'
19-1-1994 Виго Шпанија Шпанија 2 – 2 Португалија Португалија Пријателска - заменет 46'
7-9-1994 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 1 – 2 Португалија Португалија Квал. за Евро 1996 - добил жолт картон во 60-тата минута 60'
9-10-1994 Рига Латвија Латвија 1 – 3 Португалија Португалија Квал. за Евро 1996 -
13-11-1994 Лисабон Португалија Португалија 1 – 0 Австрија Австрија Квал. за Евро 1996 -
26-4-1995 Даблин Ирска Ирска 1 – 0 Португалија Португалија Квал. за Евро 1996 -
3-6-1995 Порто Португалија Португалија 3 – 2 Латвија Латвија Квал. за Евро 1996 - добил жолт картон во 34-тата минута 34' заменет 46'
3-9-1995 Порто Португалија Португалија 1 – 1 Северна Ирска Северна Ирска Квал. за Евро 1996 -
11-10-1995 Виена Австрија Австрија 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 1996 -
15-11-1995 Лисабон Португалија Португалија 3 – 0 Ирска Ирска Квал. за Евро 1996 -
12-12-1995 Лисабон Португалија Португалија 1 – 1 Англија Англија Квал. за Евро 1996 - заменет 46'
21-2-1996 Порто Португалија Португалија 1 – 2 Германија Германија Пријателска -
9-6-1996 Шефилд Данска Данска 1 – 1 Португалија Португалија Евро 1996 - Прва фаза - добил жолт картон во 58-мата минута 58' заменет 79'
14-6-1996 Нотингем Португалија Португалија 1 – 0 Турција Турција Евро 1996 - Прва фаза -
18-6-1996 Нотингем Хрватска Хрватска 0 – 3 Португалија Португалија Евро 1996 - Прва фаза - заменет 71'
23-6-1996 Бирмингем Чешка Чешка 1 – 0 Португалија Португалија Евро 1996 - Четвртфинале -
29-3-1997 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 0 – 0 Португалија Португалија Квал. за СП 1998 -
7-6-1997 Порто Португалија Португалија 2 – 0 Албанија Албанија Квал. за СП 1998 -
20-8-1997 Сетубал Португалија Португалија 3 – 1 Ерменија Ерменија Квал. за СП 1998 -
6-9-1997 Берлин Германија Германија 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за СП 1998 -
11-10-1997 Лисабон Португалија Португалија 1 – 0 Северна Ирска Северна Ирска Квал. за СП 1998 - добил жолт картон во 63-тата минута 63'
22-4-1998 Лондон Англија Англија 3 – 0 Португалија Португалија Пријателска - заменет 76'
18-11-1998 Сетубал Португалија Португалија 2 – 0 Израел Израел Пријателска - заменет 78'
26-3-1999 Гимараеш Португалија Португалија 7 – 0 Азербејџан Азербејџан Квал. за Евро 2000 -
31-3-1999 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 5 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 -
5-6-1999 Лисабон Португалија Португалија 1 – 0 Словачка Словачка Квал. за Евро 2000 -
9-6-1999 Коимбра Португалија Португалија 8 – 0 Лихтенштајн Лихтенштајн Квал. за Евро 2000 - заменет 63'
18-8-1999 Оеираш Португалија Португалија 4 – 0 Андора Андора Пријателска - заменет 46'
4-9-1999 Баку Азербејџан Азербејџан 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 - заменет 67'
8-9-1999 Букурешт Романија Романија 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 - заменет 69'
9-10-1999 Лисабон Португалија Португалија 3 – 0 Унгарија Унгарија Квал. за Евро 2000 -
26-4-2000 Реџо Калабрија Италија Италија 2 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
20-6-2000 Ротердам Португалија Португалија 3 – 0 Германија Германија Евро 2000 - Прва фаза - заменет 71' дет.
24-6-2000 Амстердам Турција Турција 0 – 2 Португалија Португалија Евро 2000 - Четвртфинале - влегол во игра 46' добил жолт картон во 60-тата минута 60'
16-8-2000 Визеу Португалија Португалија 5 – 1 Литванија Литванија Пријателска -
3-9-2000 Талин Естонија Естонија 1 – 3 Португалија Португалија Квал. за СП 2002 -
6-10-2001 Лисабон Португалија Португалија 5 – 0 Естонија Естонија Квал. за СП 2002 - влегол во игра 66'
14-11-2001 Лисабон Португалија Португалија 5 – 1 Ангола Ангола Пријателска -
25-5-2002 Макао Кина Кина 0 – 2 Португалија Португалија Пријателска - заменет 41'
Вкупно Настапи 51 Голови 0

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Откако во периодот од 2005 до 2008 бил еден од помошниците на селекторот на португалската репрезентација на 19 ноември 2008, бил ангажиран од страна на англискиот клуб Квинс Парк Ренџерс за менаџер; на 9 април 2009 сопственикот на тимот, Флавио Бријаторе му врачил отказ откако полицајците по дваесет кола биле пласирани на десеттото место, заостанувајќи девет бода зад позициите кој воделе во плејофот[7]. Следната сезона 2009-2010, бил назначен за нов менаџер на клупата на Свонзи Сити, доведувајќи ја велшката екипа до седмото место во Чемпионшип. На 7 јуни 2010 потпишал договор со Лестер Сити,[8] меѓутоа во септември истата година добил отказ по само 12 натпревари.

15 мај 2011 потпишал тригодишен договор со Видеотон шампионот на Унгарија од претходната сезона,[9] со кој не започнал најдобро испаѓајќи уште во вториот круг од квалификациите за Лигата на шампионите од австрискиот Штурм Грац; На 8 јануари 2013 ја најавил својата оставка во клубот од Унгарија поради семејни причини. На 12 јуни 2013 бил назаначен за тренер на Макаби Тел Авив, со кого потпишал договор на две години. На 28 мај 2014, откако го раскинал договорот со израелската екипа, потпишал договор на три години со швајцарскиот првак, Базел; освојувајќи го швајцарското првенство уште во својата прва сезона, шеста титула по ред за црвено-сините. Меѓутоа, и покрај успешната сезона во клубот на 17 јуни 2015 го раскинал договорот со швајцарците пред неговото истекување.[10]

Само четири дена подоцна, на 21 јуни се договорил со управата на Фјорентина, да ја преземе тренерската функција во клубот, наследувајќи го Винченцо Монтела.[11] Соуса потпишал двегодишен договор со опција и за третата сезона доколку двете страни бидат задоволни од соработката.[12]

Статистика[уреди | уреди извор]

Тренерска статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 27 септември 2015
Екипа Земја Од До Учинок
ОН П Н И ДГ ПГ ГР % успешност
Квинс Парк Ренџерс Англија 19 ноември 2008 9 април 2009 &1000000000000002600000026 &100000000000000070000007 &1000000000000001200000012 &100000000000000070000007 &1000000000000002300000023 &1000000000000002400000024 −1 &1000000000000026900000026,9
Свонзи Сити Велс 23 јуни 2009 4 јули 2010 &1000000000000004900000049 &1000000000000001800000018 &1000000000000001800000018 &1000000000000001300000013 &1000000000000004500000045 &1000000000000003900000039 +6 &1000000000000036700000036,7
Лестер Сити Англија 7 јули 2010 1 октомври 2010 &1000000000000001200000012 &100000000000000040000004 &100000000000000020000002 &100000000000000060000006 &1000000000000001800000018 &1000000000000002700000027 −9 &1000000000000033300000033,3
Видеотон Унгарија 1 јуни 2011 7 јануари 2013 &1000000000000008800000088 &1000000000000005200000052 &1000000000000001700000017 &1000000000000001900000019 &10000000000000140000000140 &1000000000000006300000063 +77 &1000000000000059100000059,1
Макаби Тел Авив[13] Израел 11 јуни 2013 28 мај 2014 &1000000000000004900000049 &1000000000000003100000031 &1000000000000001000000010 &100000000000000080000008 &1000000000000009100000091 &1000000000000004500000045 +46 &1000000000000063300000063,3
Базел Швајцарија 18 јуни 2014 17 јуни 2015 &1000000000000005000000050 &1000000000000003200000032 &100000000000000070000007 &1000000000000001100000011 &10000000000000112000000112 &1000000000000006000000060 +52 &1000000000000064000000064,0
Фјорентина Италија 21 јуни 2015 Денес &1000000000000006200000062 &1000000000000002800000028 &1000000000000001800000018 &1000000000000001600000016 &1000000000000009800000098 &1000000000000006600000066 +32 &1000000000000045200000045,2
Вкупно &10000000000000281000000281 &10000000000000149000000149 &1000000000000006600000066 &1000000000000006600000066 &10000000000000441000000441 &10000000000000264000000264 +177 &1000000000000053000000053,0

Титули[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Португалија Бенфика[уреди | уреди извор]
1990-1991.
1992–1993
1989
Италија Јувентус[уреди | уреди извор]
1994–1995
1994–1995
1995
1995–1996
Германија Борусија Дортмунд[уреди | уреди извор]
1996–1997
1997
1996

Репрезентација[уреди | уреди извор]

1989

Тренер[уреди | уреди извор]

Унгарија Видеотон[уреди | уреди извор]
2011–2012
2011, 2012
Израел Макаби Тел Авив[уреди | уреди извор]
2013–2014
Швајцарија Базел[уреди | уреди извор]
2014–2015

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Panini, уред. (20126). Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. Vol. 11 (1994-1995). стр. 10. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. „Sousa geometra del gol: "Corro a regola d'arte". la Repubblica. 22 мај 1995.
  3. Stefano Agresti, Sousa si ribella: " Juve ingrata " in Corriere della Sera, 30 јануари 1996, p. 35.
  4. Stefano Agresti, Lippi: " Non ci sono più intoccabili " in Corriere della Sera, 2 јануари 1996, p. 31.
  5. Paul Saffer (4 јуни 2015). uefa.com (уред.). „Morata a caccia del bis“.
  6. Panini, уред. (2012). Calciatori ‒ La raccolta completa Panini 1961-2012. Vol. 14 (1997-1998). стр. 10.
  7. QPR axe Sousa after just 26 games, BBC Sport, 9 април 2009
  8. lcfc.com (уред.). „Sousa Joins Foxes“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2010-07-10. Посетено на 2015-09-27.
  9. TMW.com, уред. (15 мај 2011). „Ufficiale: Paulo Sousa nuovo tecnico del Videoton“.
  10. fcb.ch, уред. (17 јуни 2015). „FCB und Paulo Sousa beschliessen sofortige einvernehmliche Trennung“ (германски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-09-27.
  11. violachannel.tv, уред. (21 јуни 2015). „Пауло Соуса нов тренер на Фјорентина“ (италијански).
  12. Paulo Sousa, per il portoghese un biennale con opzione per il terzo anno fiorentina.it
  13. Fixtures Архивирано на 25 септември 2013 г.; at Maccabi's official website

Надворешни врски[уреди | уреди извор]