Прејди на содржината

Евровизија 2011

Од Википедија — слободната енциклопедија
Евровизија 2011
Eurovision Song Contest 2011
Домаќин Германија ARD/NDR
Локација Есприт Арена,
Диселдорф, Германија
Презентери Анке Енгелке
Штефан Раб
Јудит Ракерс
Победничка песна Азербејџан Азербејџан

Running Scared

Број на земји 43
Земји кои се вратиле Австрија Австрија

Италија Италија
Сан Марино Сан Марино
Унгарија Унгарија

Арена Дизелдорг – место каде се одржал настанот.

Евровизија 2011 — 56. натпревар за најдобра песна на Европа. Се одржа во Германија, која победи на Евровизија 2010, со песната „Satellite“ во изведба на пејачката Лена Мајер-Ландрут.

Официјалните датуми за полуфиналињата беа 10 мај и 12 мај 2011, а финалето се одржа на 14 мај 2011.[1]

Иако ЕБУ, како и минатата година работеше силно за да ги врати Италија, Австрија и Монако[2][3][4] повторно на сцена, Монако не испрати своја песна. Успехот на Германија во 2010 година, ја поттикна Австрија да направи враќање на Евровизија 2011.[3]

Историски факти

[уреди | уреди извор]

2011 година беше 3 пат за Германија да биде домаќин на Евровизија, а првпат таа да биде домаќин како обединета земја. Западна Германија ја организираше Евровизија во 1957[5] и 1983.[6]

Германија исто така е и првата земја од Големата четворка да победи на фестивалот од 2000 година, кога се направени и новите правила на Евровизија, кои дозволуваат четирите основачи на Евровизија - Германија, Франција, Велика Британија и Шпанија да се квалификуват директно во финалето, заедно со победникот од претходната година. Според правилата на ЕБУ во овој случај бидејќи Германија како дел од Големата четворка беше победник, имаше потреба и за 5 земја која би одела директно во финалето. Според ЕБУ, тоа беше Турција која заврши на 2-то место на Евровизија 2010.[7]

На 30 август 2010 година беше објавено дека Сванте Стокселиус, супервизорот на Евросонг, ќе ја напушти оваа функција на крајот на 2010, што значеше дека друга личност ќе биде поставена да раководи со улогата на генерален супервајзер за Евросонг 2011 во Германија.[8]

Град домаќин

[уреди | уреди извор]

Првично, осум германски града пројавија интерес да бидат домаќин на Евровизија 2011.[9] вклучувајќи ги Берлин, Хамбург, Хановер, Гелзенкирхен,[10] Диселдорф, Келн, Франкфурт и Минхен.[9]

На 21 август 2010 од германската телевизија НДР беше објавено дека четири од овие града официјално поднеле кандидатура за да бидат домаќини на Евросонг 2011 Берлин, Хамбург, Хановер, и Диселдорф.[11]

  Емитувачка област на НДР

Планови каде би бил одржан фестивалот во секој град апликант:[12]

  Земји учеснички
  Земји што не се квалификуваа за финалето
  Земјишто порано учествувале, но не учествуваа на Евровизија 2011
  • да се одржува фестивалот во Есприт Арената во Диселдорф
  • да се одржува фестивалот во егзибициска сала во Хамбург

Директорот на НДР Луц Мармор во интервју за весникот Хамбургер Абендблат на 31 септември истакна дека во почетокот на октомври е најверојатна дата за објавување на градот домаќин за Евросонг 2011.[13]

Учесници

[уреди | уреди извор]

Четириесет и три држави го потврдија своето учество за Евросонг 2011, вклучувајќи ја Австрија, која се врати на фестивалот неколку години од кога последен пат учествуваше на Евросонг 2007 во Хелсинки.[14] На 28 август 2010 година, на средба во Белград ЕБУ одлучи дека секоја држава мора да го одбере својот изведувач и песната пред 14 март 2011 година. На 14 март 2011, ждребката за редоследот беше одржана во градот домаќин.[15]

Полуфиналисти

[уреди | уреди извор]
  • Двете полуфиналиња се одржаа на 10 и 12 мај 2011.
  • Сите земји учеснички, освен големата четворка мораа да се напреваруваат во едно од двете полуфиналиња.
  • Десетте држави од секое полуфинале со највисок врој на бодови се квалификуваа во финалето.
  • Израел се натпреваруваше во второто полуфинале за да избегне неучествување поради религиски причини.[16]

Прво полуфинале

[уреди | уреди извор]
ред.бр. Учесник Јазик Изведувач Наслов на песна Превод Бодови Место
01  Полска Полски јазик Магдалена Тул Jestem Јас сум 18 19
02  Норвешка Англиски јазик, Свахили Стела Мванги Haba Haba Малку по малку 30 17
03  Албанија Англиски јазик, Албански јазик Aurela Gaçe Feel the passion Почувствувај ја страста 37 13
04  Ерменија Англиски јазик Еми Boom Boom 54 12
05  Турција Англиски јазик Јуксек Садакат Live It Up 47 14
06  Србија Српски јазик Нина Радојчиќ Čaroban(Чаробан) Магичен 67 8
07  Русија Англиски јазик Алекси Воробјов Get You 64 9
08  Швајцарија Англиски јазик Ана Росинели In Love for a While Вљубена на кратко 55 10
09  Грузија Англиски јазик Елдрин One More Day Уште еден ден 74 6
10  Финска Англиски јазик Paradise Oskar Da Da Dam 103 3
11  Малта Англиски јазик Глен Вела One Life Еден живот 54 11
12  Сан Марино Англиски јазик Сенит Stand By Застанат до 34 16
13  Хрватска Англиски јазик Дариа Кинзер Celebrate Прослава 41 15
14  Исланд Англиски јазик Sigurjón's Friends Coming Home Враќање дома 100 4
15  Унгарија Англиски јазик, Унгарски јазик Кати Волф What About My Dreams? Што со моите сништа? 72 7
16  Португалија Португалски јазик Homens da Luta A luta é alegria Борбата е радост 22 18
17  Литванија Англиски јазик Evelina Sašenko C'est ma vie Тоа е мој живот 81 5
18  Азербејџан Англиски јазик Ell и Nigar Jamal|Nikki Running Scared Трчам уплашен 122 2
19  Грција Англиски јазик, Грчки јазик Лукас Јоркас feat. Stereo Mike Watch My Dance Погледни го мојот танц 133 1
1.^ Вклучува две фрази на Француски јазик.

Второ полуфинале

[уреди | уреди извор]
ред.бр. Учесник Јазик Исполнувач Песна Превод Бодови Место
01  Босна и Херцеговина Англиски јазик, Босански јазик Дино Мерлин "Love in Rewind" 109 5
02  Австрија Англиски јазик Nadine Beiler "The Secret Is Love" Тајната е љубов 69 7
03  Холандија Англиски јазик 3JS "Never Alone" Никогаш сам 13 19
04  Белгија Англиски јазик Witloof Bay "With Love Baby" 53 11
05  Словачка Англиски јазик TWiiNS "I'm Still Alive" Сè уште сум жив 48 13
06  Украина Англиски јазик Mika Newton "Angels" Ангели 81 6
07  Молдавија Англиски јазик Zdob şi Zdub "So Lucky" Толку среќен 54 10
08  Шведска Англиски јазик Eric Saade "Popular" Популарен 155 1
09  Кипар Грчки јазик Christos Mylordos "San aggelos s'agapisa"
(Σαν άγγελος σ'αγάπησα)
I loved you like an angel
Те сакав како ангел
16 18
10  Бугарија Бугарски јазик Поли Генова "Na inat" (For spite) За инат 48 12
11  Македонија Македонски јазик, Англиски јазик Влатко Илиевски "Rusinka" (Russian girl) Русинка 36 16
12  Израел Хебрејски јазик, Англиски јазик Dana International "Ding Dong" Динг Донг 38 15
13  Словенија Англиски јазик Maja Keuc "No One" Никој 112 3
14  Романија Англиски јазик Hotel FM "Change" 111 4
15  Естонија Англиски јазик Getter Jaani "Rockefeller Street" 60 9
16  Белорусија Англиски јазик Anastasia Vinnikova "I Love Belarus" Ја сакам Белорусија 45 14
17  Латвија Англиски јазик Musiqq "Angel in Disguise" 25 17
18  Данска Англиски јазик A Friend In London "New Tomorrow" Ново утре 135 2
19  Ирска Англиски јазик Jedward "Lipstick" Кармин 68 8
Победниците Елдар Гасимов-Ell и Нигар Џамал-Nikki
Влатко Илиевски на настапот во Диселдорф
  • Финалето се одржа на 14 мај 2011.
  • Само државите кои ја формираат големата петорка автоматски се квалификуваат во финалето.
  • Од двете полуфиналиња на 10 и 12 мај 2011, дваесет држави се квалификуваа во финале. Вкупно дваесет и пет земји се натпреваруваа во финалето.[15]
ред.бр. Учесник Јазик Исполнувач Песна Бодови Место
01  Финска Англиски јазик Paradise Oskar "Da Da Dam" 57 21
02  Босна и Херцеговина Англиски јазик, Босански јазик Дино Мерлин "Love in Rewind" 125 6
03  Данска Англиски јазик A Friend In London "New Tomorrow" 134 5
04  Литванија Англиски јазик Evelina Sašenko C'est ma vie 63 19
05  Унгарија Англиски јазик, Унгарски јазик Кати Волф What About My Dreams? 53 22
06  Ирска Англиски јазик Jedward "Lipstick" 119 8
07  Шведска Англиски јазик Eric Saade "Popular" 185 3
08  Естонија Англиски јазик Getter Jaani "Rockefeller Street" 44 24
09  Грција Англиски јазик, Грчки јазик Loukas Giorkas feat. Stereo Mike Watch My Dance 120 7
10  Русија Англиски јазик Алекси Воробјов Get You 77 16
11  Франција Корзикански јазик Amaury Vassili Sognu 82 15
12  Италија Италијански јазик, Англиски јазик Raphael Gualazzi "Madness of Love" 189 2
13  Швајцарија Англиски јазик Ана Росинели In Love for a While 19 25
14  Обединето Кралство Англиски јазик Blue "I Can" 100 11
15  Молдавија Англиски јазик Zdob şi Zdub "So Lucky" 97 12
16  Германија (Host) Англиски јазик Lena "Taken by a Stranger" 107 10
17  Романија Англиски јазик Hotel FM "Change" 77 17
18  Австрија Англиски јазик Nadine Beiler "The Secret Is Love" 64 18
19  Азербејџан Англиски јазик Ell и Nigar Jamal|Nikki Running Scared 221 1
20  Словенија Англиски јазик Maja Keuc No One 96 13
21  Исланд Англиски јазик Sigurjón's Friends Coming Home 61 20
22  Шпанија Шпански јазик Lucía Pérez "Que me quiten lo bailao" 50 23
23  Украина Англиски јазик Mika Newton "Angels" 159 4
24  Србија Српски јазик Нина Радојчиќ Čaroban (Чаробан) 85 14
25  Грузија Англиски јазик Елдрин One More Day 110 9

Прво учество

[уреди | уреди извор]
  •  Лихтенштајн – Единствениот радиодифузен сервис на Лихтенштајн 1ФЛТВ (1 Fürstentum Liechtenstein Television) на 29 јули 2010 испрати апликација за членство во ЕБУ. Ако апликацијата беше прифатена, Лихтенштајн ќе можеше да испрати песна на Евровизија 2011.[17][18]
  •  Унгарија – Дуна ТВ беше во преговори со ЕБУ за да учествува на Евросонг. Унгарија се повлече од Евросонг 2009, кога претходниот дифузер Маѓар Телевизио (Magyar Televízió), го напушти фестивалот поради финансиски причини[19]
  •  Италија – На прес конференција за четвртото издание на Италијанскиот Х Фактор, директорот на РАИ 2 Масимо Лиофреди најави дека победникот на натпреварувањето би можел да ја претставува Италија на Евровизија, наместо да учестува на Санремо, како претходните години.[20][21] Со тоа што Италија одлучи да се врати на Евровизија, големата четворка стана голема петорка.[22]
  1. „ESC-Finale 2011 findet am 14. Mai statt“. NDR (германски). 30 June 2010. Посетено на 30 June 2010.[мртва врска]
  2. Phil Bosco expliqué a Eurovision info Архивирано на 6 април 2015 г. Eurovision Info
  3. 3,0 3,1 Wrabetz will ORF-Antreten "sicher überdenken" (германски). Der Standard. 2010-05-31. Посетено на 31 мај 2010.
  4. http://www.esctoday.com/news/read/12899
  5. „Eurovision History by Year (1957)“. EBU. Посетено на 29 мај 2010.
  6. „Eurovision History by Year (1983)“. EBU. Посетено на 29 мај 2010.
  7. „Rules for the Eurovision Song Contest“ (PDF). EBU. Посетено на 31 мај 2010.
  8. Bakker, Sietse (30 August 2010). „Svante Stockselius says Eurovision farewell“. European Broadcasting Union. Посетено на 30 August 2010. Text "EBu" ignored (help)
  9. 9,0 9,1 „GERMANY - Seven cities already declared interest“. Oikotimes. Архивирано од изворникот на 2010-06-02. Посетено на 31 мај 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  10. „Jetzt will auch Schalke den Grand Prix“ (германски). Bild.de. 1 June 2010. Архивирано од изворникот на 2011-01-22. Посетено на 1 June 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  11. Bakker, Sietse (21 August 2010). „Four cities in the running to host Eurovision 2011“. European Broadcasting Union. Посетено на 20 August 2010. Text "EBu" ignored (help)
  12. „Eurovision Song Contest - Lenas großer Triumph“ (германски). Stern.de. 23 August 2010. Посетено на 10 September 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  13. Renner, Von Kai-Hinrich (11 September 2010). „Karriere eines Fernsehmannes - Der Alltag von NDR-Intendant Lutz Marmor - Kultur & Live - Hamburger Abendblatt“ (германски). Hamburger Abendblatt. Посетено на 13 September 2010.
  14. Siim, Jarmo (27 July 2010). „Austria to pick in October?“. European Broadcasting Union. Посетено на 3 August 2010. Text "EBu" ignored (help)
  15. 15,0 15,1 Bakker, Sietse (28 August 2010). „Reference Group gathered in Belgrade“. European Broadcasting Union. Посетено на 28 August 2010. Text "EBu" ignored (help)
  16. Barak, Itamar (21 September 2010). „Israel to participate in 2nd semifinal of 2011“. ESCToday. Архивирано од изворникот на 2010-09-23. Посетено на 21 September 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  17. Hondal, Victor (30 July 2010). „Liechtenstein: 1FL expects "good chances" for Eurovision debut“. ESCToday. Посетено на 30 July 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  18. Klier, Marcus (31 July 2010). „Al Walser to meet with 1FL“. ESCToday. Архивирано од изворникот на 2010-09-06. Посетено на 31 July 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  19. Klier, Marcus (12 August 2010). „Hungary will comeback with new broadcaster“. ESCToday. Архивирано од изворникот на 2010-09-20. Посетено на 12 August 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  20. Victor, Hondal (6 September 2010). „Italy might return to Eurovision in 2011“. ESCToday. Архивирано од изворникот на 2010-10-01. Посетено на 6 September 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  21. Conti, Andrea (6 September 2010). „X Factor riparte da quattro giudici. Facchinetti: "Niente fango su Simona" - televisione -Tgcom - pagina 1“ (италијански). Mediaset. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 6 September 2010.
  22. „Svante Stockselius meets members of OGAE Serbia“. Oikotimes. 22 June 2007. Архивирано од изворникот на 2010-02-12. Посетено на 10 September 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]