Лена Мајер-Ландрут

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лена Мајер-Ландрут
Lena Meyer-Landrut at PC after 2010 Eurovision 2.jpg
Основни податоци
Родено име Лена Мајер-Ландрут
Познат(а) и како Лена
Роден(а) 23 мај 1991
Германија Хановер, Германија
Жанр(ови) поп, инди-поп
Занимање/ња пејачка
Години активност 2010 - денес
Веб-место www.lena-meyer-landrut.com

Лена Мајер Ландрут, позната како Лена (родена на 23 мај 1991[1] во Хановер) е германска пејачка, која ја претставуваше Германија на Евровизија 2010, која се одржа во Осло и победи со песната „Satellite“.[2]

Лена настапи со три песни на германскиот избор на песна за Евровизија 2010 Unser Star für Oslo (Нашата ѕвезда за Осло), со што стана првата пејачка која дебитирала со три песни меѓу првите пет на ранг листите во Германија. Песната „Satelite“ се најде на првото емсто и беше наградена со златна плоча.[3][4] Во мај 2010, Лена го издаде својот прв албум, насловен My Cassette Player, кој дебитираше на првото место на листата за албуми во Германија.[5]

Биографија[уреди]

По таткова линија, Лена Мајер-Ландрут е внука на германскиот дипломат Андреас Мајер-Ландрут.[6][7] Пораснала како единец, живеејќи со својата мајка во родниот Хановер.[8] Татко ѝ го напуштил семејството, кога таа имала само две години.[9] Веќе на петгодишна возраст, започнала да посетува курсеви по танцување. Најпрвин посетувала часови по балет и џез танци, но подоцна и модерни танци како хип-хоп.[10] Освен тоа, таа имала љубов и кон пеењето. Во 2007, заедно со еден школски другар, Лена го формирала музичкото дуо „Stenorette 2080“, коешто станало познато со снимањето на текстовите на нивните песни со диктофон.[11] Посветеноста на музиката ја продолжила со пеење на песни од други изведувачи, како оние на Clueso, Адел, Кејт Неш, Ванеса Карлтон и германската поп рок група Wir sind Helden.[10]

За приватниот живот на Лена малку е познато. Таа одговара ретко на прашањата од оваа тема на своите интервјуа.

Во 2009 година, Лена имала епизодна улога во телевизиските емисии: K11 – Kommissare im Einsatz, Helfen Sie mir! и Richter Alexander Hold.[12]

Кариера[уреди]

Unser Star für Oslo[уреди]

И покрај тоа што немала никакво пејачко искуство претходно,[13] Лена одлучила да учествува на емисијата за таленти Unser Star für Oslo (Нашата ѕвезда за Осло), којашто беше нов вид на емисија за избор на претставникот на Германија на Евровизија. Емисијата беше организирана од страна на националниот предавател ARD и приватниот телевизиски канал ProSieben, како и од музичкиот продуцент и водител Штефан Раб. Во конкуренција на 4.500 пријавени, таа беше избрана меѓу 20 завршни учесници во емисијата. Кога била запрашана за тоа што ја мотивирало да учествува, таа одговорила:

„Сакам да се испробам. Сакав да видам како се чувствувам и да слушнам што луѓето со познавање имаат да кажат за тоа. Лично, не можам целосно да си пресудам.“[7]

Лена во Хановер во март 2010

По нејзиното прво излегување на сцената, изведувајќи ја песната „My Same“ од британската пејачка Адел, Лена добила многу пофалби од жирито во емисијата и веднаш била проглаен за фаворит.[13] Следната седмица, песната „My Same“ се нашла на ранг листитата во Германија на 61. место.[14] Лена обезбедила учество во завршниот натпревар на Unser Star für Oslo, главно поради изведбата на помалку познати песни на меѓународно познати изведувачи како The Bird and the Bee, Кејт Неш, Паоло Нутини и Лиза Мичел. Од вкупно осумте препеани песни, дури пет се нашле на ранг листите во Германија, притоа заземајќи го и првото место.[15][16][17][18] Во завршницата на изборот, одржана на 12 мај 2010, Лена пеела три песни, кои биле специјално напишани за изборот: „Bee“, „Satellite“ и „Love Me“. Преку гласање на публиката, песната „Satellite“, чијшто текст го напишале Џули Фрост и Џон Гордон, била избрана за нејзин претставник, во случај да победи. Во вотриот круг од гласањето, Лена победила на изборот за претставник на Германија на Евровизија 2010, победувајќи ја Џенифер Браун.[19] Видео спотот за песната „Satellite“ бил објавен ноќта кога се одржала и завршницата на изборот, а на германската национална телевизија официјално бил претставен четири дена подоцна.[20]

За време на емисијата, на Лена се гледало како јасен фаворит за победа, што се одразило и на коефициентите на обложувањето на Интернет.[21] Еден ден по победата во емисијата Unser Star für Oslo, сите нејзини три песни, кои ги отпеала во завршницата на изборот се нашле на врвот на iTunes Store,[22] со што станала првата пејачка која го постигнала тоа.[23] Во првата седмица по изборот, песната „Satellite“ била подигната повеќе од 100.000 пати, со што станала најбрзо продаваниот германски дигитален производ некогаш.[24] Трите песни се нашле меѓу првите 5 песни на германската ранг листа, заземајќи ги првото, третотот и четвртото место, нешто што никој претходно го нема направено, откако ранг листата била составена во 1959 година.[25] Песната „Satellite“ ги исполни критериумите за да биде наградена со златна плоча по првата седмица и платинеста по четвртата седмица од нејзиното објавување.[24][26] Песната останала на првото место на ранг листите во Германија пет последователни седмици.[27] Во Австрија и во Швајцарија, песната се искачи до местото бр. 2 на ранг листите во обете земји.[28][29]

За време на настапот на Unser Star für Oslo, Лена продолжила да оди на училиште. Завршната емисија се одржала еден месец пред нејзините последни испити.[30] Пред испитите, таа го објавила нејзиниот прв албум, насловен My Cassette Player, на 7 мај 2010 година.[31] Во продукција на Штефан Раб, албумот ги вклучува песните: „Satellite“, „Love Me“ и „Bee“, како и две препеани песни и осум небјавени. Таа е заслужна како коавтор на текстовите на пет песни.[32] АЛбумот дебнитираше на првото место на ранг листата за албуми во Германија,[5] на третото место на ранг листите за албуми во Австрија и Швајцарија и на петтото место на ранг листата на европски 100 албуми, објавена од магазинот Billboard.[28][29][33]

Како последица на нејзиниот успех во Германија, Лена изјави дека ужива во пеењето како глумица,[7] но објасни дека „не е опседната со создавањето музика цел живот“.[34] Таа изјави дека сериозно планира да започне да посетува часови по музика по завршувањето на училиштето, но дека е несигурна во поглед на времето.[34] Таа, истот така изјави дека на неа влијаат пејачките Адел, Кејт Неш и Ванеса Карлтон, но и германскиот пејач Clueso и германската поп рок група Wir sind Helden.[35] Нејзиниот изведувачки стил беше опишан како оној на Лили Ален.[36]

Настапи на Unser Star für Oslo[уреди]

Емисија Песна Оригинален изведувач
1. емисија My Same Адел
3. емисија Diamond Dave The Bird and the Bee
4. емисија Foundations Кејт Неш
5. емисија New Shoes Паоло Нутини
6. емисија (четвртфинале) Mouthwash Кејт Неш
Neopolitan Dreams Лиза Мичел
7. емисија (полуфинале) Mr. Curiosity Џејсон Мраз
The Lovecats The Cure
8. Ausscheidungsshow (Finale) Bee дотогаш необјавена
Satellite
Love Me

Текстот за песната Love Me го напишала самата лена, а музиката ја компонирал Штефан Раб[37] Покрај оваа песна, и песните Bee и Satellite биле избрани во конкуренција на 300 други композиции, а песни со истите наслови исполнила и конкурентката на Лена, Џенифер Браун.

Победата на Евровизија 2010[уреди]

Лена Мајер-Ландрут во мај 2010, на првата проба пред финалната вечер на Евровизија 2010

Како претставник на една од четирите покровители на Евровизија, Лена имаше обезбедено директно учество во финалната вечер на фестивалот. Германија обезбеди вајлд-карта за време на ждрепката за настап на учесниците во финалето и од 25. изведувачи, германската делегација го одбра да настапи под реден број 22. Лена настапи во скромен црн фустан со четири, исто така облечени во црно, пратечки вокали. По завршувањето на гласањето, таа победи со 246 поени, со дури 76 повеќе од гвторопкласираната Турција и 84 повеќе од третопласираната Романија.[38]

Во следната табела е направен список на земји по бројот на поени кои ѝ ги доделија на Лена со песната „Satellite“

Земја Поени Приказ на картата на Европа
55th Eurovision Song Contest - Origin of the Votes for Germany.svg
Данска, Естонија, Финска, Летонија, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Словачка, Шпанија 12 поени
Албанија, Белгија, Литванија, Словенија, Турција 10 поени
Босна и Херцеговина, Ирска, Македонија, Србија 8 поени
Полска 7 поени
Хрватска, Русија 6 поени
Украина 5 поени
Малта, Холандија, Обединето Кралство, Кипар 4 поени
Бугарија, Франција, Исланд, Романија 3 поени
Грција 2 поени
Азербејџан, Португалија 1 поен
Ерменија, Грузија, Израел, Молдавија, Белорусија 0 поени

На изборот на песна на Еврвоизија 2010 гласаа сите 39 земји, кои земаа учество. Притоа, една земја не можеше да гласа за својот претставник, доколку истиот учествувал и во финалната вечер. Германија победи за втор пат на Евровизија, по победата на Никол во 1982.

Награди и номинации[уреди]

Номинации[уреди]

  • 2010: Comet- „Најдобра новајлијка“[39]

Дискографија[уреди]

Албуми[уреди]

Година Песна Место на ранг-листа Цертификација
(праг на продажба)
ГЕР
[5]
АУТ
[28]
ШВА
[29]
ЕУ
[33]
2010 My Cassette Player
  • Објавување: 7 мај 2010
  • Натпис: USFO, универзална музика
  • Формати: CD, дигитално подигнување
1 3 3 5
2011 Good News
  • Објавување: 8. Февруари 2011
  • Натпис: USFO, универзална музика
  • Формати: CD, дигитално подигнување
1 8

Синглови[уреди]

Година Песна Место на ранг-листа Цертификација
(праг на продажба)
Албум
ГЕР
[3]
АУТ
[28]
ШВА
[29]
ШВЕ
[40]
ЕУ
[41]
2010 Satellite 1 2 2 1 8
  • ГЕР: 3-златна плоча[4]
My Cassette Player
Bee 3 26 27  –  –
Love me 4 28 39  –  –

„Satellite“, „Bee“ и „Love Me“ се рангирани истовремено

Наводи[уреди]

  1. Interview Lena Meyer-Landrut: "An Kampf zu denken, liegt mir nicht" (германски)
  2. Eurovision Song Contest: Lena siegt in Oslo (германски)
  3. 3,0 3,1 „Positions for Lena Meyer-Landrut in the German singles chart“. musicline.de. http://www.musicline.de/de/chartverfolgung_summary/artist/Meyer-Landrut%2CLena%A5USFO/single. конс. 30 март 2010.  (германски)
  4. 4,0 4,1 Bundesverband Musikindustrie. Gold/Platin-Datenbank, Musikindustrie.de.(германски)
  5. 5,0 5,1 5,2 Chartverfolgung / Lena / Longplay Musicline.de. (германски)
  6. Musik: Lena Meyer-Landrut: Zwischen Grand Prix und Schulbank. Ad-hoc-news.de, 12 март 2010
  7. 7,0 7,1 7,2 Antje Harders: NACHGEFRAGT … bei Nachwuchstalent Lena Meyer-Landrut. Bunte, 11 февруари 2010, бр. 7, стр. 110
  8. Tina Stockhausen: Alle lieben Lena., RP-Online, 21 април 2010
  9. Seit 16 Jahren haben sich Lena Meyer-Landrut und ihr Vater Ladislas nicht gesehen, focus-online, 12 мај 2010
  10. 10,0 10,1 Profil, Eurovision.ndr.de
  11. Eva Mahle: Die Presse vom 10. April 2010: Eurovision Song Contest: Lena, Liebling der Nation
  12. Aufgeblasener Busenblitzer“, „Stern“, 4 мај 2010.
  13. 13,0 13,1 Fraczek, Jennifer. Kandidatin für Oslo: Wie aus Lena Meyer-Landrut plötzlich ein Star wird (германски)
  14. Chartverfolgung / Adele / Single, Musicline.de. (германски)
  15. Chartverfolgung – Nash, Kate – Foundations, Musicline.de. (германски)
  16. Chartverfolgung – Nutini, Paolo – New Shoes, Musicline.de. (германски)
  17. Chartverfolgung – Mitchell, Lisa – Neopolitan Dreams, Musicline.de.(германски)
  18. Chartverfolgung – Mraz, Jason – Mr. Curiosity, Musicline.de. (германски)
  19. Germany sends Lena Meyer-Landrut to the Eurovision Song Contest, ESCToday.com., 12 март 2010
  20. Lenas "Satellite" feiert Premiere auf fünf Sendern, DWDL.de., 24 март 2010 (германски)
  21. "Es ist ein Rausch", Eurovision.ndr.de., 12 март 2010 (германски)
  22. Lena Meyer-Landrut at number 1, 2 and 3 of German itunes charts, ESCToday.com., 13 март 2010
  23. Lena Meyer-Landrut: größter Download Hit der deutschen Geschichte, oljo.de., 13 март 2010 (германски)
  24. 24,0 24,1 Germany: Satellite to be certified gold, ESCToday.com., 22 март 2010
  25. Lena Meyer-Landrut schreibt Charts-Geschichte, Spiegel.de., 23 март 2010 (германски)
  26. Maier, Jens. Lena Meyer-Landrut: Satellite wird mit Platin ausgezeichnet, Stern.de., 14 април 2010 (германски)
  27. Charts KW 16: Unheilig zurück auf dem Thron, MusikWoche, 13 април 2010 (германски)
  28. 28,0 28,1 28,2 28,3 Discographie Lena Meyer-Landrut, Austriancharts.at., 25 април 2010 (германски)
  29. 29,0 29,1 29,2 29,3 Discography Lena Meyer-Landrut, Swisscharts.com., 25 април 2010
  30. Musik: Lena Meyer-Landrut: Zwischen Grand Prix und Schulbank, Ad-hoc-news.de., 12 март 2010 (германски)
  31. TV total Oslo spezial, Presseportal.de., 13 април 2010 (германски)
  32. (2010) Album notes for My Cassette Player by Lena [CD booklet and case back cover]. Universal Music Group.
  33. 33,0 33,1 European Top 100 Albums: Week of 22 мај, 2010, Billboard.com., 21 мај 2010
  34. 34,0 34,1 Germany sends Eurovision star Lena into orbit (Interview), Deutsche Welle, 13 април 2010
  35. Lena Meyer-Landrut, Eurovision.ndr.de., 24 март 2010 (германски)
  36. Алекс Харди во The Times Playlist, 29 мај 2010
  37. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  38. Germany Wins Eurovision Song Contest! на eurovision.tv, 30 мај 2010
  39. COMET 2010: Nominierungen stehen!, Viva.tv., 29 март 2010 (германски)
  40. „Заземеното место на Лена Мајер-Ландрут во Шведска“. Hung Medien. http://www.swedishcharts.com/showinterpret.asp?interpret=Lena+Meyer%2DLandrut. конс. 28 мај 2010. 
  41. European Hot 100, Billboard.com., 25 април 2010

Надворешни врски[уреди]

Претходник
Оскар и Алекс
со Miss Kiss Kiss Bang
Германија на Евровизија
2010, 2011
Наследник
Роман Лоб
со Standing Still
Претходник
Норвешка Александар Рибак
со „Fairytale
Победник на Евровизија
2010
Наследник
Ели и Ники
со Running Scared