Дино Мерлин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дино Мерлин
Dino Merlin
Дино Мерлив во 2008.
Биографски податоци
Родено име Един Дервишхалидовиќ
Познат(а) и како Дино Мерлин
Роден(а) 12 септември 1962
Потекло Сараево, СР Босна и Херцеговина, СФРЈ
Жанрови поп музика
Занимања пејач, текстописец и музичар.
Период на активност 1983–денес
Соработници Мерлин, Мустафа Сандал, Жељко Јоксимович, Здравко Чолич, Нина Бадрич, Емина Јахович, Весна Змијанац, Хари Мата Хари.
Мреж. место http://www.dinomerlin.com
Значајни инструменти
вокал, гитара, бас-гитара, клавир

Един Дервишхалидовиќ (босански: Edin Dervišhalidović) или познат како Дино Мерлин (роден 12 септември 1962 во Сараево ) е босански пејач, текстописец и музичар. Автор е на текстот на првата химна на Република Босна и Херцеговина "Jedna si jedina" (“Една си единствена“). Се смета за еден од најзначајните музичари во Босна и Херцеговина, но и на териториите на поранешна Југославија. Својата музичка кариера ја почнал со бендот Мерлин, но подоцна започнал своја соло кариера.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е 12 септември 1962 година во Сараево. Таму го поминал своето детинство и таму се школувал. Живее во Сарево.

Со групата Мерлин[уреди | уреди извор]

1983 година Дино ја основа својата музичка група Мерлин каде што пее и за која пишува текстови и музика. Со групата Мерлин снима 5 студиски албуми: Kokuzna vremena (1985), Teško meni sa tobom a još teže bez tebe (1986), Merlin (1987), Nešto lijepo treba da se desi (1989) i Peta strana svijeta (1990).

Соло кариера[уреди | уреди извор]

Својата соло кариера Дервишхалидович ја започнува во 1991 година под сценското име Дино Мерлин. Текстовите за масовната публика, произлегле од лично искуство, се една од главните причини која му овозможува да на босанската и регионалната музичка сцена се смета за еден од најголемите автори. Се почесто Дино употребува инструменти ориентална, етна музика, во склоп со новите звуци на електронската музика. Одличен пример за тоа е песната "Sam" со неговиот претпоследен албум "Sredinom".

Од 1991 до денес сними неколку албуми. Албумот "Sredinom" (2000)  беше еден од најпродадени, ако не и најпродаден албум на териториите на цела Југоисточна Европа во последни 10 години.

По појавувањето на албумот "Sredinom", Дино организира концерт во Сараево на кои доаѓа повеќе од 80.000 љубители на неговата музика. На својата долга листа со успеси, додава и две учества за национални избори за песна на Евровизија. 1999 година Дино Мерлин победува, па ја претставува Босна и Херцеговина на финалето на Евровизија во Ерусалим, освојувајќи седмо место. Дино Мерлин на на 56 натпреварување  на Евровизијата одржана во Германија, Босна и Херцеговина ја претставуваше со песната "Love in Rewind". Песната е премиерно изведена на BH Eurosong show  која е емитуван во живо на BHRT. За прв пат Дино испеа една песна на англиски јазик. Освои шесто место и го помина својот пласман од 1999 во Ерусалим, па постигнал втор најдобар пласман на Босна и Херцеговина на ова престижно такмичење. Со успех учествува и на неколку меѓународни фестивали ( Турција, Данска итн.)

Ден 30 мај 2014 година објавена е песната "Ruža (svako ima nekoga da mu ruke pruža)" која во едно и е прва песна со доаѓањето на 11. Албум.

Втора песна од албумот "Hotel Nacional", "Školjka", издадена е 15 јуни 2014 година на службениот YouTube канал на Дино Мерлин. Својата премиера ја доживеа исто така на државната телевизија на Босна и Херцеговина BHT во 23:30, точно пред историскиот натпревар на репрезентацијата на Босна и Херцеговина со Аргентина на Светското првенство во фудбал во Бразил.

Во јуни 2014 година на 8 место, албумот "Hotel Nacional" се најде на Billboard- на оваа светска топ листа.

На 25 јули 2015 година, Дино мерлин настапува на стадионот Asim Ferhatović Hase на Кошево каде го гледало 70,000 луѓе во рамките на светската турнеја "Hotel Nacional".Ден 2 април 2016 година Дино Мерлин во Зеничката (Арена) "Arenа" приреди концерт пред 12,000 луѓе, прв концерт во Зеница после 7 години.

Новогодишниот концерт одржан во Сараево 31.12.2016 година присуствувале 100 000 посетувачи.

Фестивали[уреди | уреди извор]

  • "Eurosong 1993." (како композитор на песната)
  • "Kopenhagen 1996."
  • "Turkovision 1997."
  • "Eurosong 1999." (како изведувач)
  • "Eurosong 2011." (како изведувач)

Награди[уреди | уреди извор]

  • "Davorin 2005"
  • Најдобра музичка продукција на албумот ("Burek")
  • Најуспешна интернационална музичка соработка (Dino Merlin i Nina Badrić, песната ”Ti si mene”)
  • Поп песна на годината (Dino Merlin i Željko Joksimović, песна "Supermen")

Поп изведувач на годината[уреди | уреди извор]

  • Поп албум на годината ("Burek")
  • Албум на годината ("Burek")

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

Албуми со бендот Мерлин[уреди | уреди извор]

Соло кариера[уреди | уреди извор]

Албуми во живо[уреди | уреди извор]
  • "Live Vječna vatra" - (1999)
  • "Live Koševo 2004" - (2005)
  • "Live Koševo 2008" - (2009)
Комплиции[уреди | уреди извор]
  • Balade - (1995)
  • Najljepše pjesme - (1995)
  • Rest of the best - (1995)
  • The best of Dino Merlin - (2001)
  • Platinum collection - (2006)
Бокс-сетови[уреди | уреди извор]

"Merlin 5 CD Box" - (2003)

Синглови[уреди | уреди извор]
  • "Med" (duet sa Eminom Jahović) - (2009)
  • "Love in Rewind" (nastup na Euroviziji 2011.) - (2011)
  • "Ruža (Svako ima nekoga da mu ruke pruža)" - (2014)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]