Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.784 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Двоичен часовник со светлечки диоди за изразување на двоичните вредности. На овој часовник, секоја колона диоди прикажува двоично шифриран декаден број од вообичаеното шеесетеречно (сексагезимално) време.
Двоичен часовник со светлечки диоди за изразување на двоичните вредности. На овој часовник, секоја колона диоди прикажува двоично шифриран декаден број од вообичаеното шеесетеречно (сексагезимално) време.

Двоичен броен систем (бинарен броен систем) — броен систем кој изразува бројчени вредности користејќи два симбола: 0 и 1, обично по пат на положбен запис со основа 2. Овој систем е од суштинско значење кај сите современи сметачи заради неговата примена во секое дигитално струјно коло со логички порти.

Историски, за творец на двоичниот броен систем се смета индискиот математичар Пингала, кој разработил математички начин на претставување на прозодијата. Оттогаш, се вршени различни проучувања и подобрувања на истиот, а во 1679 година, Готфрид Лајбниц дошол до неговиот современ облик, објавувајќи го во написот „Објаснение за двоичната аритметика“ (Explication de l'Arithmétique Binaire). Во него систем, тој за првпат ги употребил цифрите 0 и 1, исто како во современиот систем.

Еден двоичен број може да се претстави со било која низа на битови (двоични бројки), кои пак можат да се претстават со било кој механизам што може да биде во заемно исклучителни состојби. Бројчената вредност зависи од вредноста што ја претставуваат симболите. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Поглед на мостот „Луиш I“ во Порто, Португалија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Епрувети со раствори од pH 1–10 обоени со показател
Епрувети со раствори од pH 1–10 обоени со показател
На денешен ден…

Денес е 1 мај 2024 г.

Настани:

1707  Англија и Шкотска се обединуваат и го формираат Кралството Велика Британија
1834  Британските колонии го укинуваат ропството.
1886  Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет.
2001  Како реакција на Масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми.
2004  Естонија, Кипар, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка станаа членки на Европската Унија.
2019  Нарухито седнал на престолот на Јапонија, отстапен од неговиот татко, Акихито. Со ова е означен почеток на раздобјето Рејва во јапонската историја.

Родени:

1909  Јанис Рицос — грчки поет, добитник на Златниот венец на СВП.
1916  Глен Форд — канадско-американски глумец.
1924  Иван Антонов — доајен на македонското радио и телевизиско спикерство.
1927  Бернард Вукас — хрватски и југословенски фудбалер.
1929  Ралф Дарендорф — германски социолог.
1929  Станислав Микулски — полски глумец († 2014).
1934  Ширли Хорн — американска џез-музичарка и пејачка.
1947  Данило Попивода — словенечки и југословенски фудбалер.
1949  Пол Тејтул Сениор — основач на Оринџ Каунти Чоперс.
1955  СтефанАрхиепископ Охридски и Македонски.
1969  Вес Андерсон — американски режисер.
1971  Ненад Перуничиќ — српски и југословенски ракометар и тренер.
1982  Дарио Срна — хрватски фудбалер.
1985  Филип Ивановски — македонски фудбалер.
1987  Сашко Пандев — македонски фудбалер.
1987  Леонардо Бонучи — италијански фудбалер.

Починале:

408  Аркадијримски цар.
1118  Матилда — сопруга на кралот Хенри I.
1277  Стефан Урош I — крал на Србија.
1555  Марцел IIримски папа.
1572  Пиј V — римски папа.
1873  Дејвид Ливингстон — шкотски мисионер и истражувач.
1904  Антонин Дворжак — чешки композитор.
1945  Јозеф Гебелс — нацистички функционер како Министер за народна просвета и пропаганда.
1978  Арам Хачатурјан — ерменски композитор (р. 1903.)
1994  Ајртон Сена — бразилски возач во „Формула 1“.
2011  Осама бин Ладен — саудиски терорист, основач на Ал-Каеда.
2021  Олимпија Дукакис — американска глумица.
2022  Ивица Осим — босански и југословенски фудбалер и тренер.

Празници:

Меѓународен ден на трудот
САД — Ден на правото
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич