Иван Антонов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Иван Антонов (Хума, Гевгелија, 1 мај 1924 - Скопје, 14 декември 1983), доајен на македонското радио и телевизиско спикерство.

За сите генерации слушатели на Радио Скопје или гледачите на Телевизија Скопје, Антонов беше и ќе остане еден од ненадминатите спикери. Неговата спикерска дејност започнува од 1947 година. За својата работа и за извонредното залагање е одликуван со Орден на трудот со сребрен венец. Роден е во село Хума, гевгелиско, на 01.05.1924 година.