Пипки (галаксии)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пипки
Antennae Galaxies reloaded.jpg
Поглед на составниците NGC 4038 (горе) и NGC 4039 (долу) на слика од „Хабл
Податоци од набљудување (епоха J2000)
СоѕвездиеГавран[1]
Ректасцензија12ч 01м &1000000000000053000000053,0с / 12ч 01м &1000000000000053600000053,6с[2]
Деклинација−18° 52′ &1000000000000001000000010″ / −18° 53′ &1000000000000001100000011″[2]
Црв. помест.1642 ± 12 / 1641 ± 9 км/с[2]
Оддалеченост45 Мсг / 65 Ксг
Привидна величина (V)11,2 / 11,1[2]
Особености
ТипSB(s)m pec / SA(s)m pec[2]
Големина500.000 сг (150 кпс)[3][б 1]
Привидна големина (V)5′,2 × 3′,1 / 3′,1 × 1′,6[2]
Забележливи особеностизаемоделувачки галаксии
Други ознаки
Свиена Опашка,[2] NGC 4038 / 4039,[2]
PGC 37967 / 37969, Арп 244,[2] Колдвел 60/61, UGCA 264/265[2]

Пипки или Антени (NGC 4038/NGC 4039 или Колдвел 60/Колдвел 61) — пар заемоделувачки галаксии во соѕвездието Гавран. Тековно се во ѕвезодородна фаза, каде судирот на гасот и прашината, со вплетканите магнетни полиња, доведува до брзо создавање на ѕвезди. Откриени се од Вилијам Хершел во 1785 г.[4]

Општи информации[уреди | уреди извор]

Слика на Пипки направена со Ливерпулскиот телескоп.

Галаксиите се во судир и сместени се во групата NGC 4038 која опфаќа уште пет галаксии. Овие две се наречени „Пипки“ бидееќи двете долги опашки од ѕвезди, како и исфрлените гас и прашина од судирот наликуваат на пипки од инсект.

Јадрата на двете галаксии се соединуаат за да станат една џиновска галаксија. Највеќето галаксии дожувуваат барем еден значаен судир во нивниот животен век. Ова веројатно ќе му се случи и на нашиот Млчниот Пат кога ќе се судри со Андромеда. Оваа низа на судир и спојување (Томреова низа) во развојот на галаксиите е делумно производ на успешното моделирање водејќи се според галаксиите Пипки.

Во NGC 4038 се пронајдени пет супернови: SN 1921A, SN 1974E, SN 2004GT, SN 2007sr и SN 2013dk.[5]

Со поновите истражувања заклучено е дека овие заемодеувачки галаксии се помалку оддалечени од Млечниот Пат отколку што се мислело — на 45 наместо 65 милиони светлосни години.[6]

Сместени се 0,25° северно од 31 Пехар и 3,25° југозападно од Гама Гавран.[7]

Пипки содржат и релативно млади збирови од масивни збиени јата кои можеби се образувале како последица од судирот помеѓу нив.[8] Младоста на јатата се разликуваат од просечната старост на највеќето збиени јата (околу 12 милијарди години), при што нивното образување се случило веројатно поради ударни бранови создадени со галактичкиот судир, во најгустото подрачје на набивање на големи молекуларни облаци.

Историја[уреди | уреди извор]

Околу 1,2 милијарди години, Пипки биле две одделни галаксии.[9] NGC 4038 била пречкеста спирална галаксија, а NGC 4039 била спирална галаксија. Пред да се судрат, NGC 4039 била поголема од NGC 4038. Пред 900 милиони години, тие почнале да се приближуваат, на изглед слично како NGC 2207 и IC 2163. Пред 600 милиони години, галаксиите минале една низ друга, и тогаш изгледале како галаксиите Глувци. Пред 300 милиони години, обете галаксии почнале да раѓаат ѕвезди. Денес двата крака на исфрлени ѕвезди се протегаат многу подалеку од првичните галаксии, што им го дава обликот на пипки.

Во рок од 400 милиони години, јадрата на Пипки ќе се судрат и ќе станат едно јадро со ѕвезди, гас и прашина околу него. Набљудувањата и симулациите на судирот укажуваат на тоа дека тие со време ќе сочинат елиптична галаксија.[9]

Рендгенски извор[уреди | уреди извор]

Пронајдени се подрачја со големи количества на неон, магнезиум и силициум користејќи ги анализите на вселенската рендгенска опсерваторија „Чандра“. Ваквите тешки елементи се неопходни за настанок на живот. Сликаните облаци содржат 16 пати повеќе магнезиум и 24 пати повеќе силициум од Сонцето.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. R. W. Sinnott, уред. (1988). The Complete New General Catalogue and Index Catalogue of Nebulae and Star Clusters by J. L. E. Dreyer. Sky Publishing Corporation and Cambridge University Press. ISBN 978-0-933346-51-2.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 2,9 „NASA/IPAC Extragalactic Database“. Results for NGC 4038 / 4039. Посетено на 2006-12-07.
  3. Astronomy Picture of the Day Archive (28 April 2017). „Exploring the Antennae“. Посетено на 2018-05-01.
  4. „Corvus“. Universe Today. Посетено на 2006-12-07.
  5. „List of Supernovae“. IAU Central Bureau for Astronomical Telegrams. Посетено на 2015-08-22.
  6. „The Antennae Galaxies Found To Be Closer To Us“. Space Daily. 2008-05-12. Посетено на 2008-06-30.
  7. O'Meara, Stephen James (2002). The Caldwell Objects. Cambridge University Press. стр. 240–43. ISBN 978-0-521-82796-6.
  8. Van Den Bergh, Sidney (2001). „van den Bergh, How Did Globular Clusters Form?“. The Astrophysical Journal. 559 (2): L113–L114. arXiv:astro-ph/0108298. Bibcode:2001ApJ...559L.113V. doi:10.1086/323754. S2CID 44060272.
  9. 9,0 9,1 J. E. Barnes; L. Hernquist (1992). „Dynamics of interacting galaxies“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 30 (1): 705–742. Bibcode:1992ARA&A..30..705B. doi:10.1146/annurev.aa.30.090192.003421.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Наведената големина се води според претпоставената оддалеченост од околу 60 милиони светлосни години, иако во поново време оваа бројка е смалена на 45 милиони, што значи дека се со помали димензии.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001200000012ч &1000000000000000100000001м &1000000000000005300000053с, −&1000000000000001800000018° &1000000000000005200000052′ &1000000000000001000000010″