Либија
Либија ليبيا Lībyā
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: لحرية والعدالة والديمقراطيةr Слобода, правда, демократија |
||||||
Химна: Либија, Либија, Либија |
||||||
Главен град (и најголем) | Триполи | |||||
Службен јазик | Арапски | |||||
Демоним | Либиец / Либијка | |||||
Уредување | Унитарна полупретседателска уставна република под преоден совет | |||||
• | Претседател | Мохамед ал Менфи | ||||
• | Потпретседател | Муса Ал-Кони | ||||
• | Премиер | Абдул Хамид Дбеибех | ||||
• | Претседател на Претставничкиот дом | Агила Салех Иса | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1,759,541 км2 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2023 г. | ▲ 7,252,573 | ||||
• | Попис 2017 | ▲ 6,653,210 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $273.7 Милијарди | ||||
• | По жител | ▲ $36,662 | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $45.75 Милијарди | ||||
• | По жител | ▲ $6.716 | ||||
ИЧР (2021) | 0.718 висок |
|||||
Валута | либиски динар (LYD ) |
|||||
Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
НДД | .ly | |||||
Повик. бр. | 218 |
Либија — држава во Североисточна Африка на крајбрежјето на Средоземното Море. На исток се граничи со Египет,со Судан на југоисток, Чад и Нигер на југ, и Алжир и Тунис на запад. Зафаќа површина од 1.759.540 км2. Главен град е Триполи. Независна е од 1951 година, а република од 1969 со Првосептемвриската револуција. Од тогаш со државата управувал полковникот Муамер Гадафи, сè до неговото ликвидирање по Либиското востание. На власт во земјата е Националниот преоден совет, стациониран во Триполи, на чело со Мустафа Абдул Џалил контролира поголем дел од државата. ОН го признаваат Националниот преоден совет за легитимна власт во Либија. Приврзаниците на Гафафи ја нарекувале Либија како Големата Социјалистичка Народна Либиска Арапска Џамахирија. Населението се состои од Арапи и Бербери. Религијата е муслиманска. Службен јазик е арапскиот.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Рана историја
[уреди | уреди извор]Според археолошките проучувања, се смета дека либиското крајбрежје било населено уште во времето на неолитот пред околу 8.000 години.[1] Зборот Либија произлегува од грчкиот јазик, којшто се однесувал за Африка, и покрај тоа што во времето на старогрчката ера, ова се однесувало само за северниот дел на континентот. Тогашната територија на земјата, позната како Триполитанија, била провинција на Картагина. Во текот на 1 век, земјата била заземена од страна на Римското Царство. Во следните векови, територијата на денешна Либија била под контрола на различни култури и народи, како Фенекија, Картагина, Стара Грција, Римско Царство, Вандалска империја и Византија, кои со територијата управувале или целосно или само со дел од неа.
Пунско и исламско освојување
[уреди | уреди извор]Фенекијците биле првите народи кои воспоставиле трговска размена со Либија. До 5 век п.н.е. Картагина била најголема фенекиска колонија и најголемата своја администрација се наоѓала во Северна Африка каде била создадена цивилизација на Пуните. Пунските населби се наоѓале во Оа (Триполи), Лабдах (Лептис Магна) и Сабрата. Сите тие градови се наоѓале во областа која подоцна била наречена Триполис, или во превод “Три града“. Името на денешната престолнина Триполи води потекло од овие термини.
Старите Грци со источните делови на земјата завладеале во времето кога иселениците од островот Тера по заповед на оракулот на Делфи заминале од островот барајќи нов дом во Северна Африка. Во текот на 631 п.н.е. тие го основале градот Кирена, а во следните двесте години биле основани уште четири града.[2]
Римјаните успеале да ги обединат регионите Триполитанија и Кирена, и во следните 400 години овие области станале римски провинции.[3] Денеска, од античката грчка и римска култура, во земјата има многу малку зачувано, главно некое обележје ако се исклучат Лептис Магна, Кирена и Сабрафа.
Во текот на 7 век, римските колонии биле завладеани од страна на Арапите, во нивните освојување на Северна Африка, поточно во 644 година од страна на Укба ибн Нафи. По освојувањето на северниот дел од континентот на овие простори бил формиран Омејадскиот калифат. Во 750 година Омејадите биле заменети од страна на Абасидите. Во следните векови, голем број од староседелските народи го прифатиле исламот, како и арапскиот јазик и култура. Источниот дел од земјата бил под големо влијание на веќе исламизираниот Египет.[4]
Османлиска Либија
[уреди | уреди извор]Отоманските Турци земјата ја покориле во средината на 16 век, а трите провинции станале дел од вилаетите на империјата, со исклучоци, кога дел од земјата била во владеење на Караманлиската династија (1711-1835), кои владееле со Триполитанија со голема автономија. Во тоа врме била создадена првата понова историја на денешна Либија. Отоманска Триполитанија претставувал крајбрежен реон во Отоманското Царство во периодот од 1551 до 1911 година. Од 1864 година реонот бил претворен во вилает. Покрај Триполитанија, Барса исто така била дел од провинцијата[5].
Освојување
[уреди | уреди извор]До почетокот на 16 век либискиот брег имал минимална централна власт и најчесто била под владение на пиратите. Во 1510 година Шпанија го окупирала Триполи. Шпанските сили повеќе се занимавале со контролата на морето отколку со непријателите во земјата. Во 1530 година Малта заедно со Гоцо биле отстапени на витешкиот Малтешки ред како награда за нивната помош во војната за Родос против Османлиите. Христијаните со Триполи владееле до 1551 година кога територијата била заземена од познатиот отомански адмирал Синан Паша и Тургут Рејс. Тургут подцна бил прогласен за паша на Триполитанија. Слично како во останатите соседни земји, така и Триполитанија имала голема автономија во управувањето.
Така Магреб бил поделен на три провинции и тоа Алжир, Тунис и Триполи. По 1565 година администрацијата во Триполи била дадена на јаничарите кои станале доминантна сила во Либија.
Караманлиска династија
[уреди | уреди извор]Во 1711 година, Ахмед Караманли ја основал истоимената династија која со земјата владеела 124 години. Во тие години се случила и Либиската граѓанска војна (1791-1795). Во 1801 година Јусуф Караманли побарал зголемување на данокот на Соединетите Американски држави за заштита на нивната трговија од пирати. Но американската млада држава го одбила барањето и го блокирала пристаништето со Триполи каде војната траела до 1805 година.
Обнова на османлиската власт
[уреди | уреди извор]Во 1835 година владата на султанот Махмуд II ги искористила локалните нереди и ја вратил својата директна власт во земјата. Старото домородско движење на чело со Саид Мухамед Али повикало на спротивставување против османлиската власт.
Османлиско-италијанска војна
[уреди | уреди извор]Османлиско-италијанската војна била воен конфликт помеѓу Италија и Османлиското Царство, во периодот од 1911 до 1912 година. Во историографијата често е нарекувана Триполитанска војна. Воените дејствија заппочнале на 29 септември 1911 година, а мировниот договор бил потпишан во Лозана на 18 октомври 1912 година. Според договорот, територијата на денешна Либија попаднала под Италија[6].
Италијанска Либија (1911–1943)
[уреди | уреди извор]Од 1912 до 1927 година, територијата на Либија била позната како Италијанска Северна Африка. Од 1927-1934 година територијата била поделена на две колонии: италијанска Кирена и италијанска Триполитанија, кои биле предводени од италијански гувернер. Според некои извори, во текот на италијанската колонијална ера, во земјата починале помеѓу 20%-50% од населението во борбата за независност, главно по затворските кампови. Во Либија се населиле околу 150.000 Италијанци, сочинувајќи околу една петтина од вкупниот број на население.[7] Во 1934 година, Италија го усвоила името Либија, кое претходно било користено од страна на Старите Грци за територијата на Северна Африка, со исклучок на Египет. По започнувањето на Втората светска војна, во периодот од 1943-1945 година Триполитанија и Кирена биле под власта на Велика Британија, додека пак Франција раководела со Фезан. Во 1944 година, во земјата се вратил кралот Идрис I од егзил од Каиро. Тој бил водачот на востанието против италијанската окупација во периодот помеѓу двете светски војни, но по своето доаѓање тој одбил да ја контролира земјата под такви услови.
Независност
[уреди | уреди извор]Во 1947 година Италија се одрекла од сите права и целата територија на Либија. На 21 ноември 1949 година Генералното собрание на ООН донело одлука според која земјата би требало во следните години да стане независна држава. Така, земјата својата независност ја прогласила на 24 декември 1951 година, како прва држава која својата независност ја постигнала преку ООН и една од првите веќе поранешни европски колонии кои се стекнала со независноста. Либија била прогласена за уставна монархија на чело со кралот Идрис.
Пронаоѓањето на значајни нафтени резервати во 1959 година, придонело земјата од една сиромашна нација да стане една од најбогатите во Северна Африка и светот. Но, и покрај тоа што земјата била економски стабилна, сепак поради концентрацијата на националните блага под капа на кралот предизвикувало одредено незадоволство. На 1 септември 1969 година, мала група офицери предводена од страна на дваесетгодишниот офицер Моамер ал Гадафи задале удар против кралот. Во тоа време Идрис бил во Турција на медицински третман. Во негово име управувал Саид Хасан ар-Рида. Тој бил заробен од страна на револуционерите и ставен во куќен притвор. Во меѓувреме, револуционерите ја укинале монархијата, прогласувајќи ја земјата за нова Либиска арапска република. Гадафи станал „братски водач и водач на револуцијата“.
Управување на Гадафи
[уреди | уреди извор]По утврдувањето на својата власт, Гадафи го отфрлил советскиот комунизам и западниот капитализам како идеологија изјавувајќи дека ќе го следи Движењето на неврзаните. Односите помеѓу САД и Либија се заостриле на 2 декември 1979 година кога либиските војници ја нападнале американската амбасада во Триполи. Водачот за инцидентот изјавил дека претставува спонтена демонстрација и отфрлил секаква вмешаност во истиот. Во текот на мај 1980 година, САД ги повлекол сите свои дипломати од земјата, но не ги прекинал дипломатските односи. Во истата година, властите на Либија платиле 220.000 долари на Били Картер, братот на Џими Картер во обид да се постигнат подобри дипломатски односи помеѓу двете земји. На 6 мај 1981 година, во времето на Роналд Реган, САД ги обвинил либиските власти за помагање на меѓународниот тероризам. Сите либиски дипломати биле избркани од САД, а дипломатските односи со Либија биле прекратени. Како главен проблем, САД го гледал во помагањето на палестинските терористички групи, револуционерните групи во времето на Иранско-ирачката војна (1980-1988) како и многу други револуционерни движења по светот кои биле раководени од различни сепаратистички групи како Ирска републиканска армија, Баскиска татковина и слобода (ЕТА), Палестинска ослободителна организација и други.
Во текот на март 1982 година САД наложил ембарго врз увозот на либиска нафта и извозот на индустриските производи по потекло од Либија. САД ги нападнал либиските бродови во јануари 1986 година, а како несогласие бил заливот Сидра, кон кој Либија се стремила како своја територијална површина. На 14 април 1986 година американскиот претседател Реган дал налог за бомбардирање на Триполи и Бенгази. Жртвите биле околу 60 луѓе, помеѓу кои и посвоената ќерка на Гадафи. Во 1992 година биле наложени санкции кон Либија од страна на ООН поради рушењето на авионот Пан Ам 103 во шкотскиот град Локерби, кога загинале 270 луѓе. Атентатот дополнително ги влошил односите помеѓу Либија и европските западни земји. Во 2003 година, Либија се согласила да плати 2.700.000.000 долари како оштета за семејствата на загинатите. На 26 февруари 2004 година, ООН ги поништил санкциите кон Либија по 23 години.
Во 2011 започнало Либиското востание со цел на симнување на Гадафи од, во која режимот на Гадафи претрпе големи загуби поради масовноста на движењето и помошта од НАТО.
На 20 октомври 2011, Гадафи е фатен во тунел близу Сирт и застрелан од револуционерната војска.
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Либија зафаќа површина од 1,759,540 km2. Така, според нејзината територија таа се наоѓа на 17 место во светот. Таа приближно по големина е како американската држава Алјаска. Либија е ретко населена земја, чија економија се заснова исклучиво на големите нафтени деривати.
Либија на север излегува на Средоземно Море. На нејзина територија се наоѓа најголемиот средоземен залив во Африка по име Сидра. Со должина од 1.770 км, либискиот брег е најголемиот од сите земји кои граничат со Средоземно Море.[9][10] Во јужниот дел од земјата се наоѓа Сахара. Блиску до границата со Чад се наоѓа вулканот Тибести. Источно пак, како и дел од Египет, до реката Нил, се наоѓа Либиската пустина.
Политички систем
[уреди | уреди извор]Административна поделба
[уреди | уреди извор]На карта |
Округ | арапски | Админ. центар | Површина (км2) |
Население (2006) |
Густина (жит/км2) |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Бутнан | البطنان | Тобрук | 84.996 | 159.536 | 1,88 |
2 | Дерна | درنة | Дерна | 31.511 | 163.351 | 5,18 |
3 | Џебал ел-Ахдар | الجبل الاخضر | Бајда | 11.429 | 203.156 | 17,78 |
4 | Марџ | المرج | Марџ | 13.515 | 185.848 | 13,75 |
5 | Бенгази | بنغازي | Бенгази | 11.372 | 670.797 | 58,99 |
6 | Вахат | الواحات | Аџдабија | 108.523 | 177.047 | 1,63 |
7 | Куфра | الكفرة | Џаф | 433.611 | 50.104 | 0,12 |
8 | Сирт | سرت | Сирт | 86.399 | 141.378 | 1,64 |
9 | Мисурата | مصراتة | Мисурата | 29.172 | 550.938 | 18,89 |
10 | Маргаб | المرقب | Хумс | 6.796 | 432.202 | 63,60 |
11 | Тарабулус | طرابلس | Триполи | 835 | 1.065.405 | 1.275,93 |
12 | Џифара | الجفارة | Азизија | 2.666 | 453.198 | 169,99 |
13 | Завија | الزاوية | Завија | 2.753 | 290.993 | 105,70 |
14 | Нугат ел-Хумс | النقاط الخمس | Зуара | 6.089 | 287.662 | 47,24 |
15 | Џабал ел-Гарби | الجبل الغربي | Гарјан | 76.717 | 304.159 | 3,96 |
16 | Налут | نالوت | Налут | 67.191 | 93.224 | 1,39 |
17 | Џафра | الجفرة | Мадират Хун | 139.038 | 52.342 | 0,38 |
18 | Вади ел-Шати | وادي الشاطئ | Адири | 90.244 | 78.532 | 0,87 |
19 | Сабха | سبها | Сабха | 17.066 | 134.162 | 7,86 |
20 | Вади ел-Хајат | وادي الحياة | Авбари | 31.485 | 76.858 | 2,44 |
21 | Гат | غات | Гат | 68.482 | 23.518 | 0,34 |
22 | Марзук | مرزق | Мурзук | 356.308 | 78.621 | 0,22 |
Вкупно | 1.676.198 | 5.673.031 | 3,38 |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Либиската економија исклучиво зависи од нафтениот сектор на земјата, чии приходи се добиваат од извозот на истата, и тие приходи опфаќаат една четвртина од бруто-домашниот производ (БДП). Во 1980-тите, земјата била една од најбогатите земји на светот. БДП по глава на жител е повисок од оној на земји како Италија, Сингапур, Јужна Кореја, Шпанија и Нов Зеланд[14]. Престолнината Триполи е една од најголемите туристички атракции во светот.
Големите приходи на земјата која ги прибира од нафтата, како и малата популација која ја има земјата, придонело до обезбедување на висок стандард и голема социјална заштита на населението во земјата, посебно во областа на образованието и станбеното прашање.[15]. Но и покрај овие податоци, неврботеноста е на големо ниво во споредба со регионот, и истата изнесува околу 21%[16]
Климатските услови и слабата почва доведува до сериозно ограничување на земјоделското производство во земјата. Поради ова, Либија 75% од својата храна ја увезува. Исто така голем мпроблем е и водата[17][18]. Околу 25% од населението немаат пристап до чиста вода.
Во последните неколку години најголем раст доживува туризмот. Побарувачката за хотелско сместување и за капацитетот на аеродромите е зголемена. Неодамна од страна на либиските власти била одобрена голема сума на пари за обнова на аеродромите[19]. Во моментот, 130.000 туристи ја посетуваат земјата годишно. Либиската влада се надева дека ќе ја зголеми оваа бројка да 10.000.000 туристи.[20]
Демографија
[уреди | уреди извор]Етнички состав
[уреди | уреди извор]Според податоци од 2007 година, населението на Либија изнесува 6.036.914 луѓе. Околу 97% од населението на Либија е составено од Арапи и Бербери, а околу 0.4% се Италијанци.
Според територијата, Либија има мала популација која живее на голема површина. Густината на населеност е околу 50 лица на км2 (80/sq. МВР.) Во двете северни региони, Триполитанија и , живеат по едно лице на квадратен метар. Околу 80% од населението е градско, главно сконцентрирано во најголемите центри во земјата, Триполи, Бенгази и Ал Баида.[21] Околу 50% од населението е под 15-годишна возраст.
Старите Либијци се главно арапи и бербери. Во јужниот дел од земјата живеат племето Хауса и Тубу. Освен нив, во земјата се среќаваат и некои дојденци од соседните држави, пред сè од Египет и Северна Африка[22].
Либија е домаќин на голем број на илегално население. Се проценува дека нивниот број е околу 1.000.000 луѓе.[23] Во Либија има живее и една мала италијанска заедница. По прогласувањето на независноста, голем број на Италијанци заминале од овие простори, како и по доаѓањето на Гадафи на власт во 1970 година.[24]
Поголемиот дел од либијското население живеат во станбени простори и други независни станбени единици, во зависност од приходите и богатството на едно семејство. Сепак, има и голем број на Либијски Арапи кои традиционално живеат номадски начин на живот во шатори.[25] Сепак, овој начин на живот не е повеќе популарен кај месното население. Непознат број на Либијци сè уште живеат во пустина.
Религија
[уреди | уреди извор]Далеку од доминантна религија во Либија е исламот. Припадници на оваа религија се 97% од вкупниот број на население.[26] Најголемиот дел од либијските муслимани се приврзаници на сунитскиот ислам. Од 5% до 10% пак се дел од ибадитскиот ислам.
Пред 1930-тите, Сенуското движење било основно во земјата. Оваа движење главно го практикувало пустинскиот начин на живот. Оваа исламско движење било уништено од страна на италијанската инвазија, како и од страна на владата на Гадафи.[27] Денеска, самиот водач на земјата, Моамер ел Гадафи, се смета за побожен муслиман и смета дека неговата влада игре голема улога во исламскиот свет во Северна Африка[28].
Освен муслиманите, во земјата живеат и мал број на христијани. Од нив, Коптите и Египетската црква се најбројни. Во Либија живеат повеќе од 60.000 коптски христијани, односно околу 1% од населението.[29][30] Во Либија живеат ѝ околу 40.000 католици, чии заедници се наоѓаат во Триполи и Бенгази. Исто така постои и мала англиканска заедница, составена претежно од африканско население во Триполи.
Либија е дом на една од најстарите еврејски заедници на светот, кои датираат од околу 300 години пред нашата ера.[31] Во 1 век, еврејскиот историчар за Римското Царство, Јосиф Флавиус, истакнал дека 500.000 Евреи живеат во Либија. Во 1942 година, под притисок на фашистичка Италија, либијските муслимани создале неколку логори јужно од Триполи. Истата година, само во Гиадо починале околу 500 евреи од глад. Во текот на 1942 година, сите евреи на возраст од 18 до 45 години биле повикувани на принудителна работа. Во регионот на Триполитанија, околу 350 евреи биле депортирани од страна на Италијанците.
Либија од Италијанците била ослободена на 23 јануари 1943 година. Во текот на т.н. тридневен прогон, околу 140 Евреи биле убиени од страна на муслиманите, а неколку стотици биле прогонети. Ова довело до драстично намалување на бројот на евреите во земјата[32]. Во 1948 година во земјата имало околу 38.000 евреи. По прогласување на независност на Либија, голем дел од еврејската популација ја напуштила земјата.
Јазик
[уреди | уреди извор]Главен говорен јазик во земјата е арапскиот јазик, кој е зборуван од страна на 80% на Либијците. Тој е исто така и службен јазик во земјата. Берберските јазици ги зборуваат околу 20% од населението во Либија, иако немаат официјален статус. Тие се зборуваат од страна на Либијските Бербери и Туарези, кои живеат претежно во јужниот дел од земјата[33]. Освен овие јазици, во земјата, посебно во поголемите градови, се зборува и италијански и англиски.
Култура
[уреди | уреди извор]Музика
[уреди | уреди извор]Спорт
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Federal Research Division of the Library of Congress, (1987), "Early History of Libya", U.S. Library of Congress, Accessed July 11 2006
- ↑ Federal Research Division of the Library of Congress, (1987), "Cyrenaica and the Greeks", U.S. Library of Congress, Accessed 11 јули 2006
- ↑ Heuser, Stephen, (24 јули 2005), "When Romans lived in Libya", The Boston Globe Accessed July 18, 2006
- ↑ World Book 2005
- ↑ Thomas Salmon, Modern history or the present state of all nations, vol. 3, 1746, p. 84. Archibald Bower et al., An universal history: from the earliest accounts to the present time, 1760, vol. 18, p. 479.
- ↑ Country Profiles, (16 мај 2006), "Timeline: Libya, a chronology of key events" BBC News, Accessed 18 јули 2006
- ↑ Libya, Encyclopædia Britannica
- ↑ Blundy & Lycett 1987, стр. 18.
- ↑ (2005), "Demographics of Libya" Архивирано на 26 април 2004 г., Education Libya, Accessed June 29 2006
- ↑ (July 20 2006), "Field Listings - Coastlines" Архивирано на 16 јули 2017 г., CIA World Factbook, Accessed July 23 2006
- ↑ شعبيات الجماهيرية العظمى Архивирано на 7 февруари 2009 г., пров. 10 мај 2009
- ↑ „Статистики за населението на Либија“. Geohive. Посетено на 30 октомври 2009. (арапски) (англиски)
- ↑ „Окрузи во Либија“. Statoids.com. Посетено на 7 ноември 2010. (англиски)
- ↑ Philips' Modern School Atlas, 1987, 1983 GNP per capita figures are quoted in a list.
- ↑ United Nations Economic & Social Council, (February 16, 1996), "Libyan Arab Jamahiriya Report", Office of the United Nations High Commissioner for Human Rights. Retrieved July 14, 2006.
- ↑ (March 2, 2009), Libya's Jobless Rate at 20.7 Percent Архивирано на 20 октомври 2012 г., Reuters Africa. Retrieved March 2, 2009.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеspooks
. - ↑ (2001), "Safe Drinking Water" Архивирано на 14 ноември 2012 г., WHO/UNIADF Joint Monitoring Programme. Retrieved October 8, 2006.
- ↑ Jawad, Rana, (May 31, 2006), "Libyan aviation ready for take-off", BBC News. Retrieved July 22, 2006.
- ↑ Bangs, Richard; Ammar Mabrouk Eltaye. „Libya sees thriving tourism industry ahead“. MSNBC. Посетено на 2007-10-10.
- ↑ „Aljazeera.net - [[Al Jazeera]] News“. Архивирано од изворникот на 2010-09-10. Посетено на 2010-09-30.
- ↑ African immigrants flee Libya Архивирано на 29 август 2011 г.. AllBusiness.com. November 1, 2000.
- ↑ Marching orders for migrants in Libya?. BBC News. January 23, 2008.
- ↑ Libya – Italian colonization. Encyclopædia Britannica.
- ↑ Al-Hawaat, Dr. Ali, (1994), "The Family and the work of women, A study in the Libyan Society" National Center for Research and Scientific Studies of Libya. Retrieved July 19, 2006.
- ↑ Religious adherents by location, "'42,000 religious geography and religion statistics', Libya" Архивирано на 29 декември 2014 г. Adherents.com. Retrieved July 15, 2006.
- ↑ Federal Research Division of the Library of Congress, (1989), "The Sanusis", U.S. Library of Congress. Retrieved July 22, 2006.
- ↑ Federal Research Division of the Library of Congress, (1989), "Islam in Revolutionary Libya", US Library of Congress. Retrieved July 19, 2006.
- ↑ Tore Kjeilen. „Looklex Encyclopedia: 1% of Libya's population (6.1 million) adhere to the Coptic Orthodox faith“. I-cias.com. Посетено на 2010-05-02.
- ↑ "International Religious Freedom Report: Libya" Jewish Virtual Library. Retrieved July 19, 2006.
- ↑ The World Jewish Congress, "History of the Jewish Community in Libya" Архивирано на 25 април 2013 г., University of California at Berkeley. Retrieved July 16, 2006.
- ↑ Harris, David A. (2001), "In the Trenches: Selected Speeches and Writings of an American Jewish Activist", 1979–1999, pp. 149–150
- ↑ Anderson, Lisa, (2006), "'Libya', III. People, B. Religion & Language" Архивирано на 30 октомври 2009 г., MSN Encarta, Accessed July 17, 2006. 2009-10-31.
- Underground "Fossil Water" Running Out Brian Handwerk, National Geographic, May 6, 2010. (англиски)
- Libya turns on the Great Man-Made River Marcia Merry, Printed in the Executive Intelligence Review, September 1991. (англиски)
|
|