Прејди на содржината

Окрузи во Либија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Либија е поделена на 22 окрузи (арапски: شعبية „шабија“, мн. شعبيات „шабијат“). Поимот „шабија“ е неологизам измислен во времето на Гадафи како замена за претходните единици - „балдии“.

Земјата историски се дели на три поголеми покраини: Триполитанија на северозапад Киренајка на исток и Фезан на југозапад. Ова важело сè до Италијанско турската војна, кога во Либија е воведена административна поделба од современ тип.

Тековнните дваесет и два округа се воспоставени во 2007 г. со укинување на десет окрузи од претходната постава.[1][2][3] Тие се:

Карта на окрузите во Либија
На
карта
Округ арапски Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2006)
Густина
(жит/км²)
1БутнанالبطنانТобрук84.996159.5361,88
2ДернаدرنةДерна31.511163.3515,18
3Џебал ел-Ахдарالجبل الاخضرБајда11.429203.15617,78
4МарџالمرجМарџ13.515185.84813,75
5БенгазиبنغازيБенгази11.372670.79758,99
6ВахатالواحاتАџдабија108.523177.0471,63
7КуфраالكفرةЏаф433.61150.1040,12
8СиртسرتСирт86.399141.3781,64
9МисуратаمصراتةМисурата29.172550.93818,89
10МаргабالمرقبХумс6.796432.20263,60
11ТарабулусطرابلسТриполи8351.065.4051.275,93
12ЏифараالجفارةАзизија2.666453.198169,99
13ЗавијаالزاويةЗавија2.753290.993105,70
14Нугат ел-Хумсالنقاط الخمسЗуара6.089287.66247,24
15Џабал ел-Гарбиالجبل الغربيГарјан76.717304.1593,96
16НалутنالوتНалут67.19193.2241,39
17ЏафраالجفرةМадират Хун139.03852.3420,38
18Вади ел-Шатиوادي الشاطئАдири90.24478.5320,87
19СабхаسبهاСабха17.066134.1627,86
20Вади ел-Хајатوادي الحياةАвбари31.48576.8582,44
21ГатغاتГат68.48223.5180,34
22МарзукمرزقМурзук356.30878.6210,22
Вкупно
1.676.1985.673.0313,38

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. شعبيات الجماهيرية العظمى Архивирано на 7 февруари 2009 г., пров. 10 мај 2009
  2. „Статистики за населението на Либија“. Geohive. Посетено на 30 октомври 2009. (арапски) (англиски)
  3. „Окрузи во Либија“. Statoids.com. Посетено на 7 ноември 2010. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]