Ортов Облак: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 32: Ред 32:


{{-}}
{{-}}
== Белешки ==
{{reflist|group=note}}


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 12:48, 10 јуни 2018

На оваа графика е прикажано растојанието од Ортовиот облак до остнатите тела во Сончевиот систем и две од најблиските ѕвезди измерено во астрономски единици. Размерот е логаритамски, при што секое определено растојание е десет пати подлеку од претходното. Со црвената стрелка се означува местоположбата на Војаџер 1, вселенска сонда која ќе биде во Ортовиот облак за 300 години.
Уметнички приказ на Ортовиот облак и Кајперовиот појас. Големините не се реални, целта е да се има поголема прегледност.


Ортов Облак[1] — именуван според холандскиот астроном Јан Орт, понекогаш наречуван и Опик–Ортов Облак,[2] теориски облак претежно составен од ледени планетизимали за кои се верува дека се на растојанија од Сонцето на растојанија од 50,000 and 200,000 ае (0.8 and 3.2 сг).[note 1][3] Поделен е на две области: првата во облик на диск или внатрешен Ортов Облак (или Хилсов Облак) и сферен надворешен Ортоб Облак. Двете области се наоѓаат зад хелиосферата и во меѓуѕвездената средина.[3][4] Кајперовиот појас и расеаниот диск, останатите два извори на Заднептунски тела, се на растојание од една илијадинка од Сонцето колку од Ортовиот Облак.

Надворешната граница на Ортовиот Облак ја определува космографската граница на Сончевиот систем и е продолжение на сончевата Хилова сфера.[5] Надворешниот Ортов Облак е слабо сврзан со Сончевиот систем, и затоа лесно може да биде под гравитационо влијание на ѕвездите во минување и самиот Млечен Пат. Овие сили понекогаш поместуваат комети од нивните орбити во облакот и ги насочуваат кон внатрешниот Сончев систем.[3] Засновано на нивните орбити, повеќето од краткопериодичните комети можно е да потекнуваат од расеаниоот диск, нои некопи можно е да потекнуваат од самиот Ортов Облак.[3][6]

Астрономите се сложуваат дека материјалот од кој се состои Ортовиот Облак се создал близу до Сонцето и бил расеан во просторот од гравитационите ефекти на џиновските планети во почетокот на развојот на Сончевиот систем.[3] Иако не постојат директни потврдни набљудувања на Ортовиот Облак, можно е да е изворот на сите долгопериодични и комети од Халеевиот тип кои навлегуваат во внатрешниот Сончев систем, и истот така е извор на кентаурите и кометите од Јупитеровото семејство.[6]

Хипотеза

Во 1932 година естонскиот астроном Ернст Опик ја изнел претпоставката дека долгопериодичните комети се однесуваат на орбитирачкиот облак на крајната граница со Сончевиот систем. Холанѓанецот Јан Хенрик Орт ја развива претпоставка и поставил хипотеза за постоењето на облакот на основа на надгледувањата на орбиталните карактеристики на долгопериодичните комети. Идејата е да се заснова на факти дека при поминувањето покрај Сонцето кометата губи дел од својата маса, така што веот им е ограничен на сите 10.000 поминувања. Со обзир на тоа дека некој комети имаат многу кратки периоди (Халијевата комета-76 години), а да се појавува често, тогаш, кога тоа ќе се спореди со стариот Сончев систем (околу 4 и пол милијарди години), тогаш мора да постои некој извор на комети во просторот на работ на Сончевиот систем. Според хипотезата на Ортовиот облак, облакот се наоѓа на 50.000 Астрономски Единици од Сонцето, а се протега и до 200.000 Астрономски Единици далеку во вселената. Сепак модерните проценки говорат дека внатрешната граница на Ортовиот облак на 2000-5000 Астрономски Единици, а проценките за надворешната граница одат од 50000 Астрономски Единици па се до 200.000 Астрономски Единици што е половина пат до најблиската ѕвезда. Се претпоставува дека се состои од околу 500 милијарди кометни јадра кој се потполно зелени поради слабата радијација на Сонцето на таа оддалеченост. Со обзир на огромната димензија на облакот и покрај големиот број на комети, јадрата на кометите се меѓусебно оддалечени десетици милиони километри. Вкупната маса на материите во Ортовиот облак е околу 40 Земјини маси (некои проценки дури и до 100). Гравитацијата на Сонцето е слаба така што на движењето на телата во Ортовиот облак влијаат и соседните ѕвезди. Надворешните гравитациони впечатоци лесно го исфрлаат јадрото на кометите од облакот и го насочуваат кон внатрешноста на Сончевиот систем. Освен околните ѕвезди голем впечаток на мрдањето на јадрото на кометите може да имаат и големи облаци на молекуларниот водород од кој настануваат нови ѕвезди и нивните системи, а кои наидуваат во просек еднаш во 300-500 милиони години, како и галактичките плимни сили кој се последица на различните оддалечености од Сонцето икомета од средишниот дел на Млечниот пат. Овие сили можат да исфрлат јадро на комета од Ортовиот облак во меѓуѕвездени простори или да гои насочато кон Сонцето. Од таа причина Ортовиот облак е извор на долгопериодични комети.

Поврзано


Белешки

  1. The Oort cloud's outer limit is difficult to define as it varies over the millennia as different stars pass the Sun and thus is subject to variation. Estimates of its distance range from 50,000 to 200,000 AU.

Наводи

  1. „Oort“, Oxford English Dictionary (3rd. изд.), Oxford University Press, September 2005 Invalid |mode=CS1 (help) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Whipple.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Morbidelli2006.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име jpl.PIA17046.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NASA_SSE_oort.
  6. 6,0 6,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име emel2007.

Надворешни врски

Предлошка:Comets