2012: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: os:2012-æм аз
с r2.7.1) (Бот Брише: rmy:2012
Ред 231: Ред 231:
[[crh:2012]]
[[crh:2012]]
[[ro:2012]]
[[ro:2012]]
[[rmy:2012]]
[[qu:2012]]
[[qu:2012]]
[[ru:2012 год]]
[[ru:2012 год]]

Преработка од 08:30, 17 февруари 2012

< XX век XXI век XXII век >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 100

2012 (MMXII) е моментната година. Таа е престапна година која започнува во ден недела според Грегоријанскиот календар, а воедно е и дванаесеттата година од 3 милениум и 21 век, како и трета од 2010-тите.

Очекувани настани

јануари

мај

јуни

јули

ноември

декември

  • декември - претседателски избори во Јужна Кореја.
  • 21 декември - завршува големиот циклус според календарот што го користела најмногу цивилизацијата на Маите.[3] Значењето на овој ден за Маите не е сосема познат, но најдени се текстови од тоа време каде се споменува. Исто така е најден овој ден запишан на ѕидовите од „Храмот на записи“ во Паленка.[4]
  • 23 декември - се смета за алтернативен ден за завршување на овој голем циклус во мајанскиот календар, според „астрономската корекција“.[5]

Непознати датуми

Космолошки претпоставки

Џон Мејџор Џенкинс и некои други[6] сметаат дека кога Сонцето ќе изгрее на хоризонтот на 21 декември 2012 година, ќе се најде во центарот на галаксијата Млечен пат, и ќе се случи израмнување, односно во иста линија ќе се најдат Земјата, Сонцето и галактичкиот центар.[7] Се смета дека овој настан ќе предизвика бројни промени на Земјата. Но, овој настан е само визуелен феномен гледано од перспектива на Земјата, предизвикан од прецесијата на еквинокс, и не би требало да предизвика било каква промена на позицијата на нашата планета во галаксијата. Накратко, не се очекуваат никакви гравитациски сили или радијација, па според тоа овој ден не би требало да биде ништо поинаков од било кој друг солстициум. [8][9][10]

Мајкл Царион [11] и некои други сметаат дека на тој ден израмнувањето ќе се случи во иста хоризонтална рамнина со галаксијата Млечен пат. Нашиот Сончев систем се врти околу центарот на галаксијата на секои 225 милиони години, и во тоа свое движење оди горе и долу сечејќи ја рамнината на секои 33 милиони години. Според списанието „Природа“ (Nature), постојат докази дека ние се оддалечуваме од галактичката рамнина, и нема да ја пресечеме во наредните 30 милиони години.[12]

Исто така постојат теории поврзани со моментално непознатата планета, наречена планета икс или Нибиру, која има чудна орбита и влегува во нашиот Сончев систем на секои 3600 години, а во 2012 се враќа овде и ќе предизвика бројни проблеми. [13] Оваа идеја ја лансирал Зехарија Сичин со своите преводи на сумерските текстови, а посебно со својата интерпретација на цилиндричниот печат VA 243, во кој наоѓа потврда дека Сумерите знаеле за постоењето на 12 планети во нашиот Сончев систем (Сонце, Месечина и десет други).[14][15]

Според едно друго можно сценарио, постои можност за измена на магнетните полови на Земјата, што би предизвикало да бидеме ранливи на сончевата радијација.[16] Но, НАСА тврди дека измена на половите не се случува во еден конкретен ден, туку тоа е процес кој се случува во текот на илјадници години.[17]

Некои сметаат дека нема да дојде до промена на магнетните полови, туку дека тие физички ќе ги сменат местата. Се знае дека Земјата веќе има поместена оска за неколку степени, но не постои причина дека може да дојде до целосно извртување. Според Вилијам Сејџер, океанограф од Тексас, ваков настан не може да се случи во текот на еден ден, туку само во текот на долг период.[18]

Метафизички настани

Некои припадници на движењето њу ејџ сметаат дека 2012 е значајна година за духовна трансформација (според некои пак, година на апокалипса). Своите претпоставки ги базираат врз мајанските текстови како што се Попол Вух и книгите на Чилам Балам, напишани после шпанските освојувања на Америка. Постои несогласување дали во 2012 година ќе се случи крај на цивилизацијата или пак човештвото ќе се издигне на „повисоко“ ниво.[19]. Повеќето езотерички извори кои го интерпретираат мајанскиот календар, сметаат дека ќе се случи голема промена во светскиот поредок.

Неколкумина автори веќе издадоа книги во кои ги изнесуваат своите сомневања во врска со измената на светскиот поредок што треба да се случи во 2012 година:

  • Во 1997 година, Библискиот код од Мајкл Дроснин изнесува дека постои можност астероид или комета да се судри со Земјата.
  • Во 2006 година, 2012: Враќањето на Квацелкоатл од Даниел Пинчбек изнесува теории за можно глобално будење и психичка поврзаност во 2012 година.
  • Рилеј Мартин тврди дека вонземјани ќе ни дозволат да се качиме на нивниот вселенски брод откако Земјата ќе доживее трансформација во 2012 година.
  • Теренс МекКена со своите нумеролошки теории смета дека ќе се случи голем напредок во свесноста на луѓето.
  • Денион Бринкли во неговата книга од 2007 година, Тајните на светлината, предвидува дека во 2012 година луѓето ќе доживеат неочекувана ментална и духовна трансформација, предизвикана од големата физичка промена на Земја.[20]

Големи верски празници


Наводи

  1. http://kurir.mk/svet/vesti/55610-Hristijanstvoto-i-semejstvoto-osnova-na-noviot-Ustav-vo-Ungarija
  2. Homepage - London 2012
  3. See Finley (2002), Houston (1989, pp.49–51), Miller and Taube (1993, pp.50–52), Voss (2006, p.138), Wagner (2006, pp.281–283). Note that Houston 1989 mistakenly writes "3113 BC" (when "-3113" is meant), and Miller and Taube 1993's mention of "2 август" is a (presumed) erratum.
  4. Wagner (2006, p.281; also ill.443).
  5. After a modified proposal championed by Floyd Lounsbury; sources that have used this correlation include Houston (1989, p.51), and in particular Schele and Freidel (1990, pp.430 et seq.). See also commentary by Finley (2002), who although making an assessment that the "[584285 correlation yielding end-date of December 23] is now more popular with Mayanists", expresses a personal preference for the 584283 correlation.
  6. Предлошка:Цитирана книга
  7. Предлошка:Цитирана веб страница
  8. Предлошка:Цитирана веб страница
  9. Предлошка:Цитирана веб страница
  10. Предлошка:Цитирана веб страница
  11. The Future of Mankind. [video presentation]. Los Angeles: Grenada forum. 
  12. Предлошка:Цитирана веб страница
  13. Предлошка:Цитирана веб страница
  14. Предлошка:Цитирана веб страница
  15. Предлошка:Цитирана веб страница
  16. Nostradamus 2012. [video presentation]. The History Channel. 
  17. Предлошка:Цитирана веб страница
  18. Предлошка:Цитирана веб страница
  19. Predictions that the world's end or a major transition will come on or about 2012-DEC-21, Religioustolerance.org
  20. Brinkley, Dannion. (2007) Secrets of the Light. New York: Harper One.