Прејди на содржината

Римски бројки

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Римски броеви)
Бројни системи кај разни
народи и култури
Индоарапски броеви
Западноарапски • Источноарапски
Бенгалски • Гуџаратски • Гурмухски • Деваганарски (Индиски) • Синхалски • Тамилски
Балиски • Бурмански • Ѕонгкански (Бутански) • Јавански • Кмерски • Лаоски • Монголски • Тајландски
Источноазиски броеви
Виетнамски
Јапонски
Кинески
(Суџојски)
Корејски
Стапчиња
Хокиенски
Азбучни броеви
Абџадски
Арјабатини
Гиски (Етиопски)
Грузиски
Грчки
Ерменски
Кирилични
Римски
Хебрејски
Други системи
Атички
Брамански
Вавилонски
Глаголични
Егејски
Египетски
Етрурски
Инуитски
Кипу
Кхаростенски
Мајански
Муискански
Поле со урни
Праисториски
Чувашки
Десетични (10)
1, 2, 3, 4, 5, 6, 8, 12, 16, 20, 30, 36, 60 повеќе…

Римските бројки се броен систем кој потекнува од Стариот Рим, а доста се користел и во средниот век, со мали измени. Броевите наведени во табелата се третирале како „основни“ и за нив постоеле основни знаци.

Арапски Римски
1 I
5 V
10 X
50 L
100 C
500 D
1000 M

Останатите броеви се добиваат со додавање или одземање на знаци. На пример броевите после основниот број во горната табела се добиваат со додавање на знаци до „трето ниво“ а броевите непосредно до основниот број се добиваат со одземање на знак лево од претходниот основен број.

Пример 2 се добива со додавање на еден знак I до I, 3 со додавање на 2 знака II до I, 8 со додавање на 3 знака до V, 30 додавање на 2 знака XX до X. Додека пак броевите 4, 9, 40 итн. се добиваат на следниот начин. Пред бројот 5 (V) се става знак I (што значи 5-1 = 4) и IV e бројот 4. Пред X се става знакот I и се добива бројот IX (односно 10 - 1 = 9). Пред L се става X и се добива XL (т.е. 50-10=40). Пред М се става C и се добива CM (т.е. 1000-100=900), итн.

Еве некои римски броеви:

Арапски број Римски број
1 I
2 II
3 III
4 IV
5 V
8 VIII
9 IX
10 X
20 XX
22 XXII
40 XL
50 L
79 LXXIX
90 XC
100 C
149 CXLIX
399 CCCXCIX
400 CD
500 D
900 CM
1000 M