Тетеров
| Тетеров | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
| Округ | Росток |
| Градоначалник | Рајнхард Детман |
| Основни податоци | |
| Површина | 47,17 км2 |
| Надм. височина | 10 м |
| Население | 8.434 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 179 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | LRO |
| Пошт. бр. | 17166 |
| Повик. бр. | 03996 |
| Портал | www.teterow.de |
| Местоположба на градот Тетеров во рамките на округот Росток | |
| Координати | 53°46′N 12°34′E / 53.767°N 12.567°E |
Тетеров (германски: Teterow) — град во округот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Претставува географски центар на покраината Мекленбург-Западна Померанија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Мекленбуршка Швајцарија, иако самиот не е дел од општинската заедница.
Во близина на градот се наоѓа Тетеровското Езеро.
Историја
[уреди | уреди извор]
Градската црква Св. Петар и Павле (Stadtkirche St. Peter und Paul) била изградена во 1215 во доцен романескнен и готски стил.
Зачувани се две порти од средновековните бедеми: Малхинска порта (Malchiner Tor) од XIV век, денес дом на музејот за локална историја, и Росточка порта (Rostocker Tor).
Градското собрание се наоѓа на главниот плоштад. Било изградено во 1910 во необарокен стил.
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Улрих Адам (р. 1950) — политичар
- Херта Боте (р. 1921) — воен злосторник
- Ханс Г. Хелмс (1932–2012) — писател и композитор
- Герд Кише (р. 1951) — поранешен германски фудбалер
- Рене Ланге (р. 1988) — германски фудбалер
- Јохан Хајнрих фон Тинен (1783–1850) — познат економист
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Тетеров“ на Ризницата ? |
|
| Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

