Крепелин

Координати: 54°04′N 11°47′E / 54.067° СГШ; 11.783° ИГД / 54.067; 11.783
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крепелин
Административна зграда во Крепелин
Административна зграда во Крепелин
Административна зграда во Крепелин
Грб на Крепелин
Крепелин во рамките на Германија
Крепелин
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Росток
Градоначалник Паул Шлутов (независен)
Основни податоци
Површина 67,26 км2
Надм. височина 60 м
Население 4.789 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 71 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LRO
Пошт. бр. 18236
Повик. бр. 038292, 038294
Портал www.kroepelin.de
Местоположба на градот Крепелин во рамките на округот Росток
Карта
Карта
Координати 54°04′N 11°47′E / 54.067° СГШ; 11.783° ИГД / 54.067; 11.783

Крепелин (германски: Kröpelin) — град во округот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 9 километри југозападно од Бад Доберан и 23 километри западно од Росток.

Крепелин првпат се појавил во документите во 1177 како Крапелин (Crapelin), населба со вендско потекло. Името на градот веројатно потекнува од словенскиот збор „крепелице“, кој означува место на препелица. Крепелин добил градски права во 1249.

Градот преживеал многубројни уништувачки пожари во текот на неговата историја, во 1377, 1560, 1580, 1738 и 1774.[2]

На почетокот на XIX век дошле Евреи во Крепелин. Еврејската заедница изградила гробишта надвор од градот во 1821. Во текот на погромот од 1938 биле осквернавени од нацистите и останале само руини. По Втората светска војна била поставена спомен-плоча за оние членови на еврејската заедница од градот, кои умреле во холокаустот. Во 2012, гробиштата биле предмет на бројни антисемитски напади.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)
  2. Kröpelin Council (1999) The History of Kröpelin, Part I, Kröpelin P241-242
  3. „Rostock, Germany - Swastikas Sprayed On Tombstones In Kroepelin Cemetery“. VINNews.com. Посетено на 12 септември 2012.
  4. „Jewish cemetery defaced“. CFCA. Архивирано од изворникот на 2020-08-12. Посетено на 12 септември 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]