Грал-Мириц
| Грал-Мириц | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
| Округ | Росток |
| Градоначалник | Франк Гизе |
| Основни податоци | |
| Површина | 8,34 км2 |
| Надм. височина | 2 м |
| Население | 4.183 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 502 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | LRO |
| Пошт. бр. | 18181 |
| Повик. бр. | 038206 |
| Портал | www.graal-mueritz.de |
| Местоположба на Грал-Мириц во рамките на округот Росток | |
| Координати | 54°15′N 12°15′E / 54.250°N 12.250°E |
Грал-Мириц (германски: Graal-Müritz) — општина и приморско одморалиште во округот Росток, во Мекленбург-Западна Померанија, во Германија.
Грал-Мириц се наоѓа меѓу најпопуларните германски туристички одредишта, како и за лечење и одмор. Излегува на Балтичкото Море, а околу него се протега голема шума. Во општината има многу хотели, ресторани, голема плажа долга пет километри, простран јавен парк на родондендрони. Постојат возови на секој час до Росток, а патувањето трае триесетина минути.
Музеи
[уреди | уреди извор]Грал-Мириц поседува сопствен музеј за локалната историја наречен Хајматштубе (Heimatstube). Во областа постојат неколку големи музеи, како Германскиот бродски музеј во Росток, Германскиот килибарен музеј во Рибниц-Дамгартен или Германскиот поморски музеј во Штралзунд.
Спорт
[уреди | уреди извор]Локалниот спостски клуб Грал-Мириц настапува во покраинската лига. Плажата и околината се одлични места за пливање, шетање, велосипедизам, рибарство и трчање.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Крајбрежната патека во Грал-Мириц
- Парк на рододендрони
- Ветерница во Грал-Мириц
- Бањска архитектура во Грал-Мириц
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Грал-Мириц“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски) (англиски)
|

