Скопско кале

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Скопското Кале)
Скопско кале
Скопското кале
Карта
Општи податоци
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Еден од влезовите на калето
Поглед на калето во ноќните часови

Скопска тврдина Кале — тврдина сместена на високиот рид наречен Градиште, над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.

Историја[уреди | уреди извор]

Како највисока точка во градот, калето отсекогаш било ценето од месното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Најраните познати жители на местото живееле во неолитот и раното бронзено доба, 4.000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во византиско време (VI век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи подолу.

Заштита и обновување[уреди | уреди извор]

Заради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многупати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963, кружните и квадратните кули на тврдината биле заштитени и обновени.

Тврдината денес[уреди | уреди извор]

Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Тврдината нуди фантастичен поглед на градот како и можност да се дојде до Старата скопска чаршија од градот за неколку минути. Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави.

Археолошки ископувања[уреди | уреди извор]

Археолошките ископувања на Скопското кале започнале на 14 мај 2007 г. Големиот обем на истражувања (околу 300 ангажирани луѓе) и силно изложената поставеност на местото во самиот центар на Скопје предизвикува голема заинтересираност кај јавноста, туристите и медиумите.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]