Турбе на Исхак-бег

Турбе на Исхак-бег — турбе во Скопје коешто се наоѓа во непосредна близина на Саат-кулата, во близина на Султан-муратовата џамија. Во турбето е погребан вториот отомански управител на Скопје — Исхак-бег. Денес, објектот е обновен, а од првобитниот објект се сочувани само некои делови, меѓу кои и гробот на Исхак-бег. Турбето има статус на заштитено културно добро.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Се претпоставува дека турбето било изградено во средината на 15. век, а најверојатно било урнато со силниот земјотрес во 1555 и со пожарот во градот во 1689 година. Објектот бил изграден по завет на вториот управител на Скопје, Исхак-бег, којшто бил погребан во него по својата смрт. Во завештанието на Исхак-бег, меѓудругото, била вклучена и изградбата на Исхак-беговата џамија, којашто е сместена во околината. Денес, од турбето делумно се сочувани деловите на основата, заедно со гробот на Исхак-бег.[1]
Архитектура[уреди | уреди извор]
По својот облик, турбето претставувало градба со шестаголна основа, изградена од доста добро изработени заштитни камени блокови. Познато е дека било изградено во духот на исламската архитектура, но не е познато дали станувало збор за отворено или затворено турбе.[1]
Галерија на слики[уреди | уреди извор]
-
Гробот на Исхак-бег во внатрешноста на турбето
-
Надгробната плоча со натписот
-
Остатоци од првобитниот облик на турбето
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Турбе на Исхак-бег[мртва врска], Скопско наследство.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Турбе на Исхак-бег на Ризницата ?
|
|
Координати: 42°00′07″N 21°26′28″E / 42.00194° СГШ; 21.44111° ИГД