Прејди на содржината

Турбе на кралската ќерка

Координати: 42°0′3″N 21°27′5″E / 42.00083° СГШ; 21.45139° ИГД / 42.00083; 21.45139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Реконструираното турбе
Турбето пред разрушувањето

Турбе на кралската ќерка или турбе „Крал К’зи“турбе кое според едно толкување била гробница на ќерката на последниот босански крал Стефан, Катерина Котроманиќ, која како заробеник живеела кај Гази Иса-бег, што во превод значи „гробница на кралевата ќерка". Се наоѓа на источната падина на населбата Гази Баба, во непосредна близина на природно-математичкиот факултет. Турбето било во состав на познатите муслимански гробишта, коишто биле сместени на ова брдо[1]. Турбето било градено од камен и цигли. На квадратната основа биле четири столба со зашилени врвови, а покриено со купола на четири вода. Се претпоставува дека турбето било изградено кон крајот на XV или почетокот на XVI век[1]. Ова турбе го посетувале муслиманите, но и христијаните кај кои останала долга традиција дека станува збор за почитувана кралска ќерка.[2]

Турбето денес е целосно реконструирано во 2014 г.[3] согласно одлуката на Министерството за култура на Македонија од 2011 г.[4]

  1. 1,0 1,1 „турбе“. АОПЗ. Посетено на 2011-04-24.[мртва врска]
  2. Centralen zavod za zaštita na kulturno, Istoriski spomenici na NR Makedonija (1955). Kulturno-istorisko nasledstvo vo NR Makedonija.
  3. „Реконструирано Турбето на крал кзи“. Нова Македонија. 27 декември 2014. Посетено на 24 јануари 2016.
  4. „годишна програма за остварување на националниот интерес во културата во 2011 година“ (PDF). Министерство за Култура на Македонија. Посетено на 2011-04-24.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

42°0′3″N 21°27′5″E / 42.00083° СГШ; 21.45139° ИГД / 42.00083; 21.45139