Јигит-пашина џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јигит-пашина џамија
Основни податоци
МестоСкопје, Македонија
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотоманска
Завршен1445

Јигит-пашината џамија, позната и како Меддахова џамија, е историска џамија во Скопје, којашто се наоѓала на просторот на Старата скопска чаршија и во времето на нејзината изградба била најстарата џамија во Скопје и воопшто на Балканот. Се споменува дека била изградена во 1445 година од страна на отоманскиот освојувач на Скопје, Паша Јигит-бег, на местото на коешто се наоѓала црквата „Св. Врачи“. Џамијата била разрушена во 1943 г., за време на бомбардирањето на Скопје, при што останало само нејзиното минаре, коешто било срушено во земјотресот од 1963 година.[1]

Во дворот на џамијата се наоѓало турбе, во коешто бил погребан Паша Јигит-бег. Турбето било изградено во 1426 година и претставува претставник на раноцариградскиот стил на османлиската архитектура. По својот вид спаѓало во групата на отворени турбиња. Неговата основа била шестоаголна, а секоја од страните завршувала со прекршен лак. Од горната страна било покриено со купола, којашто била поставена над тамбур. Познато е дека било градено од малтер и тули, а секој од ѕидовите завршувал со запчест венец. Турбето било срушено и денес не постои, но остатоци од гроб сè уште се забележливи.[2] Во непосредна близина на гробот се наоѓал кладенец, од којшто, според верувањата, течела лековита вода. Во чест на Паша Јигит-бег, кој бил познат и како Меддах-баба, водата е позната како „Меддах-бабина вода“ и се смета дека станала лековита откако била посветена од негова страна. Покрај тоа, освен како „Јигит-пашина“, џамијата се споменува и како „Меддахова џамија“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]