Тутунсуз џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тутунсуз џамија
Стара разгледница на Скопје, со поглед од џамијата
Основни податоци
МестоСкопје, Македонија
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиска архитектура
Особености
Минариња1

Тутунсуз џамија (тур. Tütünsüz Camii) — џамија на падините на Гази Баба во Скопје. Таа според големината е една од помалите, но според естетскиот изглед и декоративните елементи е една од повпечатливите во градот. Од 2005 година припадниците на вехабитското учење, според ИВЗ ја презеле контролата на џамијата.[1][2]

Легенда[уреди | уреди извор]

Поглед кон Тутунсуз џамијата

Се претпоставува дека е изградена во XVII век. Во тоа време во Скопје постоел човек кој важел за најстрастен пушач во градот. Насекаде кај што одел, зад себе оставал траги од чад од тутун. Во еден миг, тој цврсто решил да го остави пушењето. Парите што требало да ги дава за тутун упорно ги штедел, и ја остварил големата цел — од заштедата си изградил џамија. Се смета дека се хранел скромно и секој ден купувал само по еден симит и погача. Самиот врв на минарето е исклучително впечатлив, се забележува многу оддалеку, изделувајќи се од околните објекти. Но, вистинско естетско мајсторство е прикажано при градењето на кружниот дел, на шерефето. Неговата масивност овозможила еден редок фриз од камени плочи, идеални за уметнички гравури. Во една од тие плочи била врежана слика од погача и од симит.

Долниот дел од шерефето е вистински вез во камен, каде што декоративноста е особено раскошна. Истражувачите велат дека иако се вршени интервенции по земјотресот од 1963 година, минарето е целосно зачувано, а тоа е градено од камен, тула и обработен камен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Горгевски, Бранко (29 март 2007). „Радикали окупираа две скопски џамии“. Дневник. Посетено на 2011-04-17.
  2. „Вахабитите се множат во џамиите - Ибрахим Шабани, скопски муфтија“. Утрински Весник. 4 август 2010. Посетено на 2011-04-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]