Џамија Араста

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џамија Араста
Arasta Mosque Skopje , Араста џамија 1.JPG
Поглед на џамијата и шадрванот
Основни податоци
Место Скопје, Македонија
Припадност ислам
Водство ИВЗ
Архитектонски опис
Архитектонски тип џамија
Архитектонски стил отомански
Завршен 2014
Особености
Куполи 1
Минариња 1

Џамија „Араста“џамија во Скопје, сместена на просторот меѓу Безистенот и Куршумли ан во Старата скопска чаршија. Џамијата е еден од првите позначајни објекти околу кој се создавала чаршијата. Денешниот облик го добила по нејзиното обновување коешто започнало во 2010 и завршило во 2014 година.

Име[уреди | уреди извор]

Името „Араста“ е име кое го добивале големите и важни чаршии во градовите, а покрај нив и големите и значајни џамии. Според тоа, се претпоставува дека џамијата го добила своето име по некогашната чаршија Араста која се наоѓала во Старата скопска чаршија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека џамијата за првпат била изградена во текот на 15. век, кога биле изградени најстарите џамии во Скопје. Најстарите податоци поврзани со џамијата се пронајдени во сиџил од 1699 година, во кој се наведува дека од завештанието на Паша Јигит-бег се исплатувал хатибот во џамијата со 8 акчиња на ден. Познато е дека џамијата била обновена во 18. век, а целосно била разрушена во земјотресот од 1963 година.[2] Во април 2010 година, Исламската Верска Заедница во Македонија започна со обновување на објектот, што од страна на Националниот конзерваториски центар на Македонија беше оспорено како незаконски и без дозвола.[3][4] Освен тоа, директорот на Националниот конзерваториски центар истакна дека со започнувањето на обновувањето е причинета голема штета и притоа се урнати и последните остатоци од некогашната градба.[5][6]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]