Бурмали џамија (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бурмали Џамија
Поглед на Бурмали Џамија
Основни податоци
МестоСкопје, Македонија
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотоманска
Особености
Куполи1
Минариња1

Бурмали Џамија (турски: Burmalı Cami) — некогашна џамија во Скопје, подигната врз темелите на некогашна црква од Мехмедбег Карли-заде во 1495 година на десната страна на реката Вардар, до Камениот мост[1].

Името Бурмали го добила по минарето, кое однадвор било изгравирано со шари во вид на спирала. Покриена со три коритести свода, а тремот бил пресводен со пет кубиња кои се потпирале на шест мермерни столба[2]. Срушена е во 1925 година, а на нејзино место бил изграден Офицерскиот дом.

Во последно време со актуализирањето на проектот Скопје 2014, некои невладини организации и Исламската верска заедница во Македонија го покренаа прашањето за возобновување на џамијата[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998
  2. Податоци за Бурмали џамија во Скопје, со посебен осврт на натписната плоча, столбовите, капителите и базисите, Музеј на Македонија, Археолошки, Етнолошки и Историски, Зборник нова серија, бр. 2, Скопје, 1996
  3. Јовановска, Мери (12 февруари 2010 14:21). „ИВЗ бара Бурмали Џамија да биде дел од „Скопје 2014". А1. Посетено на 2010-05-13. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)