Иса-бегова џамија (Скопје)
| Иса-бегова џамија | |
|---|---|
| Религија | |
| Припадност | ислам |
| Година на осветување | 1475 |
| Локација | |
| Локација | Скопје, Македонија |
![]() | |
| Архитектура | |
| Тип | џамија |
| Стил | Османлиска архитектура |
| Завршена во | 1475 |
| Минаре(иња) | 1 |
Иса-бегова џамија — џамија во Скопје, сместена на просторот северно од Султан-муратовата џамија и спроти пазариштето Бит-пазар. Според натписот кој се наоѓа над влезната врата, џамијата била изградена во 1475 година, како завештание на третиот отомански управител на Скопје, Иса-бег. Како и поголемиот број други градби во и околу чаршијата, Иса-беговата џамија претрпела големи оштетувања за време на земјотетсот во 1963 година, при што било срушено минарето. Подоцна, заедно со целата џамија, минарето било обновено.[1]

Градбата е претставник на раната цариградска архитектура и е градена по примерот на џамијата Рум Мехмед Паша во Истанбул. Изградена е од делкан бигор и хоризонтално наредени тули, при што фасадата во горниот дел завршува со дворедни венци. Основата на џамијата зафаќа површина од 19 m2 и е покриена со две големи куполи, кои пак се обложени со олово. Пред влезната врата од џамијата бил изграден трем, покриен со пет мали куполи и аркадни лакови. Во задниот дел се издига минарето, коешто е високо 34 m.[1] На западната страна од џамијата се наоѓа дрвена врата, која содржи резба со ориентални мотиви. Во нејзината внатрешност, пак, се наоѓа саркофагот на Хазнадорат, книговодител на Иса-бег, којшто е изработен од мермер, а неговиот гроб од ќерпич.[2]
Некогаш, во склоп на џамијата имало библиотека и медреса. Библиотеката броела повеќе од 320 различни ракописи. Според Глиша Елезовиќ,
„како по бројот на книгите, така и по нивната разновидност, оваа библиотека може да се вброи во редот на најголемите библиотеки на XV век.“[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Скопски чинар — чинар во дворот на Иса-беговата џамија, втор чинар по старост во Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Иса-бегова џамија[мртва врска], Проект „Стара скопска чаршија“.
- ↑ Cultural Monuments - Isa Bey Mosque[мртва врска], Skopje Online.
- ↑ Г. Елезовиќ: „Турски споменици у Скопљу XXX“, Гласник Српског Научног Друштва, кн. 7-8, бр. 3-4, Скопје, 1930., стр.167-168.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Предниот дел
- Внатрешноста на џамијата
- Гробишта во џамискиот двор
- Шадрванот
- Разгледница од Скопје, Иса-бегова џамија, од 1930-те година
| „Иса-бегова џамија (Скопје)“ на Ризницата ? |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
