Безистен (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скопски безистен
Ulaz u nekadašnji bezistan u Skoplju.JPG
Влезната порта на безистенот
Општи податоци
Град Скопје
Земја Македонија
Почната 15 век
19 век
Урната 1689

Безистенот во Скопје е објект сместен во внатрешноста на Старата скопска чаршија, веднаш над западниот влез од Сули ан. Безистенот бил изграден во текот на 15. век, но неколку пати низ историјата бил разрушуван, по што бил обновен на преминот од 19. во 20. век.

Историја[уреди | уреди извор]

Бил изграден во 15. век, во време кога со Скопје управувал Исхак-бег и набргу станал центар на трговијата во градот, околу кој се создавала чаршијата. Во текот на времето попримил повеќе функции, кои зависеле од големината и потребите на градот. Како последица на пожарот од 1689 г., безистенот бил целосно уништен. Од натписот што се наоѓа на поставената плоча на неговиот влез се дознава дека бил обновен дури во периодот од 1899 до 1900 година. Како негови повторни градители се споменуваат имињата на Хаџи Хусеин, Осман и Јашар-бег. Оттогаш, го зачувал својот облик до денес.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

За првобитниот изглед на објектот не постојат веродостојни податоци, иако тој се споменува во записите на повеќе патеписци, меѓу кои и на Евлија Челебија. Првите поконкретни податоци се добиени при реконструирањето на новиот безистен во 1964 и 1965 година, кога се откриени остатоци од ѕидовите на стариот безистен, неговите темели и од два столба. Според добиените сознанија, безистенот кој бил изграден во времето на Исхак-бег бил околу еден метар под нивото на денешниот безистен и имал ѕидови со дебелина од 2,6 m. Спаѓал во групата на засводени безистени, покриени со повеќе куполи.[1]

Во неговиот денешен облик, безистенот претставува камена градба со правоаголен објект, на која е забележително влијанието на западната архитектура. Содржи четири влеза, кои се распоредени во средишните делови на фасадите од сите четири страни. Внатрешноста се состои од систем на улички кои водат до двокатните дуќани, покриени со дрвореден покрив. Во него се наоѓаат и два изолирани двокатни објекта.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Безистен, Проект „Стара скопска чаршија“.

Литература[уреди | уреди извор]

  • А. Николовски, К. Балабанов, Д. Ѓорнаков, „Безистен“, Споменици на културата во Македонија, Скопје 1980, стр. 66.
  • E. H. Ayverdi, Avrupa’da Osmanlı Mimari Eserleri - Yugoslavya, III. Cild, 3.Kitab, İstanbul 1981, стр. 296.
  • Лидија Кумбараџи-Богоевиќ: „Османлиски споменици во Скопје“, Скопје, 1998.
  • M. Özer, Üsküp’te Türk Mimarisi (XIV-XIX y.y), Atatürk Kültür Dil ve Tarih Yüksek Kurumu, Ankara 2006.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]