Џамија Хаџи Балабан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џамија Хаџи Балабан
Џамија Хаџи Балабан во Скопје.jpg
Џамија Хаџи Балабан
Основни податоци
МестоСкопје, Македонија
ПрипадностИслам
Духовно-организациски статусзаштитено културно добро
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилОсманлиска архитектура
Завршен15. век
Особености
Минариња1

Џамијата Хаџи Балабан е џамија во Скопје, којашто се наоѓа на просторот меѓу Куршумли ан и џамијата Дуќанџик на периферијата на Старата скопска чаршија. Се претпоставува дека била изградена во текот на 15. век, при што на натписот на влезната порта се споменува 1440 година. Денес, џамијата е сочувана во добра состојба, но во изменет облик, што се должи на бројните промени коишто ги претрпела по оштетувањата низ историјата.[1]

Покривот на џамијата е со четириаголен облик и е изработен од ќерамиди, а под него е сместен и тремот од градбата, кого го сочинуваат два мермерни столба со украси на капителите и базисите и посочуваат на тоа дека тремот бил сводно покриен. Во внатрешноста на објектот се пронајдени остатоци од сводна конструкција, кои наведуваат дека над молитвениот простор се наоѓала купола. Минарето е високо и има многуаголен облик, а со својата автентичност се одликува во горниот дел.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Хаџи Балабан џамија, Скопско наследство.