Турбе на Бикиј Хан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Турбе на Бикиј Хан
Saat Kula-Sultan Muratova Dzamija -Skopje (79).JPG
Поглед на турбето
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типтурбе
Стилосманлиски
ГрадСкопје
Земја Македонија
Завршена1556 - 1557

Турбе на Бикиј Ханосманлиска гробница (турбе) во Чаир, Скопје.[1] Прогласено е за културно наследство на Македонија како дел од комплексот на Султан-муратовата џамија во кој се наоѓа.

Изградено е во 964 година од хиџрата (= 1556 - 1557 од Христа) според натписот на влезот. Ова е градба од типот на затворени турбиња со квадратна основа и купола со тромпи. Изградено е од наизменични редови камен и тула, што ја збогатува фасадата. На аглите на тромпите има скулптурни украси од правоаголници. Внатрешноста била украсена со растителни орнаменти, од кои се останати само фрагменти.

Во турбето има пет гроба без натписи. Ова е најголемото зачувано турбе во земјата и околу него и соседното Турбе на Али-паша од Дагестан има гробишта со мноштво стари надгробни плочи.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 63. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]