Прејди на содржината

Спомен-куќа на НОБ (Севастополска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на ул. „Севастополска“ бр. 5
Културно добро на Македонија
Адресаул. „Севастополска“ бр. 5 (порано)
ул. „Кумбара“ (денес)
МесностДуќанџик
ОпштинаЧаир
Број[1]
Запис на НИСКН
Спомен-куќа меморијален музеј на НОБ
Спомен-куќа на НОБ
Основан1975
МестоСкопје, Македонија
Типмеморијален музеј

Спомен куќа – меморијален музеј на НОБ, се наоѓа на улица „Севастополска“ број 5, Дуќанџик, Скопје. Куќата се наоѓала на десниот брег од реката Серава, и била многу оштетена по катастрофалниот земјотрес во Скопје, а потоа била обновена. Во 1975 година, во неа била отворена музејска поставка со експонати кои сведочат за настаните од НОВ во Македонија.[1] Градбата е заведена како културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Севастополска“ бр. 5.[2]

Историска позадина

[уреди | уреди извор]

По започнувањето на вооруженото востание во Македонија во 1941 година, покраинското раководство на партијата преземала мерки да се обезбедат услови за работа на партиското и военото раководство. Во Скопје постоеле неколку куќи и станови во кои се чувала партиска документација, се вршеле средби и состаноци, и слично. Кон крајот на 1941 и почетокот на 1942 година, оваа куќа е одбрана како сигурна, бидејќи ги задоволувала условите за илегална работа. Семејството на Гиго Михајловски се вселило во куќата во почеток на 1942 година, и сè до јуни 1944 година, оваа куќа била место за состаноци на партизанските и воените раководители.

Во куќата и во дворот биле изградени скривници за илегалци и за партиски материјали, а техниката била сместена во визбата. И пералната била претворена во скривница, исто така, под двојното дно се криеле материјали.[1]

  1. 1,0 1,1 Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 34
  2. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 20 септември 2022.