Прејди на содржината

Турбе на Мустафа-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Турбе на Мустафа-паша
Поглед на турбето
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видтурбе
Стилраноосманлиски
ГрадСкопје
Земја Македонија
Завршена1519

Турбе на Мустафа-пашаосманлиска гробница (турбе) во Скопје, почивалиште на војсководецот Чобан Мустафа-паша.[1][2]

Турбето е сместено во комплексот на Мустафа-пашината џамија, и заедно се прогласени за културно наследство на Македонија. Изградено е во 925 година по хиџрата (= 1519 по Христа).[1] Во архитектурнски поглед му припаѓа на типот на затворени турбиња со купола врз тесен осумаголен тамбур, кој одвнатре е кружен. Има шестаголна оснјова и отвори од сите страни. Саркофагот на Мустафа-паша во турбето е украсен со растителни орнаменти во плиток релјеф. Надворешноста е забележителна по тоа што е обликувана со бели мермерни плочи, а профилација има само околу вратата и прозорците.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 58. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04.
  2. „Турбето на Мустафа паша“. Старата скопска чаршија. Посетено на 21 ноември 2017.
  3. Pavlov, Zoran, Radmila Petkova (2008). Ottoman Monuments (PDF). Skopje: Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia. стр. 59. ISBN 978-608-4549-03-01 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]