Јахја-пашина џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јахја-пашина џамија
Јахја-паша.jpg
Основни податоци
Место Скопје, Македонија
Припадност Ислам
Осветен 1504
Архитектонски опис
Архитектонски тип џамија
Особености
Минариња 1

Јахја-пашина џамија е муслимански храм кој се наоѓа во Скопје, Македонија. Врз основа на сочувани документи џамијата била изградена во 1504 година од Јахја-паша во Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

Земјотресот во Скопје од 1963 година

Во периодот на своето постоење таа била на неколку пати реновирена и реконструирена. Кон крајот на 19 век и 20 век, џамијата на два пати била погодена од гром, кој предизвикал оштетување кај објектот. Во 1915 година, за време на Првата светска војна, Германците просторот на џамијата го користеле за артилериска работилница, така што по завршувањето на Првата светска војна повторно била приспособена за вршење на верски обреди.

Опис[уреди | уреди извор]

Над едноставната внатрешна квадратна форма, се издига висока калота разделена ребрасто. Ѕидовите се обложени со мермерни плочи, а внатрешниот естетски впечаток е збогатен со мермерната украсна оплата на мимбарот и михработ, со прецизно изработенитее сталактитни украси. Порталот е украсен со полирани мермерни плочи, а над вратата се наоѓаат сталактитни висулки, симетрично распоредени. Влезната врата изработена од ореово дрво, копаничарски е обработена. Лево и десно од порталот, вѕидани се два михраба, кои во летните месеци биле користени за вршење на верски обреди. Елегантниот трем на западната страна се држи на високи мермерни столбови, кои во својот горен дел завршуваат со капители и шилести лакови што помага да се добие впечаток на монументалност на оваа џамија.

Минарето на Јахја-пашината џамија е високо 50 метри, и се смета за највисоко меѓу скопските минариња на другите џамии. На врвот на минарето се наоѓа, од злато изработена полумесечина и ѕвезда, а Шерифетот е изработен со декоративни елементи и сталактити поставени во неговото подножје.