Вилаетски конак „Уќумат“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зградата на Уќуматот

Вилаетскиот конак „Уќумат“ — поранешна административна зграда и споменик на културата во Скопје. Се наоѓа во северниот дел од Старата скопска чаршија, веднаш до зградата на Старата турска пошта и во непосредна близина на Мустафа-пашината џамија. Изграден е кон крајот на XIX век и во него била сместена највисоката вилаетска управа, откако во 1888 година, во Скопје било преместено седиштето на Косовскиот вилает од Приштина и во градот останало сè до 1912 година. Во тој период, од уметничко-занаетчиското училиште „Ислахана“ била преместена и печатницата на косовскиот вилает, која била сместена во посебно утврдени простории од конакот. Објектот претрпел сериозни оштетувања во земјотресот од 1963 година, по којшто бил реконструиран и денес служи за деловна цели. Градбата е изградена во духот на исламската архитектура. Нејзината основа е во облик на правоаголник, а се состои од приземје и кат.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вилаетски конак „Уќумат“, Скопско наследство.


Координати: 42°0′5″N 21°26′5″E / 42.00139° СГШ; 21.43472° ИГД / 42.00139; 21.43472