Џамија Худаверди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џамија Худаверди
Основни податоци
МестоСкопје, Македонија
ПрипадностИслам
Духовно-организациски статусзаштитено културно добро
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилОсманлиска архитектура
Завршенкрај на 15. или почеток на 16. век
Особености
Минариња1

Џамијата Худаверди е џамија во Скопје, сместена на потегот меѓу Куршумли ан и пазариштето Бит-пазар во Старата скопска чаршија. Се претпоставува дека е изградена кон крајот на 15. и почетокот на 16. век, а низ историјата била повеќе пати уривана по што била обновувана. За последен пат е обновена во 1995 година по штетите настанати од земјотресот во 1963 година.[1][2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата била изградена во исламски стил, со примена на градежна техника од редење на тули и малтер, што денес е забележливо на минарето и на некои од останатите зачувани делови. Во својот првобитен изглед, објектот имал купола која била поставена над тамбур со шестоаголна основа, а преминот од квадратниот во кружниот простор бил овозможен со помош на пандантифи. На краевите се наоѓале два многуаголни мермерни столба, украсени со пластика, кои служеле како потпора на сводната конструкција на тремот. Влезната порта на џамијата се наоѓа во средишниот дел од северниот ѕид и е сместена во мермерна рамка со мермерно изведен лак. Од двете страни на портата се наоѓа по еден прозорец, окружен со мермерна рамка и покриен со железни решетки, а од вантрешната страна се сочувани и дрвените крила од прозорците со метални украсни елементи. Првобитниот изглед на минарето не е познат, а истото било обновено во текот на 2012 година. Во долниот дел е со правоаголна основа, а преминот во кружното стебло е украсно изведен.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Худаверди џамија, staracarsija.mk.
  2. 2,0 2,1 Џамија Худаверди, Скопско наследство.