Алипашина џамија (Охрид)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џамија Али Паша (Охрид))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џамија Али Паша
Xhamia e Ali Pashës në Ohër 1.jpg
Основни податоци
МестоОхрид, Македонија
Припадностсунитски ислам
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоОхридско муфтиство
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Завршен15 век
Особености
Должина15м
Ширина15м
Куполи1
Минариња1
Материјаликамен

Џамијата Али Паша е муслимански храм кој се наоѓа во Охрид, Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Житниот пазар и џамијата во 1930-те

Али паша џамија е сместена во Старата охридска чаршија. За годината на нејзината изградба и за нејзиниот ктитор не постојат точни податоци. Според една вакуфнама која датира од 1491 година и во која се споменуваат сарај и вакафи кои му припаѓаат на Али паша се смета дека имало и џамија која го носела неговото име.[1]

Според архитектонските карактеристики и едноставноста на формите, џамијата била изградена кон крајот на 15 или почетокот на 16 век. Во составот на џамијата во 1823 година била подигната и медреса која денес не постои.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Основата на Али пашина џамија е во форма на квадрат со димензии 15х15 метри над која се издига осмоаголен тамбур а над него уште еден дванаесетостран тамбур засведен со плитка купола. Преодното решение во внатрешноста на џамијата е решено со помош на тромпи. Сите страни од харимот непрекидно водат кон единствената точка на кубето што ја симболизира единственоста на Алах, доста тесните отвори на прозорите се карактеристика на локалната градба што говори дека нејзиниот неимар е веројатно од Охрид. Првобитниот трем не е сочуван но следејќи ги аналогиите со слични објекти во овој период може да се претпостави дека бил од типот на отворен трм со три мали куполи (веројатно сличен на денешниот).

Внатрешноста на џамијата се одликува со единство на просторот, едноставност на формите и доминација на волуменот. Михработ, сместен на југоисточниот ѕид е со еднставна форма – вдлабен во ѕидот, без декоративни елементи и врамен во плитко профилирана рамка. Минберот е изработен од камен и на него се појавуват единствените декоративни елементи во целиот внатрешен простор. На горниот дел од минбарот изведени се во плиток рељеф розети и мотивот на чемпрес (кипарис), кој всушност претставува стара и универзална слика со погребна симболика, и истиот може да се смета за типичен мотив од народниот фолклор од крајот на 18 и почетокот на 19 век[2].

По целата должина на југозападната страна е сместен махвилот кој на свој начин го смирува волуменот во внатрешноста. Остатоците од минарето се наоѓаат до јужната страна од џамијата. Тоа е урнато во 1912 година и до денес не е обновено. Според димензиите на неговата основа станува збор за минаре кое со својата височина и елегантност доминирало во овој дел од охридската чаршија. Градено е од тула и во него се влегувало и од тремот но и од махвалот во џамијата.

Она што е особено интересно е податокот за постоење на уште едно минаре во западниот дел од џамијата. На овој податок наведува во својот „Патепис“ Евлија Челебија кој пренесува дека во Охрид постоела џамија со две минариња. Џамијата првобитно имала едно минаре, а подоцна султанот Бајазит II (1481 – 1512) наредил да се подигне уште едно. Можното постоење на уште едно минаре го потврдуваат и трагите од постоење на влез на тој дел од џамијата. Доколку ова се прифати, во тој случај Али Пашина џамија е една од ретките џамии со две минариња подигнат на Балканот.

Али Пашината џамија е градена од камен и печена цигла и е меѓу првите џамии која е изградена во Македонија. Целиот харим на џамијата нема никакви форми кои би ја нарушиле неговата целина, доколку се прифати нашата претпоставка, е една од ретките џамии со две минариња на Балканот[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.ohrid.com.mk/makedonski/heritage/heritage.asp?ID=409
  2. „Османлиски споменици“,Зоран Павлов (2008), стр. 35.
  3. http://niskn.gov.mk/Detail.aspx?kdID=621