Зграда на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зграда на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
НУБСК-Поглед.jpg
Изглед на зградата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
Општи податоци
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати41°59′52.6″N 21°26′22.4″E / 41.997944° СГШ; 21.439556° ИГД / 41.997944; 21.439556Координати: 41°59′52.6″N 21°26′22.4″E / 41.997944° СГШ; 21.439556° ИГД / 41.997944; 21.439556
Почната1971
Завршена2009
Проектирање и изградба
АрхитектПетар Муличковски

Зграда на националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“библиотечна зграда во Скопје. Зградата била свечено отворена на 27 декември 1971 година[1]. Прогласена за споменик на културата[2].

Опис[уреди | уреди извор]

Зградата е изградена во 1971 година специјално за Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски. Се наоѓа во центарот на Скопје на улицата „Гоце Делчев“ бр. 6. Објектот е пример на решение на библиотечен простор во посебни кубуси со скелет од армиран бетон и обликувани со тремови и чардаци. Се состои од По+П+1 и има корисна површина од околу 10.000 м2, со депоа и конзерваторска лабораторија (подрум), хол за промоции и изложби, работни простории (приземје), оддели и читални (кат) [2].

Во 2009 година е изградена нова зграда поврзана со старата, која се состои од сутерен, приземје и два ката и има површина од околу 3.000 м2.

Состојба[уреди | уреди извор]

Состојбата на објектот е добра.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Времеплов", Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 31.
  2. 2,0 2,1 „НУ - Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски““. конс. 2017-12-08.