Стара градска куќа (Скопје)
| Куќа на Стружанови | |
|---|---|
Поглед на куќата | |
![]() | |
| Општи податоци | |
| Статус | споменик на културата |
| Вид | куќа |
| Стил | староградски |
| Адреса | ул. „Пајко Маало“ бр. 14 |
| Град | Скопје |
| Земја | |
| Завршена | 1836 |
| Технички податоци | |
| Катови | 2-3 |
Стара градска куќа — стара куќа во Скопје, редок пример за скопската народна архитектура од XIX век. Претставува една од најстарите зачувани куќи во градот и прогласена е за значајно културно наследство на Македонија. Во неа е сместен национален ресторан со истото име.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Куќата се наоѓа на улица „Пајко Маало“ бр. 14 во истоименото Пајко Маало во градскиот центар, спроти Македонската опера и балет.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Градбата е подигната во 1836 година, а во 2000 г. е реновирана.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Во архитектонски поглед, ова е едносемејна традиционална куќа со двор. Градена е во лесна бондручна конструкција (дрвен скелет со полнетица од плитар), поставена врз масивни камени ѕидови. Станбените простории се на три нивоа. Двете главни нивоа имаат ист распоред на простории, а разлики има во просториите за поврзување — тремот на приземјето, застаклен чардак со платформа на катот и отворен чардак, исто така на катот.[2]
Внатрешноста е впечатлива. Просториите се светли и пространи, опремени со долапи, миндери и дивани (вградена гарнитура), со малку подвижен мебел и богато украсени тавани и мноштво резбани детаљи.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- 1 2 3 4 „Стара куќа – Скопје / 1836 год“. Македонска АРХитектура. Занемарен непознатиот параметар
|уеб_адрес=(help); Отсутно или празно|url=(help);|access-date=бара|url=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Стара градска куќа (Скопје) на Ризницата ?- Страница на ресторанот Архивирано на 23 февруари 2022 г. (англиски)
